Владата и Скопските градски власти се во своевидна војна ...
Најпрвин градот реши да ја доврши финасиската конструкција на затворениота спортска хала “Борис Трајковски“ ... но го услови со преземање на управувањето на спортската сала од градот ... а целата работа тендерски одлучи сама да ја тера ... тоа се случи и со обновата на Гратскиот фудбалски стадион ... а еве исто сценарио имаме и со набавка на нови автобуси во градскиот сообраќај ... ако на ова ја додадеме кавгата околу чистењето на Вардар ... Владата и градот имаат проблем во кохабитацијата ... ист како и проблемот на кохабитацијата меѓу Председателот и Премиерот ... велат дека се слични односите меѓу Владата и гратските управи каде на власт е опозицијата ...
Децентрализацијата на власта, изразена преку децентрализацијата на буџетите на општините очигледно не е успешна - штом владата држи се во свои раце ...
- Владата реши да купи 102 двокатни автобуса за Скопје. До крајот на неделава Министерството за транспорт и врски ќе распише меѓународен тендер за набавка на автобусите, за средствата за тоа се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт.
- „Политиката се менува и ставени сме во подредена ситуација. Денеска официјално добив писмено известување од Владата дека била донесена одлука за купување 102 двокатни автобуса, за што најверојатно ќе бидат потребни двојно повеќе средства.
- Два од нив ќе бидат панорамски, едниот за разгледување на Скопје, а другиот за туристите кои ќе го разгледуваат Охрид.
- Познато ми е дека двокатни автобуси се користат во Хонгконг, Сингапур, Шангај и заради традиција се возат уште во Лондон. Само таму има фирма за производство на вакви автобуси, а знам дека ги одржуваат мајстори од Шведска“, вели Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“.
No comments:
Post a Comment