Search This Blog

Wednesday, October 01, 2008

Чиво е “детето“ Македонија ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1A1936357198DF42A94B97FED057AF88.jpg

Претседателот и Премиерот во врска со спорот за името се однесуваат како родители кои се во процес на развод ... кога такви родители класниот ке ги повика, тие еден со друг си префрлаат: оди ти, ти си таткото ... а другиот вели: оди ти, ти си му мајка - ти најдобро знаеш како со него ...

читај повеќе »

Така и нашиот Претседател и Премиер се однесуваат пред “класниот раководител“ Нимиц ... очигледна е кавгата и разединувањето како да се реши спорот ...

Претседателот веќе подолго време стои на ставот дека треба да се попушти во името со некоја географска одредница, но тврдо да се застане во одбрана на идентитетот “македонски“ и националноста „македонска“ - без никакви додавки ...

Премиерот досега лично не се изјаснил до каде е неговата црвена линија ... тој се држи на позицијата дека за ова треба да одлучи народот на референдум ... готви план „Б“ - развој без НАТО и ЕУ ... деталите сеуште не ни ги кажал ...

Од друга страна кај народот расте скептицизмот и во однос на НАТО и во однос на ЕУ ... Македонија е надвор од интегративните процеси ... стои на помошен перон во предворјето на НАТО и ЕУ ...

1 comment:

Anonymous said...

A da ja promovirase malku najnovata kniga"Makedonska geneza" ke bese pokoristen batka a brakot megju Brankica i Nikola odamna ne raboti i za sreka Brankica uste malku i ke leta nadvor od domot,neli imeto e del od identitetot ......ili ne e po vase,pa sega ke go menuvame...... a da se najdese nekoj pameten i da objasnese zosto nie morame da go promenime imeto.....so prosti zborovi.........i da go gledas filmot "Crveniot konj",mozebi ke ti stane pojasno.Koga veke go opisuvas stavot na Brankica,ona deka ima - tvrd - stav za identitetot,trebase da go stavis vo navodnici,da bide porealno......ebave so belja,ebave.

Blog Archive

Site Meter