Во петокот имаше средба на Граѓаните на Европска Македонија (ГЕМ) ... во Кичево. По Инцидентот што се случи во Струга повеќе од јасно беше дека нешто слично ке се случи и во Кичево, бидејки и Кочево е град кој во територијалната поделба ја изгуби доминацијата на етничката македонска структура ... територијална поделба која сеуште ја оспоруваат/ги боли Македоците од Струга и Кичево ...
читај повеќе »
Од постот на Жарко Трајановски - ГЕМ во Кичево: (с)илеџиите ја напуштија трибината! ... дознаваме како поминале во Кичево ... Имено во Кичево се случил вистински дијалог меѓу “Македоноидите“ и “Соросоидите“ ... “Македоноидите“ одкога едвај издржале да го слушнат уводот прекинувајки го Биљали во зборот - почнале да поставуваат незгодни прашања до “Соросоидите“...
- Најпрвин било поставено интересното прашање „Ај прво да ми кажете, кој е постар – Исус или Александар Македонски?“ Геро му направи ќеф и му кажа дека е постар Александар. Веднаш потоа беше изведен „логичниот“ заклучок дека Македонија е пред-библиска земја (наспроти постојаните укажувања на нашиот премиер дека Македонија е библиска земја).
- Говорникот продолжи со куп лични навреди и клевети кон секој од говорниците. Таков говор на омраза одамна немав почуствувано во живо (освен на блоговите од анонимните „борци за идентитетот“).
- И следните неколку прашања беа преполни со навреди и клевети од страна на група од петнаесетина граѓани сосредоточени во средината на салата. По секое навредливо прашање следеше аплауз од групата ...
- Клеветата дека сме предавници на името и идентитетот решително ја одбивме, укажувајќи дека и ние, како и нашиот премиер Груевски, сме за достоинствен компромис кој нема да ги загрози нашите национални интереси и идентитетот.
- Откако ја отфрливме инсинуацијата дека доаѓаме на трибини заради високи хонорари, ни беше забележано дека сега ни дошло до поставување прашања, иако на времето „Сорос“ имал кампања дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Милчин демантираше дека фондацијата стоела зад кампањата пред референдумот од 2004.
- На прашањето каде сме биле кога се донесе Законот за територијална поделба, одговорив дека во 2004 работев во Хелсиншкиот комитет, кој побара да се повлече законот, затоа што се прекршува Европската повелба за локална самоуправа.
- Не ни беше тешко да ги отфрлиме и клеветите дека јавно сме критикувале само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Коља укажа како на времето јавно пишувал дека културната политика спроведувана од СДСМ е дно, но дека сегашнава културна политика отишла уште подолу. (На трибината немаше многу простор за изразување, па еве на блогов да си се доискажам: Поскоро можете да ме обвините дека по 2002 сум работел за ВМРО-ДПМНЕ, отколку за кој и да е друг! Зошто? Па, тогаш ја пишував првата верзија од месечните извештаи на Хелсиншкиот комитет. Токму делови од тие извештаи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги преобјавуваше како дел од партиската кампања против СДСМ!?!).
- Најсмешно беше кога Роберто Беличанец беше лажно наклеветен дека бил син на комунистички арамија (парафразирам). Тогаш Роберто го праша провокаторот: „Дали знаеш како се вика татко ми?“ Овој му одговори дека знае, и го спомна името на еден поранешен функционер. Тогаш Роберто му одговори дека тоа е клевета, и дека татко му е обичен работник од Прилеп.
- За крај групата пробала демонстративно да ја напушти салата, за да им се приклучат сите - но поголема група останала до крај на средбата со граѓаните ...
Сметам дека вакви средби на оние кои се со спротивставени ставои треба да има што е можно повеќе - за да во борба на аргументи се искристализираат работите ... исто како што тука на блогерајов во борба на аргументи и ставови секој си ги изнесува своите гледишта ... така интерактивно ке дојдеме до заеднички можни решенија ...
До заеднички решенија нема да дојдеме ако секој си ја кажува својата приказна/за вистината во своето јато - како што се прави на неколку последни избори ... каде отсаствуваше спротивставувањето на ставовите и аргументите во заеднички трибини и дебатни емисии - во ДИЈАЛОЗИ ...
МОНОЛОЗИТЕ беа доминатни во последните неколку демократски години во Македонија ...
- “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ... 19 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... 14 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ... 11 Февруари, 2009
- “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009
No comments:
Post a Comment