Осем што блогирам јас и работам, сега за сега ... интернетот ми е средство со кое работам ... бидејки пушувам нови содржини, многу малку ми останува време да пратам други интернет содржини ... пратам уште тресетина други блогови редовно и уште толку повремено ... секако пратам и нови добри блог содржини на кои случајно ке налетам ... време за форуми имам многу малку - скоро и да не ги пратам ... многу ретко одам по бројните МК портали ... но ...
Од пред извесно време открив дека порталот Тime.mk - меѓу другите содржини прати и одредени блогови ... пратењето го прави на многу софистициран начин ... таканаречено автоматско вмрежување (веб 2.0 или 3.0) ...
Платформата за пратење на блог содржините му е прекрасна - автоматизирана во некој програмски јазик со изработена специјална програма кој се потпира пред се на можноста за автоматско RSS/следење ... на сето тоа е додадено нешто што првпат го гледам кај некој портал - тоа е линковско врзување, пратење на слични содржини на темата од постот ... нешто кое веќе неколку години го правам со мака на мојот блог (рачно што би се рекло ...) тие тоа многу успешно го направиле со помош на програма ...
Еве да го земем за пример мојот пост пред овој пост - Тime.mk вака го има проследено со абдејтирање во текот на денот ...
БЛОГ - пред: 1 час
Вчера во неколку изјави пренесени од медиумите Груевски децидно изјави дека никојпат како Влада не работеле на случајот за забрана на абортусот ... дека како Влада не стојат позади кампањите за забрана абортусот ...
Chill Out Zone: Абортусот како основно човеково право на ... - БЛОГ
Блогот на Gianni B.: АНТИ-АНТИ АБОРТУС КОАЛИЦИЈА?!!! - БЛОГ
Прекрасно изведено - им симнувам капа - автоматот посочил барем уште два блога каде е објавена слична вест ... им симнувам капа на начинот како ги следат блоговите кои ги избрале дека им се интересни за следење ...
Порталот е многу интересно и оригинално замислен и за другите содржини - проверете самите ... се чини дека го работи сериозен тим од неколку луѓе, во сериозна платформа и идеја ... од мене честитки за досега стореното и желби за успех во иднината ...
No comments:
Post a Comment