Search This Blog

Saturday, October 04, 2008

Референдум за името ... бега ли од одговорност политичката елита ...

Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.

читај повеќе »

Во Македонија референдумот е уставна категорија преку членот 73 од уставот на Република Македонија. Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

  • Референдум 1991 ... Референдумот за независност ... Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија? ...
  • Референдум 2004 ... Законот за референдум и граѓанска иницијатива објавен во Службен весник на РМ бр. 24/98, а по барање на 180.545 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на 7 ноември 2004. ...

    Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?

    Иницијатор за собирање на потписите беше Светскиот македонски конгрес.

Досега во историјата на РМ на двапати е органициран референдум ... првиот успешен ... вториот неуспешен ... Овојпат се спреме трет во врска со нашето име ... се очекува референдум и за приемот во НАТО ... е да, да не го забораваме референдумот на албанците кој беше организиран заради одцепување на Македонија на деловите каде живеат мнозинство албанци ...

Од почетокот на написот се гледа дека инсистирањето на референдум за вакво прашање е сосема легално и легитимно ... но, ако нема но се би било во ред ... за ова малку повеќе пишував во написот - На референдум ... со референдум ... јавно прашање до ВМРО-ДПМНЕ ...

Втувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека за името ке одлучува народот ... на референдум ... значи одкако тие како партија ке се сложат за некаков компромис за името ке биде прашан народот (ако како партија не се сложуваат со промена на името нема ни да преговараат ...)... секако ова е легитимно ... но прашањето е дали е корисно ... од два аспекта ...

  • скоро сум сигурен дека народот во РМ ке се изјасни против промена на името које ке повлекува промена на идентитетот ... па дури и било каква промена на името нема да ја прифатат ... (има и второ сценарио/предпоствка ...)
  • мене ме мачи друга предпоставка ... најпрво грците рекоа дека нема да преговараат/подпишуваат за било какво име додека не се спроведе референдумот во РМ ... и втората можност што ја имаат грците е да одговорат со иста мера - да спроведат истотака легитимен референдум во Грција дали граѓаните на Грција ке се сложат со онакво име кое ние ке го прифатиме на референдум ... скоро сум 102,3 посто сигурен (по статистичката методологијата на Амди Бајрам ... ) дека било какво име што содржи збор Македонија во себе нема да помине кај грчкиот народ ...

Оно што сакам да прашам со овој пост е - дали владеачката партија има варијанта на ваков развој на случувањата ... како ке се реагира на тоа ако и грците инсистираат на реферндум за нашето име ... легално/легитимно ке биде на референдум да се одговори со референдум ...

Одтаму произлегува дека организирање на референдум не е решение за спорот ... ако тоа е така ... тогаш фер е ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе - како ке го решава проблемот со блокадите на приемот на Македонија во НАТО и осдобено ЕУ ... Тоа мене ми изгледа како многу долго, скоро вечно одлагање на приемот во НАТО и ЕУ ... а нели главните цели се токму НАТО и ЕУ ...

Постови со поврзана содржина беа и:

  • Груевски: анти-државно однесување на опозицијата ... МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ!!! ... ПРЕРОДБАТА ПРОДОЛЖУВА!!!
  • За името по изборите ...
  • Груевски ... Шекеринска ... околу референдумот за името ... “...ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи какво било решение и каков било компромис за спорот што го наметна Грција, да бидат прифатени од страна на поединци политичари, влада или парламентот, без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум, и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи со тоа решение. ...“ .... “...Груевски во Букурешт замина со променето име и кажа „да“ на променетото име, а се врати и без покана за членство во НАТО. Сега за да ја покрие својата грешка, за да не зборуваме за тоа, тој ни зборува за референдум, заради тоа што калкулираше партиски, политички, приватно, затоа сега референдумот го извади на маса. Прашањето е што досега договорил Груевски, изјави Шеќеринска. ...“ ...
  • За Референдумот ... околу името ...

    Зошто Груевски сака референдум за името а опозицијата е против ... сосе партите на албанскиот блог ...

