Наши деца последните десетина години често студираат во Бугарија ... Бугарија има/ше политика на позитивна дискриминација на МК студенти, во однос на своите студенти ... оние кои ке прифатеа дека се по род Бугари веднаш добиваа стипендии ако се од редот на подобрите студенти и места во студентското сместување ...
Понатака дел од поимуќните МК деца истотака одеа често на студирање во Бугарија - од причина што тие не можеа да влезат во квотите на дружавните факултетит во Македонија каде требаше да полагаат приемни испити ... затоа се одлучуваа да студираат во Бугарија на приватните факултети каде студирањето беше поефтино споредено со цените не приватните Грчки факултети па и МК приватни Универзитети ... на приватен факултет секој кој ке се запише добива диплома ...
Трета мамка за нашите студенти за да студираат во Бугарија е што на оделни факултети како на медицина на пример - дипломите важат и во ЕУ и светот ... додека на МК Медициски факултет дипломата сеуште не е призаена ...
И четврта причина зошто МК студети се одлучуваат да студираат во Бугарија е можноста потоа да останат или во Бугарија или да заминат во некоја европска земја, бидејки во меѓувреме сите добивајки Бугарски пасош добиваа можност да се вработат било каде во ЕУ ...
Инспирација за написот ми беше написот во Дневник - Дипломираат и остануваат во Бугарија ... дека овој напис е делумно вистинит е и случајот од мојата зграда ... од дваица студенти од зградата кои студираа во Бугарија ... се запишаа таму отога не поминааа на скопскиот Универзитет ... родителите им беа поимуќни па можеа да си дозволат да ги школуваат во Бугарија ... едниот студент, девојка најпрвин по завршувањето се вработи во Бугарија - воедно си ја најде и животната среќа, се омажи во Бугарија ...
За истата тема е отворена дискусија на еден БГ форум ... видете ја дискусијата тука ... причината зошто не одам на БГ форуми може да се види и тука ... еден од учесниците во муабетот ке рече - “...Македонското население се състои от българи, турци, арнаути, власи, евреи и цигани. ...“...
Оној момент кога на Бугарите ке им стане јасно дека во сегашна Македонија живеат Македонци - кои сами така се изјасниле и се чувствуваат како такви, тој момент ке тргне по нагорна линија севкупната соработка на двата соседни народи - кои во минатото имаат бурна и поврзана историја ...
Написот на Дневник е пренесен и тука ...
No comments:
Post a Comment