Search This Blog

Sunday, October 26, 2008

Св. Димитрија - Скопје ...

http://www.skopjeodspomeni.com.mk/fotosi/23/t6506_48.jpg

Црквата Св.Димитрија - Скопје за мене има посебно значение ... во неа пред земјотресот 1962 год. првпат поминав под маса и оставив црвено јајце се разбира за Велигден ...

читај повеќе »

Во последните години се има изгубено сјајот на Св.Димитрија - Скопје ... особено по изградбата на Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје, каде се пребацува седиштето на Архиепископијата ... деновиве е популарна по проблемите на оние кои одат на служба во црквата Св. Димитрија, бидејки се постави рампа на единствената пристапна улица ... да, позната е и по панихидите кои секоја година во оваа црква се организираат во чест на Мара Бунева ...

http://www.pirografija.com/gal_pic/cat_sliki/golemi_sliki/i_sv_dimitrija.jpg

  • На десната страна на реката Вардар, под скопската тврдина Кале, со векови им одолева на сите историски збиднувања и катастрофи храмот посветен на Св. Великомаченик Димитрија. Од натписот над влезната врата дознаваме дека на ова место уште во XVI век бил подигнат храм, а овој е изграден и осветен во 1896 година.

    Во почетокот на XVIII век, односно во 1727 година, Св. Димитрија се споменува како катедрална црква, а во XIX век во неа е сместена Скопската митрополија.

    Црквата Св. Димитрија е тробродна црква со апсида и купола. Низ историјата на нејзиното повеќевековно постоење, црквата неколку пати е реновирана: во 1835 година и во 1864 година, во 1886 и во 1894 година, а во 1896 година е проширена и го добила денешниот изглед од познатиот велешки мајстор Даме, син на Андреа Дамјанов. Новиот живопис, иконописот на дрвениот иконостас и царските двери ги изработил познатиот зограф Димитрија Андонов Папрадишки. Во 1907/8 година е изградена нејзината камбанарија.

    По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, зографисувањето го извршил зографот Крсте Колоски во периодот од 1963 до 1973 година. Стилските и уметничките вредности на зографската реализација во храмот се со скромен дострел. Зографот, во рамките на своите можности, се трудел во однос на сликарската постапка да ја следи поствизантиската традиција на живописувањето.

