Економските политики кои сега ги спроведува ВмроДпмне ... ги започна СДСМ ... поточно сите досегашни Влади на РМ ... одат во два правци:
- а) Првобитен процес на рушење на Големото во однос на Малото стопанство, кое сега се претвори во обратен процес на рушење на Малото во однос на Големото стопанство ... привилегирањето на странските директни инвестиции ... Најновата ситуација е дека имаме многу малку странски директни инвестиции а домашното Големо и Мало стопанство е на колена ...
- б) Претварање на буџетот во “единствена фирма“ со моќ ...
- в) Што е решение ... прераспределба на националниот доход ... преку праведна даночна политика ... сето тоа постепено во еден подолг десетгодишен процес ... државата да биде ем капиталистичка, ем социјална ... прилагоден скандинавско/словенечки економски модел на нашите прилики ...
а) Таму некаде кога СДСМ стартуваше со транзиционо рушење на големите системи, фабриките, рудниците, градежните фирми кои вработуваа повеќе од половина од работната сила во Македонија - кога се велеше дека тие се остатоци од лошиот социјалистички систем и мора да се трансформираат во реални и одржливи системи, што беше диктат од моќниот ММФ и Светската банка, како и таканаречената “меѓународна заедница“ ... Наместо да има просто трансформирање од заеднички имот преку систем на ваучери/акции за сите, чехословачки модел ... СДСМ ја измисли криминалната приватизација - за која никој до сега не одговараше ... со закон им беше овозможено на неколку моќни директори да дојдат до таканаречениот општествен капитал (работниците останаа на улица со прстот во уста ...) - кој најпрвин беше мизерно ниско проценет а потоа отплаќан со готовиот финасиски капитал на самите фирми кои се приватизираа ... така неколку сега наречени “Олигарси“, дојдоа до доминантен капитал во најдобрите и носечките фирми ... а работниците беа распуштени на улица ... процес кој сеуште трае ... тоа доведе до зголемување на армијата на невработени од над 200 иљади ново-невработени лица, кои се приморани да се санаоѓаат - бидејки државата усвои стратегија дека не е должна да им наоѓа работа на луѓето ... демек ке им ствара само услови на приватната иницијатива ... преку малото стопанство да се самовработува ...
Е тоа толку фалено Мало стопанство се претвори во ситен гранап бизнис ... сите појдоа да купуваат дуќани и пиљари ... тоа траеше неколку години ... во кое време имавме и распаѓање на големите трговски системи ... капиталот се селеше во приватни домашни џебови ...
Дојде време на барање на нови инвеститори, кои на ливада би инвестирале во ново производство ... арно ама се направи кризата во 2001-ва ... таквите инвеститори не доаѓаат во кризни подрачја ... пропадна и идејата на милијардата на Циле ... да биде искористена во задвижување на стопанството ... идејата оштро ја напаѓаше СДСМ а ВмроДпмне ја кочеше ... бараше во се таа да има лидерство и контрола ... Не е битно што покасно истата идеја почна да ја остварува СДСМ а Груевски ја има како една од најбитните точки во својата економска програма ...
Бидејки како странски инвестиции највеќе дојдоа таканаречените големи трговски системи, кои градеа големи трговски центри за продавање на странска роба ... кое успат допринесе за влолошување на платнобилансната позиција - поради големиот увоз на странски стоки кои се продаваат во тие големи трговски центри ... тука е битно што тие го затвараат бизнисот на малото стопанство оноа пиљарското ... сега во сите мали трговски центри една третина од дуќаните не работат, затворени се ... една третина работат со загба ... тоа доведе до нагло зголемување на приватните фирми кои се регистрирани ама не работат ништо ... ги има сигурно преку 60.000 такви ... тоа се 60.000 промашени мали инвестиции ... државата тука ништо не губи - губи граѓанинот кој го заложува приватниот капитал кој го штедел со години ...
Малото стопанство никојпат не беше подржано од банкарските институции кои се претворија во ликвидатори на малото стопанство ... даваа кредити кои ги добиваа од државата, која за тоа се задолжуваше ... банките во последните неколку години се најголеми моќници - кои го цедат МК предпиемач ... го гушат ...
Од друга страна, државата ги прилагодуваше економските закони да одговараат на новите големи компании ... ги намалуват правата на работниците ... направи систем на рамен данок кој одговара на големите фирми ... со најголемите се договара за екстра попусти - со што нашите инвеститори доаѓаат во инфериорна позиција ... а за малите нонстоп измислува нови правила од кои им го цеди капиталот ... такви се системските закони за плаќање на данок на вкупен приход ... патриотските фискални ... лиценцирање на повеќе дејности ...
б) Буџетот на Македонија стана “ламја“, која го јаде своето стопанство и своите граѓани ... уште во времето на СДСМ, буџетот почна енормо да се зголемува ... буџетот се трошеше непродуктивно преку нововработување во администрација која е непродуктивна и им служи на партиите да им биде гласачка машина ... патизацијата на државниот апарат е доминантна во сите влади на независна Македонија ... партизацијата на администрацијата стана правило ... ниедна Влада на РМ не се зафаќа со процесот на намалување и продфесионализација на администрацијата ... напротив, имаме континуирано растење на администрацијата која на крај ке ја издеде државата, т.е. нејзиниот буџет ... пензискиот фонд се оптерети со безброј новопензиониртани работници ... во здравсттвото имаме перманентно намалување на бесплатните здравствени услуги ... пензиите стануваат мизерно мали и недоволни за пензионерите да го тераат месецот ... и со платите се случува исто ... платите на администрацијата се истотака мизерно мали ... администрацијата е всушност вработена сиромаштија, која од платите не може да го тера месецот ... се јавува корупцијата и митото ... средна класа во МК ја снема ... има 5 проценти новостекнати транзициони богаташи ... останатото е лумпен пролетеријат ... или сиромаштија ...
Ова зголемување на буџетот го тераат и владите на ВмроДпмне ... Државата станува голема т.е. “најголема фирма“ во МК економија ... џабе беше приватизацијата кога повторно моќта преку Јавните претпријатија и Министерствата е во рацете на државниот апарат ... “Тендерите“ се само совршен метод на криминални јавни набавки ...
в) кое е решението ... прераспределба на националниот доход ... преку праведна даночна политика ... сето тоа постепено во еден подолг десетгодишен процес ... државата да биде ем капиталистичка, ем социјална ... за него имам повеќе пати пишувано а тука само ке го линковам ...
No comments:
Post a Comment