    Власта која е во овој момент носи голема одговорност пред себе за било каков потег ... Ако го смени името ке биде окарактеризирана како предавник на народот и на избори ке изгуби катастрофално ... би ги спасило само осетно подобрувањето на стандардот и зголемувањето на вработувањето ... Ако пак не прифати ке ја обвинат дека не знаела да ја искористи шансата (историската шанса ...) да се реши проблемот на изилација на Македонија со влегувањето во НАТО и ЕУ ...

    Опозицијата пак несака да има референдум за името ... за да може одлуката на власта да ја напаѓа на избори ... или како предавници ... или како неискористена шанса ... А албанците се посебна приказна .. тие не сакаат да се решава статусот на Македонија ... сакаат да ловат во матно и еден ден да си прогласат своја “Илирида“ пандан на Косово ... и т.н.

    Мислам дека Грција нема да прифати ниеден од предлозите - кои се колку толку прифатливи за Македонија (не менување на уставното име ... туку менувањето на ФИРОМ ...)... а власта во никој случај нема да се согласи за име кое би го загрозувало националниот идетитет ... барем оваа Влада нема да попушти ... СДСМ попушти на времето на настанувањето на ФИРОМ ... тогаш имаа скоро две третинска подршка ...

    Ако требало да се попушта за името требаше тоа во старт да се направи ... Политичариите треба да знаат и да умеат ... да антиципираат ... а не сега да мудруваат од сенка на опозицијата ...

  • Груевски е повторно на тезата дека за името треба да го праша народот ... Груевки свесен дека од позиција на власт е на голема политича одговорност во врска со прашањето на нашето име ... Тој е на позиција дека не треба да попуштаме ... ако со тоа се губи идентитетот ... притиснат од Америте сака да се оправда преку Референдум на кој ке го праша народот ... Америте и другата Меѓународна ... не го сакаат тоа (тезата повторно е за некои прашања не треба да се прашува народот ...)... и со ова Груевски ризикува да ја изгуби нивната подршка ... а без нив политичката кариера на секој наш политичар е рамна на нула ...
  • НАТО го даваме името не го даваме ... Ирелевантноста на проблемот со името ... НАТО го даваме името не го даваме ... ова е одговорот на сите помеѓу овие два избора ...
  • За црвеноата линија околу името ...
  • Груевски им се налути на новинарите - за “добриот предлог“ за името ...
  • Што ке ни фали - да се прогласиме Монархија ...
  • Преговорите за името - вруќ костен на МК врвни политичари ... епизода Њујорк ... Решавањето на спорот со името е вруќ костен од кого како попарени бегаат сите наши политичари кои се на власт ... Проблемот се направи а преговорите/разговорите беа повеќе формални, одколку со вистинска намера да се решат ... Околу името на Тупурковски му беше подметнувано кукавичко јајце - дека нешто шурувал без дозвола на председателот Глигоров ... СДСМ цврсто се залагаше владата на Груевски во минатиот мандат да го реши проблемот, за тој да биде споменуван дека во негово време Македонија го променила името ... Не е тајна дека има разлики во пристапот на решавањето на проблемот за спорот со името меѓу Груевски (кој има платформа во програмата) и Црвенковски кој сака да ја искористи климата на наклонетост на Буш и неговата администрација за спорот со името ... брзо решавање на спорот ...
  • Чиво е “детето“ Македонија ...
  • Интресни излагања околу референдумот и одговорноста на политичарите дава Мерсел Биљали - во неговата денешна колумна во Утрински - Скршени 'рбети! ... Логиката - проблемот да се реши од други, а јас да глумам загрижен водач и да не ми фали ништо - ја нема ни кај најпримитивните племиња. Таму се знае улогата на главатарот. Сосема е јасно дека некој ја посакува само голата власт и привилегиите од неа, но не и одговорноста. Премиерот, кој цело време на јавноста и' ја полнеше главата дека нема да има никакво отстапување од ставот за името на државата, широкоградо се определи да чека тоа горливо прашање да му го реши „граѓанинот“ Црвенковски во Њујорк. Ако веќе не му го признава легитимитетот како институција, не би требало од него да очекува да му го реши или олесни проблемот. ... Ние имаме само две опции. Првата е евроатлантската, која ако сега добро се ефектуира, можеме до влеземе во НАТО, да ни се укинат визите, набрзо да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, да имаме сериозни странски инвестиции, вработувања итн. Другата опција е изолацијата, сиромаштијата и се' што оди со тоа. Времето не ни е повеќе сојузник. Сосема малку време имаме за мудри и храбри одлуки. Тацит вели: „Првиот чекор кон мудроста е напуштање на страста за слава“. ...

