Search This Blog

Tuesday, September 02, 2008

Зошто Костовски го напушта женскиот ракомет ??!

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/FD8545F29725EB43989B2DB6C098B6BF.jpg

Зошто Костовски влезе во женскиот ракомет ??, тоа е првото логично прашање ... ако некој го праша Костовски зошто влегол во спонзорирањето на женскиот ракомет, сигурен сум дека ке одговори дека со тоа сакал да допринесе во развојот на еден спорт како мецена, со што би допринел во афирмацијата на Македонија ... дали Костовски успеа со своето 15 годишно спонзорство да го оствари она што го вети ... ке се сложиме сите дека успеа, Кометал стана европски првак ... трипати беше во финалето ... а 15 години е во врвот на европскиот женски ракомет ... Кометал е сега европски бренд ...

читај повеќе »

Зошто сега Костовски си оди од женскиот ракомет, на чекор до Европското првенство во Скоје, за што самиот има големи заслуги ... ?? еве како денешните весници ја пренесуваат причината за одење на Костовски:

  • Трифун Костовски се повлече од ракометот ... Утрински ... „Одлуката не ја донесов лесно, но се' има почеток и крај. Идејата да влезам како спонзор ми беше да ги поттикнам стопанствениците и државата да вложуваат во спортот, но не успеав. Не можам повеќе да ги следам финансиските потреби на клубот, што се одрази на резултатите во последните две години. Буџетите на големите ракометни клубови годишно растат за 20-30 проценти и тоа е премногу за мене“ ... „Со голема жал го соопштувам ова. Многу ми е криво, бидејќи бевме во врвот на европскиот клупски ракомет, но тие времиња поминаа, денес дуваат други ветришта и затоа се повлекувам за да влезе некој друг во клубот. За 15 години донесовме многу радост на нацијата и тоа ме исполнува“. ... http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B8EE8A098D607242BA07CE73550B30FA.jpg
  • Костовски веќе не дава пари за ракомет ... Дневник ... Кометал ЃП остана без спонзор, Ракометната федерација на Македонија без претседател, а во неизвесност е судбината на женскиот ракомет и сениорската репрезентација на Македонија, по ненадејната оставка на Трифун Костовски од сите функции. ... Управата треба да најде 500-600 илјади евра колку што му се потребни на клубот за нормално функционирање.Ќе побараме трпение од играчите до крајот на месецов. Ќе ги анимираме сите наши досегашни спонзори. Ако и потоа не успееме да ги најдеме парите, веројатно ќе пуштиме некои од ракометарките да си бараат нов клуб ... Уште лани направивме во клубот материјали што ги доставивме до спонзори со цел да им се понуди влез и тие да бидат маркетиншки заинтересирани. Не успеавме во тоа. Воопшто не сметам дека сум нефер. Јас веќе не можам да ги следам светските текови барем според финансиите. Затоа оставам простор на некој поамбициозен кој ќе може и повеќе да вложува - вели Костовски. ... Оставката на Костовски некои ја поврзуваат со неговото влегување во фудбалот каде е спонзор на Вардар. Таму вложените пари може повеќекратно да му се вратат ако има резултати, за разлика од ракометот.Не. Вардар нема врска со ова. Но, точно е дека Вардар во моментов ме чини 50 отсто од она што го вложувам во ракометот. Сите резултати се должат на парите што се вложени - вели Костовски. ... Костовски почна да го спонзорира клубот во 1994 година кога скопјанки првпат играа со Хипо во Купот на европските шампиони.Низ клубот поминаа многу познати светски ракометни имиња, како Бережњак, Тирка, Абрамова, Кастратовиќ, Ферзалиева, Малахова, Дину, Лекушану, Будимир, Цигица.Иако од клубот никогаш отворено не сакаа да зборуваат за парите вложени во ракометот, се споменува сума од над 10 милиони евра. ...
  • КОМЕТАЛ Ѓ.ПЕТРОВ ОД ВЧЕРА БЕЗ СПОНЗОР - Трифун ги напушти жените! .. Вечер ... Кометал Ѓ.Петров беше гордост на македонскиот спорт и ракомет, беше клуб и репрезентација. Ќе биде жално ако нашиот единствен клуб со титула европски шампион заврши вака. ... http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8BA768091C550B4CA4672B30485C435D.jpg
  • Не давам веќе! ... Шпиц ... Оваа одлука не е лесно донесена, но моето повлекување не е нова работа, туку нешто што беше најавено уште минатата сезона и сега е само официјално потврдено. Идејата со моето влегување во ракометот беше да се поттикнат и други стопанственици, па и државата да вложуваат во врвниот спорт, но тоа не го постигнавме. Како единствен спонзор на клубот немам финансиска можност да ги следам современите ракометни трендови. Цените за издржување на еден таков клуб се многу големи и постојано се во пораст за 20-30 проценти годишно - образложи Костовски, изразувајќи надеж дека можеби неговото повлекување ќе отвори простор за привлекување други спонзори кои ќе го вратат клубот во европскиот врв...

No comments:

Blog Archive

Site Meter