Во насловот имам три странски збора ... за “меил инбокс“ лесно ке најдам некаков превод, но за “Спам“ - тешко ... ете зошто е точно моето тврдење дека културниот идентитет е динамичка/менлива категорија ...
Туку да се вратам на тоа што сакав да кажам ... На нас македонците многу ни е лесно да бришеме спам од нашиот меил-инбокс ... зошто ... на пример јас дневно имам околу 70 спам пораки ... дијагонално ги прегледувам да не залутала некоја вистинска порака во спам пораките ... бидејки знае и тоа да се случи ... веднаш ги отфрлам оние кои се на кинески и арапски ... :) ... Оние на англиски кои се претежно околу сексот лесно се препознаваат ... прво се на англиски - кој е нели различен од македоснкиот ... значи останува да се проверат македоските т.е. кириличните спамови кои се релативно малку ...
Лесно ни е нам со спамот ... замислете си како им е на кинезите кои користат активно англиски ... тие богами се помачуват да го избришат спамот ...
Сепак, внимавајте кога го бришете спамот ... знае да се подкрадне грешка и вистински меил да залута во спам ...
No comments:
Post a Comment