И птичките знаат (од авион се гледа ...), дека во Македонија немаме собода на медиумите ... поради зависноста од рекламите кои Владата издашно ги двои од нашите буџетски пари ... сопствениците на медиумите ги усмеруваат Главните уредници за што смејат да пишуваат а за што не ... имавме дури и отпуштање на Главен уредник поради негов став кој е јасно на линија против политиката на Владата ...
Ваква појава е приметена и во ЕУ ... ЕУ за да ја потикне слободата на медиумите, прави директива во која им дава право на Главните уредници да можат да бидат независни од сопствениците на медиумите ... како тоа се прави ... т.е. како изгледа директивата ке треба да истражам и да најдам некој линк ... за ова само бегло прочитав пред некој ден без да го запаметам или сочувам линкот ...
Дали конечно и кај нас ке видиме Закон или Уредба на Владата каде се гарантира слободата на медиумите ... Владата, дури и преку некои изјави на Премиерот се спротивставува на слободата за известување на неко медиуми, особено некои новинари, кои се обвинуваат дека работат за странски цели и особено за лукративни цели ... тука секако се споменуваат и партијските интереси и обоеност на новинарите ...
Вистински слободен медиум останува сега за сега интернетот, во кој секако доминира блогот (да не ги заборавам и форумите ...), каде секој за себе си е уредник ... Земете го ако сакате и случајот на Ванковска (и се извинувам што тука ја споменувам ...) која дури по отварањето на својот блог се осеќа сигурна дека тоа што ке го напише во блогот нема да биде цензуриано ... или извадено од контекст на нејзината изјава ...
Прашање е до кога ке ја имаме таа привилегија слободно да пишуваме на интернет и на блоговите ... кај нас сеуште немаме случај некој да е суден заради неговото пишување на интернет ... но такви судења имаше во некои соседни земји, Хрватска на пример ... но затоа имаме секојдневни анонимни закани према одредени луѓе кои прават вакви или онакви записи ...
Нас сеуште не спасува тоа што - интернет медиумите и блоговите не се читани во масовен обем за да влијаат на јавното мнение ... можеби ова е и главната причина зошто меинстрим весниците ја немаат практиката како повеќето светски меинстрим електонски изданија да линкуваа и цитираат одделни блогови ... оној момент кога ке настане пресвртница - интернет медиумите т.е. блоговите да бидат порелевантни, верувам дека власта ке посегне по слободата на изразувањето во интернет медиумите ... ако се казнува за тоа што некој плука по улица ... сигурен сум дека ке се измислат казни и за ваквите “јавни престапи“ ... Плукањето го спомнувам не заради тоа што се противам на таа казна туку само како асоцијација на плукањето по медиумите ... кое верувам и смеќава на било која власт ...
- Блогот и меинстрим медиумите (весниците) - во светот и кај нас ...
No comments:
Post a Comment