Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... вака на кратко изгледа сторијата на Утрински од денеска ... каде до детали ни се опишува што се` презела државата како обврска со приватен странски партнер - само да “го намоли/намами/привлече“ да инвестира во МК чудо “Царинската зона Бунарџик“ ...
Разбирам кога државата за ваков проект оградува земјиште, носи до него пат, струја вода, плин ... но не можам да разберам кога за проект кој едвај ке вработи 150 МК граѓани - се трошат толку големи буџетски средства (4,5 милиони евра државна помош) ... неможам да разберам зошто целата територија на Македонија не се прогласи за бесцаринска зона ... и да се искористат сите ресурси за инвестирање, стари и нови ... колку само стари фабрики кои порпаднаа со решени сите комунални проблеми и инфраструктура стојат на располагање, но се оставени на забот на времето ...
- „Џонсон контролс“ добива државни пари да инвестира во земјава ... ...
- ... според Договорот за инвестициски вложувања што го склучиле Владата и американската „Џонсон контролс“, која работи во слободната зона „Бунарџик“, таа во периодот од 2007 до 2011 година треба да добие најмалку 4,5 милиони евра државна помош.
- ... по 500.000 евра во текот на 2007, во 2008, во 2009 и во 2010 година или вкупно 2 милиона евра за изградба на објектот.
- Владата во 2007 година требало да и' додели на компанијата грант од 500.000 евра за тренинг на вработените, а за истата цел во 2008 година да и' исплати 400.000 евра, и исто толку пари во 2009 година, потоа 100.000 евра во 2010 и дури 600.000 евра во 2011 година, или вкупно за тренинг 2 милиона евра.
- ... во рок од две години да исплатува по 50 отсто од бруто-платите на вработените, што само од октомври 2007 до декември 2008 година изнесува околу 315.000 евра. Со оглед на тоа што оваа обврска ја презела Владата за период од две години, тоа значи дека ќе ги плаќа 50 отсто од бруто-платите се' до октомври 2009 година.
- „Џонсон контролс“, пак, се обврзала „да оствари инвестиција во производството во висина до 26,4 милиони евра во период од три години од започнување на градбата“ и „да вработи најмалку 150 македонски граѓани најдоцна до 30 септември 2009 година“.
И покрај ваквата обилна помош за привлекување на странски инвеститори на штета на домашните (пто е противуставно од аспект на рамноправноста на стопанските субјекти на пазарот во МК - за што предупреди на неколку пати и ЕУ ...), Владата ни сеуште не може да се пофали дека има успех во привлекувањето на странски инвеститори ... најдалеку се оди до потпишување на писма за намери ... разни “ронд-шоуа“ ... пари од буџетот за промоција за оваа идеја се трошат и тоа големи износи ...
Во оваа област се залагам за изедначување на странските и домашните инвеститори ... за јавност и транспарентност во трошењето на овие “суфинасирања“ на државата ... на претварање на цела Македонија во слободна царинска зона ...
No comments:
Post a Comment