Не се сеќавам во која драма од оние постарите, во еден дел од представата излагува жена ли беше, маж ли беше на улица и викајки “фалименто, фалименто ...“ кубеше коси ... бидејки дојдоа жандарите и судските извршители да ги бркаат од домот во кој до тогаш живееа ... им се пленеше се и движниот и недвижниот имот ...
Е такво фалименто деновиве исчекува една тетовска фамилија - каде за долг од 9.000 евра кој , земен пред 12 години со камата од 4 проценти месечно (типична лихварска дејност ...), по пресуда на судот во корист на лихварот - деновиве семејството од тетово очекува судските извршители да го исфрлат на улица ...
Постот не сака да се бави кој е во право (лихварот или оној кој го земал заемот ...) тоа е работа на судот ... но, сака да ги опомене сите оние кои гледаат последна надеж во кредит земен од лихвар ... Секаде во светот оној кој зајмува пари е под силна заштита на државата ... најголем светски бизнис е банкарството ... Преку банките послабите економии и земји во развој се подјармени ... владите во такви држави се марионетски ... сето тоа е легално ... тоа го овозможува глобализацијата и мултинационалните компании и светски банки ...
No comments:
Post a Comment