- Уште еден удар на мојот начин на заспивање ... Медиумите лути на Советот за радиодифузија ...
- Дегутантно вадење на прљавиот веш на фамилијата на кандидатите ...
- Иронија и фарса во прибирањето на потписите ...
читај повеќе »
А. Уште еден удар на мојот начин на заспивање ... Медиумите лути на Советот за радиодифузија ...
По решението на владата во време кога веќе се распишани изборите - ги прекинаа промоциите и владините кампањи ... што му зададе тежок удар на моето заспивање (навикнат од детството да ме успиваат со приказни ... приказните на владата ми беа замена ...)...
Сега и “Советот за радиодифузија“ го дотолчи мојето лесно заспивање ... имаено реши да ги казни сите емисии во кои телевизиите на било кој начин ги представуваа кандидатите ... што значесе нов удар на мојот начин заспивање ... слушајки го Јанко, Петко, Станко како водител и Кандидатите за Претседател толку слатко заспивав од нивните приказни ...
Значи, пак ке морам да ја молам жената ми - да ми чита приказни ... мајками е веќе стара ...
Слушам деновиве по медиумите а читам и по весниците - медиумите страшно им се лутат на Советот за радиодифузија ... сега овој месец им ги поремитија сите планови за упикување кај кандидатите, како и паричка од рекламите и спонзорите кои одеа со емисијата ...
Б. Дегутантно вадење на прљавиот веш на фамилијата на кандидатите ...
Кога веќе сум кај кандидатите за Претседател, да кажам дека ние блогерите се спасивме од казни ... Советот за радио трансфузија (дифузија де ...), не не ни приметува ... да кажам и нештодруго, не се сложувам во вадењето на прљавиот веш - не за кандидатите туку за нивното семејство ... за нивните фамилии ... крајно дегутантно и невкусно е да н се раскажува што бил на пример таткото на некој кандидат, дали тој бил чувер - па во забавен сеирџиски стил да се шпекулира во стилот ... како тој со платата како чувар еди каде успеал да ги отшколува децата ... мора да мувал тој нешто ??! ...
Ваквите написи се крајно дегутантно сеирџиски ... да им ги оставиме фамилиите на кандидатите на мира ... од некои дури и слики од нивната младост им извадија ... можеби некој ке им ги спомне и швалерките и моментите грозје кога краделе во детскиот период ...
Сето ова покажува дека се играат прљави игри во кои се влучени служби, т.е. луѓе кои работеле во службите а досјеата за граѓаните си ги понеле по дома, да им се најдат ... Многу е веројатно некои да шетаат и по родните краеви на кандидатите ... да ни ги престават старите љубовни афери на кандидатите ... швалеството и неверството ... додуша, ако е ова за кандидатите - тоа се прави во целиот свет ... но луѓе оставете им ги фамилиите на мира ... не се тие криви што нивните, синови, браќа, вујковци се кандидати ...
В. Иронија и фарса во прибирањето на потписите
Само уште ова да кажам, да ми остане забележано ... се правеа калкулации/математички симулации,. како можело кандидатот на ВмроДпмне за три часа да собере 18.000 потписи ... од пуста желба на портпаролите на изборните штабови ке се направи голем проблем ... веќе се докажува голем скандал.пропуст во начинот на собирање на потписи ... каде некои кандидати се жалат дека министерството им врши опструкции ... а други кандидати се фалат дека за три сати, за еден ден се себрани не 10.000 туку 18.000 потписи ... како само така прецизно успејаа да ги избројат ... Еве и ДПА за еден дел собрала 10.000 потписи ... ке престанеле со натамошно собирање, бидејки несакале непотребно да ги мачат граѓаните ... која ифонија и фарса ... но и можен проблем од аспект на легалноста на изборниот процес ...
Е да, се слуша дека двете помоќни партии собираат потписи за кандидати кои не се нивен предлог ... така, демек - за Брат Љубе СДСМ собирал потписи ... тука се поврзува пријателството на Брат Љубе со Бучковски ... а за Нано Ружин - собираат потписи ВмроДпмне ... демек на ваков начин во првиот круг се прави математика дека ке се земат гласови на противничките диреттни фаворите ...
Многу математика се прави и за вторито круг ... како ке гласаат албанските гласачи ... По мене тие во вториот круг нема да гласаат т.е. вистински ке гласа многу мал процент ... голема е веројатноста за претседателските избори во вториот круг да не се исполни цензусот на излеззност од 40 проценти ... осем ако пак не се прави старото проверено сценарио на полнење на гласачки кутии во деловите каде гласаат албанците ... тоа ке значи крај на легалноста на овие избори и удар на ЕУ интегративниот процес ... којзнае можеби на некого му е цел ови избори да не успејат ... да си останеме ние по страна од КУРВАТА ЕВРОПА ...
Подолу можете да ги прочитате досегашните мои написи на тематиката на овие председателски избори :
- На Ѓорѓе Иванов му отворија блог ... или си отвори блог ... 30 Јануари, 2009 - 12:04
- Фрчковски - „Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам!“ ... Портрет - Гордана Дувњак ...други написи... 30 Јануари, 2009 - 07:18
- Ѓорѓе Иванов, се однесува како веќе избран Претседател ... 29 Јануари, 2009 - 09:39
- Словенските VS Aнтичките корени ... 28 Јануари, 2009 - 17:47
- Гужва на стартот на трката за претседателското место ... 28 Јануари, 2009 - 00:34
- Фрче - го извади оделото од нафталин ... Иванов - треба да оди кај стилист/логопед/комуниколог и да пазари нова гардероба ... 27 Јануари, 2009 - 11:27
- „Изборниот циркус“ - за претседател на РМ започа ... 26 Јануари, 2009 - 17:47
- Ѓорѓе Иванов ... за што се залагал во минатото ... што зборувал и пишувал ... 26 Јануари, 2009 - 12:39
- Кој е тој Иванов ... ??! ... Тачи, бившиот “Војвода“, контра Иванов ... 22 Јануари, 2009 - 16:40
- ВмроДпмне во лов на неопределените гласачи ... 20 Јануари, 2009 - 16:02
- Има ли договор Груевски - Бошковски ... 18 Јануари, 2009 - 11:18
- Ѓорѓе Ѓорѓи Иванов - новата звезда на МК политичкото небо ... 15 Јануари, 2009 - 19:37
- Специјална војна за компромитирање на претседателски кандидати ... ВМРО-ДПМНЕ ке истрча со жена кандидат за Претседател на РМ ... 13 Јануари, 2009 - 18:25
- Денеска цел ден нешто ми фали ... Аман, вратете ги рекламните кампањи ... 13 Јануари, 2009 - 18:00
- Ке имаме ли србско сценарио за претседателските избори ... ке имаме ли полит.дестабилизација пред/за/после пролетните избори ... 3 Јануари, 2009 - 14:14
- ВМРО-ДПМНЕ бара примирје со новинарите ... ги повлекува сите тужби за клевета во кои се инволвирани новинарите ... 29 Декември, 2008 - 17:28
- Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко ... 23 Декември, 2008 - 00:43
- Кога ке цркне нашето магаре ... Неизлегувајки на избори, народот порачува дека нема за кого да гласа ... 11 Декември, 2008 - 11:28
No comments:
Post a Comment