Еден од моите омилени колумнисти е и Венко Андоновски ... го читам секоја недела во Утрински ... го читав и денеска Дворот и светот ...
Поаѓајки од премисата на Ниче дека „Послабите им се покоруваат на посилните заради храна“- „Волја за моќ“ - Фридрих Ниче ... преминувајки дека храната се произведува на земја ... и дека заради важноста на земјата на која се произведува храна - таа „нашата земја“ ја оградуваме ... ја омеѓуваме ... доаѓа до тоа дека и “државата е истотака една нива оградена со меѓа“ ...
Но, во историјата меѓите ги цртаат најсилните ... и често пати земјата поминува на други сопственици ... да се сетиме само колку војски поминале низ Македонија и колку стопани се изменија ... завршува со тоа дека денеска “светскиот моќник“ како да прави на балканот нова прераспределба на земјата ... по негова воља бидејки е нели најсилен ...
Мене нешто друго додатно ми асоцираше премисата „Послабите им се покоруваат на посилните заради храна“- „Волја за моќ“ Фридрих Ниче ...и асоцијацијата на оградената нива ... изгледа дека нашата “нива“ - читај држава има многу слабо парче на земја или недоволно обработувано кога нашите луѓе неможат на неа да се прехранат па мора да одат на туѓи ниви (држави...) - во туѓи дворови да работат за грош два за да се прехранат ... стотици години наназад македонците се иселуваат од нивата македонска ...
За ова има две можни вистини ... или навистини МК нива е неиздашна и не може да ги прехрани своите жители ... или стопанот на нивата - читај државното раководство е неспособно да каже што треба да се произведува ... да каже како да се прехрани овој домицилен народ ... за да не оди по туѓи ниви и дворови (држави ...) ...
No comments:
Post a Comment