Се вели дека во Македонскиот јазик има приближно 3.000 зборови кои се со турско потекло ... кои народот ги присвоил и ги употребува како свои ... секој од зборовите си има културен идентитет во генерациите кои поминале ... кои се сега и кои доаѓаат ...
Скоро сто години има како последниот турски војник ги има напуштено овие простори ... но 3-те љади турцизмите останале да живеат ... останале и некаде околу 80.000 турци ... тие се мост меѓу нашата и турската култура и традиција ... осем зборовите, останале многу и од обичаите (адетите ...) од турското време ... да речеме “турското кафе“ кое секое утро сеуште не буди ... не останало само турското кафе туку останал и обичајот да се ужива во турското кафе (локум ..) и специфичните чаеви приготвени во “џезвиња“ ... останал и специфичниот начин - споро да се живее животот и да се ужива во него .. да се има време за муабет со комшијата, пријателот ... тоа е дел од тој турски менталитет кој е вткајан и во специфичната оријентална музика ... која во вистинско време знае да те стане на маса ... да се развеселиш и опуштиш ...
Турската култура во петвековното владение на просторите оставила многу и сето тоа е дел од нашиот културен идентитет ... сего ова го кажувам за да потврдам дека културниот идентитет е нешто што се менува со текот на времето и историјата .... се прилагодува на историското време и настани ... културниот идентитет е нешто што многу влијае на идентитетот на секој поединец пред се но и на идентитетот на целиот народ ... во денешно време во време на глобализација, компјутерот, интернетот имаме придобивки кои се шират кон сите народи ... младите генерации прифаќаат заеднички културен идентитет кој се промовира преку филмот, музиката, спортот ... стилот на облекување ... со тоа сите стануваме граѓани на светот ...
Постот имаше намера да збоува за “турцизмите“ во нашиот јазик и како тие влијаат на нашиот културен идентитет ... но тежиштето на мислата во текот на пишувањето на постот отиде во глобалните текови и влијанието на глобализацијата ... прифаќајки ги културнуте вредности на современите народи се оди кон процес на глобализација на културниот идентитет кој пак особено влијае на вкупниот идентитет на поединецот ...
“GENS UNA SUMUS“ - Сите сме еден род ...
2 comments:
...а какво да кажем за българския език? :)
Anonymous - majstore,a koj e toj bugarski jazik..........originalniot bugarski ni ti ne go znaes,taka da segasniot vas "bugarski" jazik daleku e od onoj originalniot,neli? Moze eden mal komentar......turcizmite gi imaat site sto bea pod tursko,neli,sto do nekade e razbirlivo ama navleguvanjeto na angliskite zborovi kaj nas ,pa i okolu nas e smesno a tragicno sto prodolzuvame so toj t.n. trend.A ne sme pod nivna okupacija ........ili sme.Egeec.
Post a Comment