Search This Blog

Saturday, February 14, 2009

Мојата Транзициона Историја ... Е мој Викторе - блог пријателе ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=pictures/picture-4637.jpg

Во предходниот пост - “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... предизвикан од коментар на Viktor_Trifunov… ... пишав одговор кој еве тука ке го преставам како засебен пост ...

читај повеќе »

Е мој Викторе,

Незнам со што ти реално се бавиш ... дали водиш некоја приватна фирма и си препуштен на слободниот пазар кој го љубиш за единствено мериторен да одлучува кој е способен а кој не ... или само голо теоретизираш ... приватниот сектор го љубам и самиот ... скоро во цела Транзициона Македонија работам во моја фирма ... со многу променлив успех ...

Пред да ја отворам мојата приватна фирма со пари кои ги заштедив работејки во странство - која со љубов и надеж ја створив ... работев во една од најголемите фирми во Македонија ... безмалку броевме 12.500 вработени ... ја водев комерцијалата во таа градежна фирма ... делот кој беше задолжен за објектите кои ги градевме во странство ... Седиштето на моето ООЗТ за работи во странство беше објектот на Спортска медицина, сега го има преземено Царината ... годишно само што македонски што ЈУ стоки извезувавме за потребите на работите во странство над 25 милиони долара ... едно време имавме над 3.500 вработени во странство ... денеска таа фирма е преземена од “транзициски мешетар“ - кој го продаде имотот кој ние крваво го стваравме ... сега едвај неколку стотини вработени има таму ... таткоми погина работејки во таа фирма и ме остави сирак од две годишна возраст, не го ни паметам ... и не само мојот татко во фирмата додека се изведуваа градежни работи ни погинаа десетици вработени ... сите деца на тие наши при несреќи на работно место погинати работници беа згрижувани во фирмата ... јас сега немам ниедна акција во таа фирма ... а имам двоено неброени пари ... само за хотелите кои ги градевме со наши пари двоевме од нашите многу мали плати споредени со другите фирми ... Одкога излегов од таа фирма од жал по неа никојпат не стапнав во недна од зградите на фирмата ... поносот на Македонија ... добитник на АВНОЈ награда и на странска престижна и мериторна компанија која мери рејтинг ...

Искочив во фирмата кога видов дека почнаа да не се плаќа робата која ја купувавме ... кога беше доведен во прашање мојот образ на чесен човек ... да купиш роба а да не клатиш е нечесно ...

Почетокот на мојата фирма беше над моите очекувања ... добро одеше се до почетокот на фингираната војна во 2001-ва ... тогаш се затворија пазарите во Македонија ... да подсетам на почетокот работев со целиот ЈУ пазар ... тогаш ми одеше најдобро ... сеуше не се бевме раздружиле со Југословенските републики ...

Никојпат во мојот приватен историјат не сум одработел ниедна зделка со државата иако конкурирав на неколку тендери ... кога видов дека на два тендера на кои победив ... а тие се поништија за да се сменат условите и тендерот да го добие некоја нивна фирма ... јас престанав да конкурирам на државни тендери ... отворено ми бараа мито за да добијам тендер ...Во тој правец јас сум образуван/воспитан прилично старомодно/поштено ... реков ако треба ке пропаднам но мито не давам ... така завршија моите обидеи за работа со државата ...

Но види чудо, иако се одвиваше процес на срамна/криминална приватизација ... која не беше ништо друго туку “Пљачка покриена со закон“ ... државата преку Јавните претпријатија и администрацијата стана најголем стопанственик и најголем творец на БДП во Македонија ... единствено за вработувањето во државата има иљадници молби за вработување ... дури и банките даваат кредити само на оние кои се вработени кај државата ... само тие таквите се прифаќаат за жиранти ... оние најпаметните се одлучија да си одат од државата ... ке си одев и јас ... имав и каде ... но требаше да ја растурам фамилијата бидејки сопругата не сакаше да си оди од тука ... и пак поради мојата подтреба да ги почитувам фамилијарните вредности јас останав да се давам во транзиционата македонска каша ...

Е да, да те информирам во Транзициона Македонија немам ниту еден ден партијски стаж во ниедна партија ... тука е истотака мојот проблем - за да успееш во Транзициона Македонија очите е дека треба да си член на еден од двата “Партијски мафијашки клана“ ...

Од авион се гледа дека успешен приватен сектор во Македонија има само во неколку криминално приватизирани фирми во Транзициона Македонија, кои имаа:

  • фирми или природен монопол или привилегирана позиција на пазарот ... оној за кој ти велиш дека е слободен - капиталистички дух, демек ...
  • другите успешни приватни фирми се само човек/фирмите кои се основани за да работат матни зделки со државнита ...
  • се уништија неколку важни стопански гранки во име на приватизацијата ... се прокламираше дека спас е во малото и средното стопанство ... кое последните неколку години се уништува како коров кој се третира со отровен хербицид ...

Кутрото тоа мало транзиционо стопанство на неколку пати е прелажано од транзиционите мешетари ... луѓето ги извадија тешко заштедените пари од под перница ... ги вложија во купување на дуќани и правење на мали хали за производство ... вложуваа и во земјоделието ... за да по извесно време им пропадне инвестицијата - сосе заложените станови кои се заложуваа за да може да земеш кредит ... ниедна банка никојпат не прифатила залог за кредит - да биде самиот бизнис ... тоа е и причината што само во Македонија банки не пропаѓаат .. осем ако не ја рачунаш онаа лоповската на Смиленски & “државна/компанија“ ...

Партијските структури од двете поголеми партии во Македонија се вистинските газди на Македонија ... тие се како “мафијашка фамилија“ - која си има своја држава ... се бават и со строго забранети бизниси ... но секојпат највеќе со монополски позиции за добивање на државни тендери ... заштитени се како мечки со закони и полиција ... државните местени тендери им се главен приход ... тоа е и причината зошто меѓународните тендерите ни пропаѓаат ... особено оние најголемите ... тоа е и причината што немаме бренд банка влезена во Македонија ... ниту бренд компанија ... таквите компании не трпат мито и колупција ...

И како ? во такви услови човек што се бави во приватен бизнис - на “слободниот пазар“ во Транзициона Македонија да успее ... слободен пазар во Македонија никојпат немало мој Викторе ... тоа е најголемата флоскула во Транзициона Македонија ...

Ете јас ти ја раскажав мојата приватна транзициона приказна ... раскажи ми ја ти твојата ... за да видам колку си бил успешен во транзицониот македонски “слободен пазар“ ... ми остана како личен успех правилното усмерување/школување на моите деца ... и ништо друго ... сето друго е само едно големо разочарување ... никојпат не можам да бидам среќен кога комшијата/пријателот/сограѓанинот ми е сиромашен, без разлика дали јас имам или немам ...

Сите наши влади и сите врвни политичари немаат по ден поминато во приватни свои компании ... осем ако не се/биле дел од оние на кои државата/партијата на власт им доделува фини тендери ...

  • БЛОГ - зошто блогирам ... 12 Декември, 2006 ... ова го ставив тука ... бидејки многумина често ме прашуваат зошто блогирам и зошто си го губам моето и нивното време ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter