Search This Blog

Monday, September 01, 2008

„ЗАКАНИ“ по МК блогерскиот простор ...

Некои млади луѓе забораваат дека било каква закана во интернетот остануваат вечно запишана на интернет и луѓето кои се занимаваат со компјутерски криминал, можат лесно да влезат во трага на “КРАКЕРИТЕ“ ... да не заборавиме дека компјутерските закани се сериозно казниво кривично дело и само е прашање на време кога полицијата ке почне да интервенира, пленејки ги компјутерите од кои се вршат заканите ... и изрекувајки казни од кои за оние полнолетните се предвидени казни затвор до пет години ... ни малолетниците не се поштедени ...
Еден од примерите за закана (додуше условна ...) се случува и на .blog.com.mk ... каде еден веројатно млад блогер >DEXTER< ... во својот пост За Сите Што МИ го МРЧАТ ... 31 Август, 2008 - 22:14 ... се заканува на блогерот/ката кој му укажал дека не е добро да презема текстови а да не линкува ...
  • НИКОЈ ПРОФЕСОР НЕСМЕЕ МЕНЕ ДА МИ СЕ ЗАКАНУВА ТУКА , БИДЕЈЌИ ЕДНОСТАВНО АКО СИ СО МЕНЕ СКАРАН ВООПШТО НЕ МИ ТРЕБААТ ТВОИТЕ КЛИКАЊА НА МОЈОТ БЛОГ....ТАКА ДА НЕ МИ Е ПОТРЕБЕН НИТУ ЕДЕН КОМЕНТАР ДАЛИ ЈАС СУМ КРАДЕЛ , МЕНЕ ТОА ШТО МИ СЕ ДОПАЃА , ГО ЗЕМАМ , НА КОЈ САКАМ НАЧИН ,
  • И БИДЕЈЌИ СЕГА СУМ УМОРЕН , А УТРЕ СУМ ВО ШКОЛО НЕМА ДА СЕ ЗАМАРАМ ДА ДОЗНААМ ОД КОЈА IP АДРЕСА ИДЕ ВАШИОТ КОМЕНТАР ( ПРОФЕСОРКЕ ) БИДЕЈЌИ УШТЕ НЕЗНАЕТЕ СО КОЈ ИМАТЕ РАБОТА А БГАМИ И НЕ БИ САКАЛЕ...
  • НЕ Е ЗАКАНА ТУКУ ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ И САКАМ ДА ПОТЕНЦИРАМ ДЕКА ОВДЕ ЈАС ЌЕ ПРАВАМ ШТО САКАМ , ЌЕ ПОМАГАМ ЗА ОНИЕ КОИ МЕ ПРАШУВААТ ЗА ПОМОШ (КОМПЈУТЕРСКА ) , А ПОВЕЛЕТЕ И ВИЕ ... НАЈВЕЌЕ БИ САКАЛ ВААТА IP АДРЕСА ДА ЈА ДОБИЈАМ , ПА ДА СЕ ВИДИМЕ ЈАС СПРОТИ ВАШИОТ АНТИВИРУС ЗА КОЈ МИСЛАМ ДЕКА НЕМА ДА ИМА ШАНСИ ..
Не е тешко да се утврди за која “професорка„ станува збор во условната закана на >DEXTER<, бидејки предходно стојат постовите објавени кај >DEXTER< ,
Ја разбирам потребата на секого да чита и да популаризира одредени текстови од други автори ... но ликувањето на изворот е блогерска култура и непишано правило на блогирањето ...
Што се однесува до условните закани на >DEXTER<, тие некој може и сериозно да ги сфати и тогаш >DEXTER< ке има проблем - најпрвин со законот каде вакви дела на закани многу се сериозно третирани ...
Да напоменам дека >DEXTER<, може да има проблеми и со „КУЌНИОТ РЕД“ на .blog.com.mk каде во точките 2 и 3 - е наведена казнивоста на заканите, макар тие биле и условни:
  • 2. Уредништвото на blog.com.mk го задржува правото да ги отстрани сите содржини кои ги кршат казнено-правните и граѓански норми или на друг начин ги кршат другите правни прописи на Република Македонија или пак или го нарушуваат угледот на медиумот.
  • 3. Посебно се забранува објавување на заканувачки, порнографски и комерцијални содржини, пренасочување на блог страницата на други домени и спамирање по коментарите на туѓите блогови. Во такви случаи, корисничкиот акаунт може да биде суспендиран со или без предупредување.
>DEXTER< е блогер само 6 недели 17 часови ... пишува дека е роден на 3 Ное 1993 ... значи има само 15 години .. малолетноста не го ослободува од казнивоста на делата ... а една од мерките на законодавецот е трајно одземање на компјутерот ... Малку чудат неговите години и интересот за политичките теми кои ги преземал ...
Мој совет е младиот >DEXTER<, преку ПП да се извини на професорката - на која условно и се заканува ... и да го избрише постот За Сите Што МИ го МРЧАТ ... 31 Август, 2008 - 22:14 ... така верувам никој нема ни да ја примети глупосто која ја има несвесно направено ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter