Веќе неколку години се заговараат разни идеи што да се прави со касарните кои останаа без регрути ... професионалните војници ке се селат во внатрешноста, повеќето на полигонот Криволак ...
Владата предложи измени на урбанистичкиот план на градот Скопје ... и ги зацрта своите идеи:
- на местото на касарната „Илинден“ треба да се гради станбена населба во која би живееле од 25.000 до 30.000 луѓе и која ќе претставува една од најголемите населби во државава ...
- на местото на воените објекти во Бардовци, предвидено е да никне елитна населба,
- на делови од касарните во Аеродром , станбени згради,
- во Ѓорче Петров комерцијални објекти ...
Урбанистите кои беа повикани од градот, меѓу кои и професорот и урбанист, Мирослав Грчев се изјаснија дека немаат стручна подлога за што да се изјаснуваат ... дека некој сака преку волонтаристички начин да протурка идеја ... и преку кршење на процедурата за носење на урбанистички планови - да се спроведат нечии идеии ...
Му требаат ли на Скопје нови 60.000 жители ... има ли решение за инфраструктурата ... ???
Во еден постар пост од минатата година, кога се бараше странски инвеститор за касарната Илинден јас ја дадов мојата идеја:
- Се продава и касарната Илинден. И треба. Слушам едно време била интересна за НАТО ... Среќа се одкажале. Касарните мора да се далеку од градовите. Што бараат во центарот на Скопје и воопшто во Скопје. Ке се правело од касарната нов Сончев град. Значи станбена зона. Местото за тоа е супер. Местото уствари за било што е супер. Но уште еднаш ке повторам местото е идеално за универзитетски град.
Самата касарна ги има сите објекти потребни за:
- предавање на студентите ...
- за сместување на студентите
- нивна исхрана
- за спортскиот живот во кампусот ...
кликни на сликата за да ја зголемиш
2. Словенечка
3. Булевар Македонско Косовска Бригада
4. Јадранска Магистрала
5. Мовчето на Серава
6. Америчка Амбасада
7. Кале
8. Мустафа Пашина Џамија
9. Скупи - Археолошки локалитет
10. Касарна Илинден ...
11. Железничка пруга кон Тетово и Косово
12. Тоопана
13. Склад Момин Поток
14. Хубо Маркет
15. Градски Парк
16. Топанско Поле
17. Визбегово
No comments:
Post a Comment