Претседателот Бранко Црвенковски денеска го одликува најстариот МК фотограф Благоја Дрнков со одличје “Медал за заслуги за Македонија“ ... сето ова во склоп на најновото 29-то издание на Интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” ...
- Го спасив Камениот мост од Германците ... легенда на фотографијата во Македонија ... Направил над 30.000 фотографии, снимил повеќе документарни филмови, и важи за еден од основачите на македонската кинематографија ... заслужен и за спасувањето на Камениот мост, кој бил миниран од Германците пред крајот на Втората светска војна ... "Кога бев во трето одделение татко ми викна еден фотограф да не слика нас децата, моите сестри и мене. Беше аматер, бидејќи продаваше сода-вода, а во слободно време фотографираше да извади некој динар повеќе. Кога дојде кај нас во дворот го намести апаратот на статив и го покри со платно. Ни кажува како да се наместиме, а јас го гледам и си велам: 'Овој човек мора да е маѓосник'. Во тоа време по школите одеа маѓосници, со големи црни шапки кои ги покриваа со црно платно и правеа разни магии. Мене и тој човек толку многу ми личеше на маѓосник. Таа магија што ме фати тогаш, еве ме држи и до ден-денеска" ... Магијата на фотографијата младиот Дрнков ја откривал во времето кога Македонија била дел од Кралството Југославија, а во Скопје се појавиле првите дуќани за фотоопрема.... тајните на фотографијата ги научив од мојот професор по физика Живковиќ, кој едно попладне ми покажа како се фотографира, а следното како се развиваат плочите и како се прават фотографии на вештачко црвено светло. Може да се каже дека тоа е целото мое школување" ... Со текот на времето го купил и првиот фото апарат и почнал да прави фотографии за пари, а во 1939 година веќе имал свој фотографски дуќан "Фото оптика" блиску до Католичката црква, кој старите скопјани се уште го паметат. ... По војната тој станал еден од водечките луѓе во македонската кинематографија, бидејќи е првиот директор на филмската дирекција и еден од основачите на "Вардар филм". ... Освен со фотографија, тој почнал да снима и документарни филмови и требало да биде камерман во првиот македонски филм "Фросина". ... Веќе триесетина години живата фотографска легенда е во пензија, и како што вели нема ден, а да не направи барем една фотографија. Од неодамна набавил и дигитален фотоапарат. ...
- Седум децении заробеник на магијата наречена фотографија ... Искусното око на Благој Дрнков, бардот на македонската фотографија, низ објективот на својата камера деновиве ќе го овековечи селото Здуње пред тоа да исчезне од лицето на земјата во водите на езерото Козјак. И тоа, се разбира, не би било ништо необично ако не се знае дека големиот ентузијаст веќе е на возраст од 90 години и дека специјално за оваа пригода ќе фотографира од - хеликоптер. ... Благој Дрнков од Скопје е најстариот фотограф во Македонија. Уште од детството се занимава со фотографирање. Со фотоапаратот в раце е цели седум децении. Го прошетал целиот свет и фотографирал многу места, но вели дека за него најголемо богатство се фотографиите токму од Македонија. ... По неколку години Дрнков се вработил во продавницата за фотоматеријали на Теодосија Вучидолац и ќе влезе во царството на фотографијата. Понатаму се е - историја. ... Пребогатата архива на Дрнков содржи околу 40.000 фотографии, црно-бели и во боја, како и околу 6.000 дијапозитиви, сите со свое име и со приказна за себе. ... Во почетокот користев "мамија 6х7", која тежеше 4,7 килограми, но веќе не можев со неа да одам на терен, па зедов полесен фотоапарат. Не им верувам на дигиталните апарати, но во последно време почнав да ги користам зашто и онака веќе не можам да правам големи фотографии како некогаш ...
- Благоја Дрнков ... Во „Вардар филм“ работи до 1953 година, а потоа преминува во Етнолошкиот музеј како фотограф, снимател и режисер на етнолошки филмови. Од 1957 до 1960 година повторно работи во „Вардар филм“. Од 1960 до 1964 година е фотограф и снимател во Извршниот совет, а од 1964 до пензионирањето во 1969 г. е режисер во Телевизија Скопје на документарни филмови и телевизиски серии. ...
- Благоја Дрнков ... Седум месеци во текот на 1947/48 година, Дрнков престојува во Чехословачка, каде што специјализира во студијата „Барандов“. ...
