Денеска е Рамазан/дан Бајрам, државен празник на РМ ... ако прашате обичен човек што представува Бајрам ке ви рече денеска е празник на Муслиманите ... денеска тие честат баклава ...
Светиот месец Рамазан или Рамадан (арапски: رمضان ) е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светатат книга - Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.
Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.
Ramazan ... Ramadan ... Ραμαζάνι ... Ramazani ... رمضا ...
No comments:
Post a Comment