Вчера уклучувајки еден од компјутерите со кои најчесто работам ... ми се појави порака дека треба да го ставам систем дискот ... од сето испадна дека хардот рикнал ...
Пораката до сите е правете бекап ... ова ми е прв хард кој ми рикнува во мојата историја од 14 години работење со компјутери ... вообичаено на две до три години ги менувам ... а правам и бекапи но на неклку месеци ...
Предходниот ден додека работеше компјутерот некоја сила ме натера да направам бекап на некои 30 гига со фотографии ... работа од две години ... Сеуште не сум почнал да барам начин како да ги спасам податоците од рикнат хард ... веројатно има ... ако имате интересен предлог или фирма/човек која се бави со такви работи пишете ми коментар ...
Денеска ке ставам нов хард од 500 гига во компјутерот со уште еден надворешен хард исто од 500 гига ... недозволиво за секој кој има податоци во компјутерот да нема бекап ...
1 comment:
Би требало да се обидеш со замена на електроника од идентичен таков диск ако можеш да најдеш ист модел. Во добар дел од дефектите на дискот се работи за дефект на елктрониката. Пријател Битола.
Post a Comment