Го следев завршниот дел од јавната седница на Владата на РМ ... го фатив делот од после полноќ до крајот до 2 и триесет ... Владата чинам има седници еднаш неделно ... веројатно стално има како и сега по повеќе од педесетина точки ... при крајот сите како да имаа црвени очи и умор на лицето ...
Кога некој сака се да има во свои раце до најситен детал, тоа значи мачење на учесниците ... Владата како најголема “фирма“ во РМ ... неможе да се носи со реализацијата на скоро 40 проценти од националниот доход ... Милион тендери, проекти и слично се секојденевие на Владата ... таа се бави и со локалните проблеми на луѓето каде реално треба работата да се одстапи на локалната самоуправа ...
Груевски изгледа не слушнал за зборот децентрализација ... спроведува целосна централизација на власта ... останатите управи се само фигури и декор ... огинот на работата е во рацете на владата ...
Можеби звучи симпатично да ги видиме Премиерот и Министрите како се отепуват од работа ... се трудат да завршат што повеќе ... но дали е тоа исправно ... Премиерот ги испрашува министрите, помошниците министри, директорите на јавните претпријатија - како во школо да раскажат што сработиле ... им задава темпо како да се работи за живот и смрт ...
Дали така треба, мислам не ... тоа е деталистички и централистички пристап ... Премиерот ја води Македонија како да е тоа една компанија во која работат сите административци ... над сто иљади луѓе ... тој изгубил секакво доверие дека Министрите можат сами да одработуваат тоа што им е доверено ... Тоа и не е најголемиот проблем ... Најголемиот проблем е во огромната централизација на буџетот во рацете на државата, пред се во Владата ... огромниот буџетот се јавува како кочница на развојот на општеството ... апсурдно но вистинито ... што фајде од полниот буџет во државата кога граѓаните се се` посиромашни ...
Локалната самоуправа мора да го земе делот од колачот на буџетот и со него самостојно да располага, остварувајки го локалниот интерес на граѓаните ... Владата бидејки има стално вишоци во буџетот мора да ги намалува изворните приходи преку намалувањето на даноците ... Убаво е да градиме музеи и да имаме обемни архео истражувања ... но греота е такви работи да се градат во услови кога поголемиот дел од граѓаните се во голема сиромаштија ... пред се во невработеност ...
No comments:
Post a Comment