Search This Blog

Monday, February 16, 2009

Кој е во трката за градски татко/мајка на престолнината на РМ ... Скопје држава де ... Важно е да учествуваш - ни и да победиш ...


Градолначелник на Скопје иако треба да е многу моќна фигура ... секаде во светот тој е трета позиција по реална моќ во државата ... тој е сепак само бирократска фигура со многу малку надлежности поделени со општинските градоначалници ... и министерствата ... дел од надлежностите се префрлени само во образование и култура ... но оние најбитните како на пример доделување на градежно земјиште е сеуште во надлежност на Министерството за транспорт и врски ...

читај повеќе »

Градот со својот мал буџет едвај живуркаше ... едвај имаше пари за крпење на ударните дупки ... покрупните инвестициони проекти ги презема Владата на РМ ... само една покрупна инвестиција се направи со гратски пари почната и завршена во мандатот на Костовски ... Клучката кај Континетал ...

Костовски кој беше најлошиот Градоначелник на Скопје до сега, почна една процедура за формирање на една Општина Скопје, која ке го опфаќа само градскиот реон ... приградските населби да се одвојат како посебни општини ... и мене тоа ми личи на добра идеја ... и процедура за правична распределба на парите меѓу државната/владата/министерствата и локалната управа/општините ...

Еве кои се кандидатите за градскиот татко/мајка ...

  1. Коце Трајановски - ВмроДпмне ...
  2. Тито Петковски - НСДП, СДСМ ...
  3. Страшо Ангеловски - ВМРО-ДП и ТМРО-ВЕП ...
  4. Трпе Груевски - СДПМ ...
  5. Јанко Бачев - НДМ ...
  6. Мирјана Најчевска - ЛДП ...
  7. Лазе Еленовски - СДУ ...
  8. Душко Поповски - ЛПМ ...
  9. Драги Колчаковски - ВМРО-НП ...
  10. Шефкет Зеколи - ДУИ ...
  11. Аргетим Нагавци - Нова демократија ...
  12. ДПА ке оди само со советничка листа прдводена од Мевљан Љатифи ...

Почесниот лидер на ВМРО-Народна, Љупчо Георгиевски, и лидерката на ДОМ, Лилјана Поповска се откажаа од кандидатурите иако ги најавија ...

Пријавени се 11 кандидати и 17 советнички листи ...

  • изборната кампања почнува дваесет дена пред изборите, односно на 3 март, а завршува 24 часа пред денот одреден за гласање. ...
  • првиот круг на избори ке биде на 22 Март ...
  • евентуалниот втор круг по 14 дена на 5 Април ...
  • за да биде успешен изборот во првиот круг треба да победи кандидат кој има над 50 проценти од запишаните бирачи ...
  • во вториот конечен круг победува оној кандидат кој има највеќе гласови ... но услов е да има излезност од над 40 проценти од запишаните избирачи ...

Досегашни написи на тема Локални избори 2009-та:

  1. ЗоноМанијата е само “празна обланда“ - која се продава на невработниот МК народ ... 8 Февруари, 2009
  2. Промоција на личноста/партијата преку избори ... 6 Февруари, 2009
  3. Програма за избор на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... Што би направил кога би бил ... 31 Јануари, 2009
  4. Давам Пратеничко за Градоначалничко место ... ?!... 27 Јануари, 2009
  5. Љу(б)(п)чо Георгиевски кандидат за Градоначелник на Скопје ... ??! ... 24 Јануари, 2009
  6. Дали задолжувањето за 50 милиони евра за локални патишта е намерно темпирано во предизборието ... 25 Декември, 2008
  7. Демократско “чистилиште“ за малите партии ... 16 Декември, 2008
  8. Лопати со панделки - повторно ке станат трендовски артикли ... 13 Декември, 2008

No comments:

Blog Archive

Site Meter