  • Скопската епархија, по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, се нашла под директна јурисдикција на грчката Цариградска патријаршија. Во Скопје епархиските архиереи главно биле од грчко потекло, но, сепак, хеленизмот имал слаби позиции. Седиштето на Скопската митрополија се наоѓало во црквата Св. Димитрија. Скопската епархија по 1872 година се нашла во границите на Бугарската егзархија. Дејствувањето на Патријаршијата и на Егзархијата во градот довела до подвоеност на македонските верници и до црковни борби во градот во 1890 кои траеле до 1897 година. Во 1890 година во Скопје доаѓа новоназначениот егзархиски митрополит Теодосиј Гологанов од македонско потекло. Тој ги употребил сите свои сили да го обедини македонскиот народ и повел борба против грчката, српската и бугарската пропаганда, а дури бил подготвен да прифати и унијатство со Ватикан, со цел да ја обнови Охридската архиепископија. Бугарската егзархија на сила го одвела во Цариград во 1892 година кога му бил одземен чинот митрополит Скопски.
  • Св. Димитрија е една од ретките објекти кој го избегнал палежот на Пиколомини 25 октомври 1689 ... Стравотниот пожар што на 25 октомври 1689 година го предизвикала австриската војска под водство на генерал Пиколомини, насилно го прекинал молскавичниот процут на градот. Останале само градбите од камен, Калето, неколку џамии, црквите „Свети Димитрија“ и „Свети Спас“ и големиот Карван-Сарај.
  • Во близината на Камениот мост, на левата страна на реката Вардар, во Еврејското маало се наоѓала црквата “Свети Димитрија”. Црквата е многу стара. Во 1690 год. била напуштена, а од 1886 до 1894 година црквата била обновена и проширена. Црквата била изградена во форма на кораб. За време на поправките кои биле изведени на црквата бил уништен и стариот живопис и сите важни записи за црквата. Според пишани податоци се знае дека црквата постоела уште во средниот век, во некои периоди била катедрала и дека во неа била сместена Скопската Митрополија и Митрополијата на Пеќката Патријаршија. Во дворот на оваа црква сé до 1878 година постоеле и гробишта. Во периодот меѓу двете светски војни постоеле надгробни плочи и остатоци на некогашен гроб. Реони на црквата “Свети Димитрија” биле Дебар маало, Железничка колонија,Тахталиџе и градскиот реон.
  • http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/31_2.jpg
  • Црквата "Св. Димитрија" е посветена на великомаченик Димитрија ... На левата страна на реката Вардар, под Скопската тврдина Кале се наоѓа црквата "Св. Димитрија", посветена на великомаченик Димитрија.
    Од кога точно датира оваа црква не е познато, но се споменува во Милутиновата повелба од 1300 година. Други пишани извори од тој период нема, но се знае дека во 1535 година, кога Турците ги урнале останатите христијански храмови, останале само две мали цркви, и тоа "Св. Димитрија" и "Св. Спас". Истите ја преживеале и огнената стихија како, резултат на Австро-турската војна од 1688 до 1690година.
    Овој христијански храм бил целосно обновен и проширен во периодот од 1886 до 1896 година.
    Црквата "Св. Димитрија" до изградбата на Соборниот храм "Свети Климент Охридски" имаше улога на соборен храм. Во неговата припрата се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената Македонска автокефална православна црква архиепископот г.г. Доситеј, но и гробот на архиепископот г.г.Ангелариј.
    Црквата "Св. Димитрија" е sидана со камен и малтер. Во внатрешноста на црквата има галерија, певница и престол за владиците. Иконостасот е на три нивоа и завршува со крст. За време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година била значително оштетена, но веднаш била санирана. Во рамките на храмот се наоѓаат камбанарија и кршталник кој е дел од некогашната капела и сега претставува мала црквичка
    .
  • http://i291.photobucket.com/albums/ll312/nadezna2/Nokia2600CrkvaSvDimitrija1.jpg

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/2B90A2ECF3F6894D9C930BE0BB2DB2A5.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BFAA3545D-4388-445D-9A4F-CE8C690F0264%7D_crkva-2.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7B0FFAFDBD-65E5-4830-8865-60482696AB62%7D_crkva-2.jpg

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DA6CE5398D37BF44B218222729214617.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BD983B04F-4F47-4997-80BD-187548AE7817%7D_crkva-2.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BC075AB1F-7413-4D96-B390-FD5AD44D50C1%7D_Crkva-2.jpg

http://lh5.ggpht.com/tomzoricic/SGXzVDWDtuI/AAAAAAAAh4E/kZNHb9PqQtw/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20057.jpg

http://lh5.ggpht.com/tomzoricic/SGXzFQhqC2I/AAAAAAAAh2s/NhNreQqFLpM/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20050.jpg

http://lh5.ggpht.com/tomzoricic/SGXzIW5akLI/AAAAAAAAh24/B2OtLEOxlEI/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20051.jpg

http://lh6.ggpht.com/tomzoricic/SGXzMyRt1BI/AAAAAAAAh3Q/aEX9P7Y5Lso/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20053.jpg

http://lh3.ggpht.com/tomzoricic/SGXzO7DqyyI/AAAAAAAAh3c/uBTiBoERXTE/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20054.jpg

http://lh4.ggpht.com/tomzoricic/SGXzRjcUOlI/AAAAAAAAh3o/BEEzJUzYQUk/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20055.jpg

http://lh5.ggpht.com/tomzoricic/SGXzTyvETiI/AAAAAAAAh34/EHlfpTPUtJc/s640/06-28%207.%2C8.9.06.%20Skopje%20i%20Matka%20056.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter