Старо Нагоричане е мое родно село. Значи роден сум во Старо Нагоричане во 1955 година ... од две години сум во Скопје ... Скопје е мојот град ... градот на мојот живот ... Кога се враќам од некој далечен пат само на две места ми игра срцето и ми се крева адреналинот ... кога првпат ке го видам Скопје и кога првпат ке ги виднам обронците на моето родно село ...
читај повеќе »
За Старо Нагоичане имам намера да направам повеќе фото сесиии кои ке ги предржуваат соодветни коментари под сликите ... досега имаше неколку поста:
- БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
- Како до БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
- Голема Богородица - Успение на Пресвета Богородица ... Забел - Старо Нагоричане ... Golema Bogorodica ... Zabel
- Се разбира дека ке има уште неколку поста за моето родно село ... особено за црквата Св.Ѓорѓи ...
0.
Секојпат кога првпат ке ја видам оваа гледка, срцето забрзано ми лупа, адреналинот расте ... веројатно има некоја поврзаност на човекот и неговото родно место ... онака како што си ја сакаме фамилијата ... како што си го сакаме чедото - така веројатно го сакаме своето родно место ... на повеќето од вас сликава (и повеќето слики од постот ...) нема да Ви значи ништо ... не е ни убава - грдо е насликана од внатрешноста на автомобилот преку прљава шофершајбна ... но мене и на оние кои се родени тука ми значи многу ... многу спомени од детството ... од луѓето и случувањето во минатото ... сликата е правена во најлошиод перид на годината кога сонцето гори се ... на пролет истата гледка е сосема поинаква ...
1.
Десно покрај патот е еден од неколкуте археолошки локалитети ... Плошка/е ... местото е со белузлава земја и осем трева тука друго не расте ... Покасно ке подигнам дел од Археолошката карта кој зборува за местото ... го пишував сношти но некаде сето тоа се загуби ... се изнервирав и оставив за денеска да допишам ... Во позадината на сликата е козјачијата, опечена од сонце ... од другата страна на планината е вистинското зеленило Длабочица ... посебен пост за то дел ке има ... тука некаде се гледаат и обронците на Кокино ... секако и за него ке има посебен пост ...
2.
Значението на изворот средсело е од огромна важност за селото ... водоводи во минатите времиња се реткост и населените места секојпат се граделе околу некој добар и непресушен извор ...околу изворот и чешмата се одвивал социјалниот живот на луѓето ... денеска тоа се самопослугите и другите трговски дуќани ...
3.
Еве за што зборував погоре ... видете го зеленилото оклу изворот ... изворот е само дел од водата која оди подземја ... од подземните води се хранат дрвјата, дури и тревата ... приметувате колку е опечено полето но селото е зелено ... таму каде има зеленило има можност да се ископа и бунар ... вода барем за потребите на окуќницата, животните ... онаа најубавата секојпат се зема од главниот извор т.е. од чешмата средсело ... одејки на вода ке се сретнеш со пријателите ... со девојката ... Над селото се зеленее големо пространство на борова шума ... насадена пред дваесетина години ... ги разеленеа голетите каде ни тревка не растеше ... не случајно местот се вика Краста ... господ до сега ја сочува шумата ... пу,пу,пу ... Централно место во селото го има црквата Св.Ѓорѓи ... околу неа се неколкуте централни маали во селото ... така да ова село е едно од ретките во кои се сконцентрирани куќите ...
4.
Куќата во која пораснав ... куќата на дедоми Столе и бабами Драга ... не е престара, градена е во доцните педесетите години на минатиот век ...
Куќата има две прекрасни тераси долна на која обедувавме во летно време ... на која ме подсеќаат многуте специјалитети од баба, особено месеното и печено под вршник ... го скам тој вкус на печено под вршник ... особено на многуте пити од баба ... чиста жена -која правеше и прекрасни сирења ... особено она биеното и сушено на горната тераса ... Горната тераса ни служеше да се сушат пиперки во низа да речеме или некој друг производ кој пред дефинитивно да се скаладира треба да се исуши а сушењето да биде природно и постепено ... горната тераса имаше и прекрасен поглед ... каде во далечниот шир за неколку минути се одмараат очите а душата се исполнува со мир и спокој ...
5.
Сакав да ја сликам од повеќе агли но имаше нов катанец на портата ... а дворот беше добро обезбеден од кратци со старото сретство наречена “драка“ ... преку него ни крупни животни не газат ... колку пати само со дедоми одевме да береме драки во блиската Серава ... ке ме качеше на колата да ги газам драките ... користев специјални чизми за таа намена ... тие додека се свежи можат и да се газат но кога ке се исушат тешко тебе ако те закачат ... Сакав да ја сликам Плевната со местата каде се чуваа домашни животни ... кравите, коњот, магарето, свињчињата ... овците ... кокошките ... амбарот ... помошната куќа во која се печеше леб .. се димеше месо ... се печеше ракија ... таму каде на синџир се вареше полно котле со класја да речеме ... Крушката ... сливата ... дудинката во дворот ... но за тоа во некој друг пост кога ке можам да влезам во дворот ...
6.
Погледот од малиот прозор на баба ... таа тука имаше закачено и едно мало огледало ... ке се погледнеше во него, ке се зачешлаше ... ке ставеше марама на главата и ке искоментираше во стилот ... ене гу онај па се развреднела ... ајде деца трчите да донесете тазе воду од чешму ... тука блиску секојпат имаше и едно кесе со бомбони ... оние тврдите ...
7.
