Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, вчера и денеска го разгледува извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија во исполнувањето на европската агенда ... сето ова неколку недели пред затварањето на извештајот ... Кои се забелешките на ЕУ:
- политички критериуми,
- имплементација на закони,
- економски напредок.
Кај политичките критериуми и инплементација на законите глсавни забелешки се:
- прогресот во осумте клучни приоритети од Пристапното партнерство е нарушен од политичките несогласувања и предвремените избори - ова е главна забелешка ... значи неспроведување на последните избори во согласност со европските стандарди ...
- ќе бидат побарани најнови податоци за изнесување пред лицето на правдата на сторителите на изборните нерегуларности ...
- ќе биде искажана и загриженост поради бојкотот на Собранието ...
- ќе треба да дадеме податоци и за прогресот направен во имплементацијата на Охридскиот договор, вклучително и за новиот Закон за јазици ...
- делегацијата од ЕУ во Комитетот ќе повика на зачувување на добрососедските односи, вклучително и тоа дека преговорите и изнаоѓањето заеднички прифатливо решение со Грција во спорот за името остануваат клучни ...
- разјаснување околу усвојувањето на законите „без нормална парламентарна дебата“ ...
- Владата да направи понатамошни напори во политичкиот дијалог со опозицијата за да се обезбеди непречено функционирање на институциите и остварување одржлив прогрес во реформите ...
- ќе биде поздравен прогресот во имплементацијата на Законот за полиција во поглед на системот за менаџмент на човечките ресурси и назначување на сите, нови, регионални командири и командири на полициски станици ... останува голем предизвик во обезбедување на професионалните стандарди во сите делови од земјата, како и обезбедување независност и непартизација на полицијата ... нерегуларностите направени од страна на полицијата за време на изборите покажуваат проблем со политизација на повисоките полициски офицери ...
- во контекст на полициските реформи и борбата против организираниот криминал, и покрај напредокот од последната средба, се' уште се забележуваат недостатоци, како што се на пример соработката меѓу полициските служби и судството на регионално и на локално ниво, Секторот за специјални истражни техники на МВР останува недоекипиран и со недоволна опрема. Исто така, постојат дупки во законите за процедурата за криминална истрага, особено во делот за специјални истражни мерки, пред се' во делот во борбата против корупцијата ... Забелешка има и на малиот напредок во борбата против компјутерскиот криминал, каде што е забележан недостиг од персонал и опрема ...
- реформите во судството се областа каде што ќе бидеме пофалени од делегатите од ЕУ поради „континуираниот прогрес“, со поддршка до властите да обезбедат имплементација на новиот закон за јавен обвинител и на законот за советот на јавните обвинители ...
- ќе бидеме пофалена за прогресот направен во имплементацијата на антикорупциската политика, со забелешка за потреба од засилување на улогата на Државната антикорупциска комисија ...
Во делот на економскиот напредок т.е. економските критериуми забелешки се:
- економската ситуација се' уште е позитивна, со зголемување на порастот на производството за 5 проценти ...
- нотирани се знаци на влошување на надворешната рамнотежа и остро зголемување на инфлаторниот притисок ...
- состојбата на пазарот на работна сила, според нив, се подобрува поради зголемување на регистрираните вработувања, иако бројката на невработени останува висока ...
- за невработеноста забелешка на претставниците од ЕУ ќе биде дека, и покрај сите мерки за намалување на невработеноста од страна на Владата, како што е намалувањето на придонесите за вработените, влијанието врз намалувањето на невработеноста е лимитирано ...
- за секторот енергетика ... забележан прогрес во легислативата и либерализацијата на внатрешниот пазар на електрична енергија ...
- загриженост во поглед на пазарот на мобилната телефонија поради ризик од негово нарушување поради продажбата на вториот мобилен оператор на компанијата-мајка на најголемиот мобилен оператор во земјава ...
No comments:
Post a Comment