Граѓаните на Велес се неуморни во битката за чиста и здрава еко средина ... како и не би биле ... последиците од 30 годишното труење на Велес предизвикано од тешките метали кои ги испушташе во воздухот топилницата - се присатни во “развојот“ на младите генерации на велешките деца ... дури и во малиот наталитет и проблемите во зачнување на плодноста ...
Велешани имаа и луцидни протести, но и сериозни тужби против државата ... досега судовите не реагираа ... но овајпат велешани ке одат до крај и по евентуалната лоша поресуда на нашите судови правдата ке ја бараат во меѓународните судови ... Идејата верувам не им е да добијат некоја голема одштета ... правецот на нивните желби е повеќе насочен против рестартирањето на топилницата која нели се продаде на фирма која сака да ја рестартира на исто место ... Самата последна продажба помина со низа неправилности од која една клучна ... беше исклучена од процесот на купување турска компанија која сакаше да ја затвори топилница т.е. на нејзино место да отвори сосема нови капацитети од областа на големи трговски центри ... се работеше за недоволно голема банкарска гартанција за многу мала сума ...
Со постот ги подржувам велешани во нивната повеќе децениска борба против труењето ...
No comments:
Post a Comment