1950 Одликување со Указ на Владата на НРМ / „Радосно детство“
1950 Медал на трудот, од Президиумот на Народното Собрание на ФНРЈ
1965 Специјално признание од Филмските новости по повод 20 години постоење
1973 Орден на трудот со златен венец со Указ на Претседателот на СФРЈ
1994 Награда за 11 Октомври за животно дело
Го има и во многу книги, монографии:
- МАКЕДОНИЈА, НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ ОД ВИЗАНТИСКИОТ КУЛТУРЕН ПРОСТОР
- Македонија копчата на светот
- Иконите во Македонија
- „Сметам дека една од највпечатливите фотографии ми е онаа што ја направив во далечната 1948 година кај Крива Паланка“, раскажува Благоја Дрнков. „Беше набрзо по Втората светска војна, кога бевме на терен. Застанавме кај еден бунар кога наиде човек со дрвена нога, носејќи во рацете германски шлем, наместо кофа, да наполни вода. Беше тоа речиси надреална слика, која од поствоеното македонско секојдневје ’зборуваше‘ за апсурдноста на војните. Нашинецот ја имаше изгубено ногата во војната, а Германецот, чиј шлем тој го носеше како кофа, ја загубил главата. Тоа е слика за поразот на животот!“
- Кариерата на Благоја Дрнков може да се гледа како одраз во огледало на развојот на фотографската техника. Неговиот прв фотографски апарат бил „цајс икон 912“ со фотографски плочи, а денес се' уште фотографира со дигитален „канон EOS XTI“. Навистина не работи со „Фотошоп“, но понекогаш, ако смета дека треба „дотерување“, во тоа му помага внукот.
- „Ме импресионираше таа магија!“, се' уште со восхит се сеќава Дрнков. На десет години од дуќанот ’Бечки базар‘ почнав да купувам фотохартија и негативи и на сонце да правам фотографии. Тоа беше тогаш најактуелна детска фотографска техника. Таа моја заразеност со фотографијата ја забележа професорот по физика во гимназија, па кога одевме на еден излет на Водно, ми дозволи да го носам неговиот фотоапарат. Беше тоа тешка конструкција, но многу бев среќен и горд и не дозволував никој да ми помага во носењето на нагорниците на Водно. Кога се вративме, професорот првпат ми ја покажа вистинската тогашна техника на правење фотографии. Мојата работа беше мошне конкретна - ги миев плочите на чешмата во дворот кај професорот“, почнуваат сеќавањата на Благоја Дрнков за почетоците.
- Паралелно со првите фотографски искуства, гимназијалецот Дрнков наидува на кинокамера со 9,5 мм филм, што ја користи на „наем“, и првата филмска снимка што ја прави е борба на петли во својот двор.
- Првиот фотоапарат го купив во 1933 година, кога веќе работев како трговски помошник во книжарницата кај Васил Пупков, а хонорарно во фотографскиот дуќан на Теодосија Вучедолац. Јас им го водев книговодството, но она што ме привлекуваше беше фотографијата. Наскоро целосно преминав кај Вучедолац, кој ме праќаше во Загреб по набавка на апарати фотоматеријали. Во Загреб во 1935-1936 година ја купив првата филмска камера за дуќанот на Вучедолац, со која првпат снимив една католичка процесија во Скопје“, тече приказната на сеќавања на Вучедолац.
- По Втората светска војна, Благоја Дрнков станува првиот директор на „Градски кина“ во Скопје, а во неговата биографија и во историјата на македонската кинематографија е забележано дека тој е меѓу иницијаторите за основање и прв директор на Филмската дирекција на Македонија ФИДИМА.
- Потоа станува дописник на „Филмске новости“ од Македонија, останати во сеќавањето на киногенарациите како неизбежен киножурнал.
- Дрнков е и дел од историјата на „Вардар филм“...
- Неговите фотографии и снимки, зачувани во неколку монографии, но и распространети низ светот како најдобра пропаганда за Македонија, претставуваат документ за времињата минати, просторите што се менуваат со времето, за луѓето и парчиња од нивните приказни...
- Неговите фотоопус е историја што не е здодевна за гледање и „читање“.
- Дрнков и денеска не се откажува од својот фотоапарат-дигиталец, а тајната на својата долговечност и виталност ја објаснува едноставно: „Додека можам, ќе терам!“
1 comment:
Как говорилось на Seexi.net Девушки, подскажите как верно танцевать это пляска? Может быть у кого-то есть ролики с интересными нестандартными движениями под эту музыку? И вообще, что можно выдумать под эту музыку?)
Post a Comment