Ја гледам сликава од утрината ... си велам, ова се нашите “витези“, но овојпат на четвртаст стол ... тоа е нашата политичка елита која во наше име, поради гласовите што сме им ги дале - треба да пресечат ... наместо мечевите пред нив стојат пенкалца и по некое мало тетратче ... чаша вода, кафе без ратлук ...
Што се договорија ... дека ништо не се договориле ... за ништото недоговорено примаат највисоки плати од народните пари ...
Зошто не се договорија ... Очито е дека кај сите нив има различни појдовни интереси ... а интересите нели го вртат светот ... најважното на сите нас обични смртници е да проникнеме кој за какви интереси се бори ...
No comments:
Post a Comment