Search This Blog

Sunday, September 14, 2008

Негрижа, невнимание, одговорност при работа ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/D71CC78F765246439B30B4FA4BCB9E45.jpg

Дете се напило сретство за хигиена во градика ... без да му ја кажат вистинската причина за болеста на родителот - повикани се родителите да си го земат детето дома ... детето повраќало со пена од устата, го носат на лекар ... и осум дена прима храна преку цевка од носот, бидејки цревата му се оштетени ...

читај повеќе »

Од градинката никој не презема одговорност ... сите си се на работа ... Родителите треба да стегнат масна тужба према државата за негрижа кон детето ... да се опаметат луѓето дека имаат одговорност за платата што ја примаат ...

Во наши случаеви на пракса како да нема одговорност кога си на државна плата ... цели влади тераат погубни политики за државата додетка тие лично се богатат и потоа ником ништо ... наредни осум години збогатените наши политичари кои во парламентот доаѓаа со плетени џемпери од мајките и бабите ... си одеа со приватно обезбедување и дебели сметки по странските банки ... од тие таквите нема ни еден кој е казнет ... казнети се секојпат “масовните прекршители “ со кои се полни затворите ... не полни туку преполни ... затоа и се градат нови затворски капацитети ... а за “финиот“ политичи криминал кој палеше куќи и предизвикуваше војни ... наградата е фотеља во влада, парламет, државно работно место или специјални затворски услови ала Шевенинген ...

Барам расчистување со политичките криминалци кои 18 години не мотаат во транзицијата а за себе обезбедија богатство за наредните пет колена од нивните фамилии ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter