Филип II Македонски - Национална Арена ... Filip II Macedonian - Nationality Arena ... волунтаризам на патоказите ...
Вчера направив комплетна фото сесија на Илинденска за потребите на постот во кој го подржувам протестот на граѓаните на Илинденска ... ...
Човек чудно гледа кога гледа низ окото на својата камера ... тогаш ги приметува деталите ... оние кои вообичаено не ги гледа ... поминува покрај нив и не ги приметува ... Во очи ми падна волунтаристичкиот пристап на изработка на патоказите кон Филип II Македонски - Национална Арена ... Filip II Macedonian - Nationality Arena ...
Скопје е главен град на Република Македонија ... за вакви работи треба да има одредени стандарди кои мора да се почитуваат ... погледнете ја последната слика ... старите табли кои сеуште стојат кон Градски стадион се со некаков прифатлив стандард за главен град ... Патоказот тазе поставен ми личи на патоказ во некоја паланка, кој не заслужува да биде во Скопје ... Збунува и двојството на патокази ... како сега да го нарекуваме стадионот ?? ...
Особено на ова би се сител некој грчки фото репортер, кој од ова ке направи првокласна приказна која ке ја представи во некој светски медиум, за да покаже колку ниско ниво на цивилизациска култура има денес во главниот град на РМ ... Затоа драги мои надлежни - брзо сменете ги знаците ... и прилагодите ги на некој стандард кој веќе е усвоен на ниво на град Скопје ...
......................................................................
Тука завршува тој дел на постот околку знакот ... околу суштината која се сведува на муабетот на антиквизација и букефализација на Македонија и Скопје ... многумина се на мислење дека ние македонците не можеме да имаме нипто против споменици на славните Филип 2 и големиот Александар Македонски ... напротив ... Но сето тоа мора многу мудро и тактички да се изведува ... Во главниот град на сегашна РМ спомениците за Филип 2 и големиот Александар Македонски - не треба да бидат најголемите во Македонија ... такви најголеми треба да се изградат во градови во кои овие историски антички фигури престојувале/граделе ... Битола, Прилеп, Гевгелија и други наши јужни градови ... да, треба да има и во Скопје но не неајголемите во РМ ... зошто ...
На територијата на градот Скопје немаме никаков историски белег или архео локалитет кој се врзува со славните Филип 2 и големиот Александар Македонски ... тие во Скопје ниту биле ниту оставиле некаков белег ...
5 comments:
A da ne treba da bide NATIONAL namesto NATIONALITY ARENA?!
NATIONAL - pripadnost na nacijata (pr. nacionalna kujna = national cuisine) http://dictionary.reference.com/browse/national%20
NACIONALITY - nacionalnost (pr. Albanska nacionalnost - albanian nacionality)
за тој дел одличен пост напишал Развигор ... прочитај го ...
Патокази кои го скрнават античкото наследство за подсмев пред светот (Nationality Arena Filip II Macedonian)
Она „Nationality arena“ некој што не знае македонски ќе го прочита како „Националност арена“ (буквално неточно во било кој контекст), додека Филип II Македонски на англиски се пишува Philip II of Macedon. Зборот Македон на овој јазик ја означува историската „античка Македонија“. Вака напишано говорител на англискиот би го прочитал како „Филип II Македонецот“. Технички не е неточно, но ако веќе пишуваш нешто на странски јазик, треба да биде препознатливо за роден говорител, а не да мора да си го допреведува со цел да свати што сакал авторот да каже.
Повеќе на постот на развигор ...
Cirkus...neka go prevedat ova na inglish
Выражаю искреннюю признательность авторам ресурса [b]volanskopje.blogspot.com[/b] за отлично проделанную работу.
C уважением, [url=http://bisexy.ru]желающая познакомиться Рада
[/url]
Вам нравиться рыбалка? Тогда предлагаем Вам заглянуть на наш интернет ресурс www.wobler.com.ua. У нас Вы сможете всегда найти много актуальной информации о [url=http://www.wobler.com.ua] воблерах на окуня[/url], купить воблер на щуку судака, окуня и
других хищников по приемлемым ценам, как оптом, так и в розницу.
Post a Comment