- Дали имаме криза на нашиот политички систем ... ??
- Дали нашиот политички систем одговара на нашита потреби за демократско општество ... ??
- Дали треба нешто да менуваме во нашиот политички систем ... ??
Нашиот политички систем се темели на Парламентарна демократија - која во парламентот бира Влада ... Владата е главниот носител на нашиот политички систем ... таа е вистинскиот моќник на политичките процеси ... таа пали и гаси ... таа располага со буџетот ... и ги одредува буџетите на сите ... на општините ... на судовите ... на претседателот ...
Практично пратениците се само формални носители на највисоката власт ... практиката покажа дека се тие дури и роба со која се тргува ... се купуваат и се продаваат ...
Пртетседателот кај нас е претворен во англиска кралица и таков каков е не ни треба ... не ни требаат бруките во надворепшната политика особено затоа што се покажа дека сите претседатели се спорни ... т.е. за партиите се граѓани а не функционери избрани од народот ...
Локалната самоуправа е презависна од централната ... таа е само формална власт ... власт без пари е како директор без овластувања ...
Судската власт е подполно зависна од централната владина власт ... дури и врховните судови се тотално политизирани ... а како и не би биле кога се финасиски зависни ...
Што предлагам ...
- Претседателски систем по узор на САД или Рускиот модел ... со јака централна власт ... избор на предсетател во еднокружен систем на ниво на цела држава ... така ке се бира човек а не партија ... Претседателот ке биде овластен да избере Премиер а Премиерот во договор со претседателот би избрале најпотребните Министри ... драстично намалување на бројот на министерствата ...
- Намалување на власта на централно ниво и пренесување на власта на локално ниво ...
- Значи ставање на локалните власти на високо место ... зошто ... бидејки ние како граѓани најдобро ги препознаваме најнепосредните власти т.е. локалните ... тие се најблиску до нас ... Локалната власт секако треба да се состои од Гувернери - кои би биле бирани на непосредни избори ... Градоначалници кои истотака би биле бирани на непосредни извори ... Гувернерите би се бавеле со политичките прашања на локалната власт и централната ... наместо нашите пратеници ... Колку општини толку гувернери и градоначалници ... Градоначалникот би ја имал извршната власт во општината ... би бирал локале полициски шериф ... и така натака ...
- Градот Скопје треба да има посебен но единствен систем на управа - со еден градоначелник но повеќе гувернери ...
- Гувернерите ке се бираат на локално ниво но за општини со повеќе жители би имало повеќе гувернери ... Улогата на Гувернерите е во носење на законите и другите обврски кои сега ги има парламентот ...
- Потполно независна судска власт - со свој буџет ... судиите би биле професионалци кои ке бидат бирани од Гувернерите ...
- Ке постои и федерална полиција ... но во помал обем ... главите полициски сили треба да бидат локалните ...
- Секако на моделов му треба стручна доработка но контурите се тие ... пишани да ги разбере секој ...
No comments:
Post a Comment