2 comments:

Anonymous said...

Pisuvanjeto ti e batka ispod sekoe nivo,edino ako si na stranata na ovie dvajcava lepotani od sds(?)taka moze nekakio covek da te razbere.Pa kako li samo mozes da ja spomenes kolumnata na onoj "politicarot" Biljalji,pa covecer na site im e jasno deka siptarite ama bas k.r ne gi boli za imeto nase makedonsko,taka da komentarot na bilo koj siptar e izlisen ili pak sporeduvanjeto so takanareceniot siptarski referendum za otcepuvanje na zap. Makedonija so ovoj sto go navestuva Gruevski,toa e cista glupost samo gluperda moze da gi spored,razlikata e u picku materinu,ili pak kritikata do Gruevski deka demek i po site odbivanje eve prifatil nekoja promena,demek i toj e izdajnik,Gruevski e staven na mengeme od megjunarodnata zaednica,plus od ovie kopilinjata od sds(M) koi se spremni na bukvalno sve,taka da batkata ne e tolku glup ke prifati nekoja promena so toa sto narodot ke ja odbie(da se nadevame) taa promena......a toa sto sme staveni do svrsen cin ne e vina na Nikola ili na nekoj drug,vinata e kaj EU i toa ebano NATO.Zaclenuvanjeto vo NATO ne enikakva garancija,primer Grcija i Turcija dvajcata se vo nego a na ratna noga se so decenii,pa nie sme opkruzeni so NATO,site nasi sosedi se vo nego ili na cekor do nego,taka da insistiranjeto na EU i toa ebano NATO e samo zaplasuvanje,demek moze ke ve snema,sijam ti ga Gjuro taka se vika toa,za nas se naj,naj bitni ekonomskiot razvitok so site promeni sto sleduvaat so nego i tocka.Prekinete so perenje na pametot na lugjevo,dajte malku dostoinstvo,lice,obraz....

GoodBytes said...

1. „организирање на референдум не е решение за спорот“

На превремените избори Груевски излезе со таа точка вклучена во предизборната програма. Мнозинството ГЛАСАШЕ за таа опција, односо ЗА да има референдум за евентуална промена. Ова се вика демократија, а таа треба да се практикува и кога одлуките се тешки, инаку губи смисла.

2. „СДСМ попушти на времето на настанувањето на ФИРОМ ... тогаш имаа скоро две третинска подршка“

Никој од СДСМ не побара, а уште помалку да доби поддршка од гласачкото тело за привремената референца во ОН. Ние бевме изиграни, изманипулирани во 1993 токму заради неспособните или корумпирани луѓе кои тогаш беа на чело на државата и кои вешто го заташкаа значењето на нивната одлука (фабрика, комуњарски инсталации, спин доктори). Јас за тоа никогаш нема да им простам, на пример.

3. „Црвенковски кој сака да ја искористи климата на наклонетост на Буш и неговата администрација за спорот со името ... брзо решавање на спорот“

Немам впечаток дека БЦ сака да искористи било што освен ако не се работи можност за приграбување власт. Не можам да се сетам на ниедна ДОБРА работа која тој човек ја направил за државава. Од друга страна, имам полн куфер со негови лоши потези, гафови и бламажи. Јас не би го третирал како фактор ова лице.

Blog Archive

Site Meter