Одавна е лоциран античкиот град “Билозора“ во средината на овчеполието, село Кнежје ...
- Постојат индиции дека во Овче Поле бил центарот на Пеонската држава, чиј најголем град, воедно и седиште на пеонските кралеви, Билазора се наоѓал во Овче Поле, на локалитетот Градиште (с.Кнежје).
- За ова во своите трудови зборува и професорот во Пензија Археологот д-р Иван Микулчиќ ... оваа предпоставка во своите трудови ја исфрла пред триесетина години ... и го Посочува Градиште во близината на Свети Николе за можна локација на Античка Билазора - која е седиште на Пајонската држава ...
Летово на археолозите Бобан Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети Николе им се посреќи и ги открија можеби крунските докази за убикација на Античка Билазора во локалитетот кај село Кнежје Свети Николе ...
- На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора ...
- Во последните денови од истражувањето од квадратите од кои најмалку очекувавме според видливите површински показатели, останавме изненадени од откритието. Обичниот квадрат М13, на кој неколкупати атакувавме и го напуштавме до длабочина од околу два метра ни го откри првиот камен блок од прагот на внатрешната порта на акрополата. Веднаш го препознавме класичниот опус и мајсторската обработка на камениот блок, кој го заземаше централното место на прагот на портата во кој бил издлабен за пропуст на атмосферски води ...
- потоа бил откриен главниот влез поврзан со внатрешната порта преку конкавна камена рампа долга 14 метри. ...
1 comment:
Vreme e da se preispita na koj nacin e napraven apsurdot so premestuvanje na Bylazora od bregot na rekata Vardar kaj Veses, daleku vo vnatresnosta na togasna Paeonia, kaj arheoloskiot lokalitet pri seloto knezje vo blizina na Sveti Nikole. Ima izgledi gospodinot Ivan Mikulcic da ima napraveno golem lapsus so negovoto fantomno lociranje na Bylazora kaj Knezje, bidejki toj osven suva sugestija za toa nema prikazano nikakov drug cvrst osnov. Vo dalecnata 1976 godina gospodinot Mikulcic e bil mlad i nezrel covek so nemanje znaenja za postoenjeto na drugi, alternativni gradovi kako sto se Psaphara vo Paraxiae, Philippoupolis vo Parorbelia, Antiginia vo Paeonia i Praesidio,mesto naznaceno vo Tabula Peuntigeriana. Nikoj ne moze da go ospori faktot deka Knezje e bilo srceto na togasna Paeonia, pa prema toa ima dobri izgledi na toa mesto da e postojal gradot Psafara, Philippoupolis, Antigonia i Presidio, site so proslost na edno isto mesto. http://www.macedonia.se/en/Load/55/kneze_sveti_nikole/
Post a Comment