На еден друг блог - ми беше приметено дека сакам да возам по средна трака, алудирајки на политичкиот центар ...
Можеби е тоа вистина ... Воспитан/образован во системот и духот на Политичка левица ... прилично рано дознав дека не е се` идеално како пишува во книгите на левичарите ... бидејки фамилијата ми беше најважна во животот - се откажав од било какво политичко дејствување иако на времето на својата генерација бев исфрлуван фронтално напред во првите редови ... се откажав, бидејки приметив дека луѓето учествувајки во партијското движење позициите ги користат за себе (лукративни цели ...) и својата фамилија ... прилично голем непотизам и кариеризам, владееше и тогаш - а може да се каже дека и ден денеска е исто ... Луѓето газеа се пред себе и се губеше човештината ... зстоа и се тргнав на страна ... на страна сум до денешни денови ...
Како воспитуван левичар (од системот во кој ја живеев младоста ...) тешко ги прифаќав опциите на Политичката Десаница иако ги почитувам ...
Најголемиот наш проблем е всушност што ние немаме поделеност на левица, десница и центар во политичките партии ... кај нас партиите се сеуште поделени по етничко/национален принцип ... определбата на леви и десни е само формална - за да им биде прифатена програмата од судовите ... Имаме партии кои се декларираат за десница (ВмроДпмне ...) но спроведуваат стратегии и програма на класична левица ... а СДСМ како декларирана левица владеше со остварување на програми и идеи на класична десница ...
Оној момент кога главните партии ке завршат со “големите идеи“ - користејки ги пред се` да го заглупуваат и со тоа легално да го владејат народот ... кога вистински ке се поделат на леви и десни и партии од центарот како коректив, тој момент ке и тргне на Македонија ... Сега сите ја матат водата за полесно да ја уловат “рибата“ т.е. гласачот ...
- ЛАЖЕЊЕТО - е систем за доаѓање на власт во Македонија
- Македонија е трева на која се играат/газат слоновите ... Овците се прашуваат/одлучуваат само на избори ...
No comments:
Post a Comment