Мојот омилен поглед кој често го сонувам ... го сонувам како летам над просторот ... таму некаде на блиското ридче наречена “Црквица“ се наоѓа поголемиот дел од мојот посед наследн од дедоми по таткоми ... За Црквица ке посветам посебен пост ... тоа е веројатно некој археолошки локалитет бидејки на местото јасно се оцртуваат дебели зидови ... пред да узрее житото, на местата на зидовите житото порано узрева ... а луѓето на тие места додека ораат често вадат камења и малтер кој е појак од денешниот цемент ... наоѓани се и движни архео наоди ... грнчарија ...
Малку подолу према реката е познатиот архео локалитет “Бранченица“ ... позади е реката Пчиња ... местото каде е најзелено ... Од тука до куќата на чичкоми Дичо, покоен бог да го прости има три минути детско трчање ... колку пати само сум се истрчал за да се играм во широкиот двор на татковината ми ... таму е и мојата родната куќа ... во дворот секогаш имаше буљук деца спремни за детска игра ... Џилит да речеме ... во поново време фудбал - лопта по кумановски ... колкосмо лопту ритале, чудо едно ...
8.
Тука десно води патчето до мојата родна куќа ... позади десното зеленило е селската амбуланта изградена на мој плац кој е национализиран ... во процесот на денационализацијата не поднесов барање за поврат или надоместок, бидејки сметав дека болница/амбуланта е нешто што навистина му треба на местото ...
9.
Во една донација на Америчката Амбасада изградени се тротоари ... а еве како што се гледа и ПП столб ... Кога првпат ги видов тротоарите се изнасмејав, но сега гледам дека тие го разубавуваат местото ...
10.
Дворот на Црквата во минатото служел за погребување ... но во педесетите или шеесетите години гробиштата се дислоцирани таму горе во блиската сега веќе борова шума ... местото е наречена “Гнила“ ... колку симболика ... Просторот сега е добар за летен одмор и читање под сенките на багремите ... многумина тука завршија факултети ... еден од нив и докторираше и сега предава на катедрата за МК јазик ...
11.
Уште еден поглед кон Црквица, овојпат од местото на црквата Св. Ѓорѓи ... има една легенда врзана со овој поглед и двете места ... но таа ке ја раскажам во постот за Црквата Св.Ѓорѓи ... тука некаде е и архео локалитетот “Под село“ ...
12.
Поглед од Црквата према долниот пат кој води до бившиот задружен дом сега седиште на општината Старо Нагоричане ... Тука лево имаше еден огромен орев ... не го гледам сега ... блискиот извор прави овој простор да е најзелен ... Позади левите дрвја е омилената продавница, каде луѓето седнати на трупчиња бистрат политика ... фрлаат карти и играат домино ... се разбира со пиво во раката ... Како сето ова ке се одрази со забраната за пиење алкохол после 19.00 незнам ... мислам дека сите ке гласаат само заради тоа против владата ... Тука до продавницата е и дуќанот на коларот Мисле ... колку само часови сум седел гледајки го како од обични дрва прави тркало за селска кола ... како со помош на не толку сложени столарски алати ке изделка “пирајка“ за тркалото ... полумесеците ... осум на број ... па со сврдлињата дупки ... и так за неколку работни дена се прави едно тркало ... блискиот ковач ке направеше пружини за тркалото и осовини ... и ете нова кола ... мојата омилена забава беше гледањето како селските мајстори правеа, качиња, селски запрежни коли ... како се потковуваа домашнит животни ... како кројачот од платно ке стаса до пантолани ... многу занаети беа активни во селото ... како кожушарот од овча коша ке направи топло кожувче ...
13.
Лево е милиционерската станица со придружните гаражи и шупи ... Тука внатре после земјотресот првпат гледав телевизија ... седнати на клупи со саати чекавме да стартува програмот буљејки во округлиот скрин ... кој знаеше често да бега нагоре надоле ... Најлево е првата селска пекара ... Малку полево имаше стара зграда која сега ја нема, беше првата пошта во селото ... во нејзината визба имаше моало исворче ... Порано скоро во сите дворови на пролет имаше мали извори ... местото бликаше од вода ... сега фатија сушни години и локалните извори пресушија ... дури и бунарите се со помалку вода ... десно е најстарата школа ... едно време и општинска зграда ...
14.
Малиот плоштад пред Црквата, старата оптинска зграда и полициската станица, беше место каде за Ѓурѓовден селската слава се правеше журка или по тогашен речник “Собор“ ... Тука порано имаше споменик на првиот учител на селото и првиот Комита ... тој е срушен за време на БГ окупација во втората светска војна ... во самото рушење кое се одвивало со минирање, погинати се дваица БГ војници ... тука некаде блиску на патот е пресретнат и убиен БГ намесник на селото ... како освета другиот ден запалени се десетина кучи и стрелани машките глави од куќите кои се нашле во дворот ... меѓу нив се и дваица од мојата фамилија дедоми (стар солунски борец ... ранет и одликуван во првата ветска војна ...), ... заедно со чичкоми кој другиот ден пошол да ги молида го пуштат таткому а да го задржат него ... како последица на слични настани од овој крај по тие деновви сите мажи се интерниани во Бугарија на присилна работа ... барем не биле убиени ...
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
31.
32.
33.
1 comment:
E bravo be pa ti si bija epten odnesen.Aj zdravlje moz nekad ke piemo pivo pred prodavnicu u st.NAGORICANE. POZDRAV OD BAGDAD.
Post a Comment