Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура ... ова прашање го пратам повремено ... бројот на вработени и невработени во Македонија се прати преку три изветаи ... Преку соопштенија на ДЗС (Државниот завод за статистика ... ), преку соопштенија на државната Агенцијата за вработување на Република Македонија и преку специјални истражувања, правени преку разни Анкети за работната сила ...
Бројките од сите три извора се разликуваат во нијанси и мали проценти ... но сите три извора покажуват застрашувачки бројки на висока невработеност на МК население ... особено зголемена по првите години на транзицијата - гога се уништија големите системи, каде имаше голем број на вработени ... Во поседните десетина години бројката на невработени се движи близу 30 процентна невработеност во однос на бројот на работоспособното население ... што е страшно висока и поразителна бројака ... или структурата приближно се движи еден вработен, еден невработен, еден пензионер ...
Сите партии и политичари кога се борат да ја добијат извршната власт ветуваат дека кога ке дојдат на власт ке направат се` да се дојде до постепено зголемување на вработеноста ... па така имавме разни Бранкови Закони ... разни акции и ветувања дека секоија фамилија ке има по еден вработен ... и од друга страна ветувања на другите дека ке се даваат огромни субвенции за самовработување и разни други акции ...
Резултатот на сите досегашни влади е ист нема пораст на вработеноста ниту намалување на процентот на сиромаштијата кој е правопропорционална со тенденцијата на зголемената невработеност ... дури би рекол дека има повисока линија на движање, бидејки и голем дел од вработените и пензионерите, немаат висина на плата/пензија која им ги покрива нивните издатоци (оние најосновние) па така и тие влегуваат во процентот на сиромаштијата ...
Кои се најновите бројки кои ги објави Агенцијата за вработување на Република Македонија, а се однесуваат на бројот на невработени:
- Со состојба на 31.12.2008 година во Агенцијата за вработување на РМ, евидентирани се вкупно 343363 невработени лица.
- Од нив 71589 (20,9%) евидентирани невработени лица се изјасниле дека се пријавуваат само за остварување на правото на здравствено осигурување, а 271774 (79,1%), активно бараат работа.
- П Р Е Г Л Е Д на евидентирани невработени лица во периодот од 01.01.2008 до 31.12.2008 година
- ПРЕГЛЕД на евидентирани невработени лица во периодот од 01.01.2007 до 31.12.2007 година
Према последните две табели НЕВРАБОТЕНОСТА во Македонија ОПАЃА ... замислите сите сме во заблуда ... оваа Влада полека го решава проблемот на невработеноста ...
Би сакал да видам табела за истиот период на ВРАБОТЕНОСТА во РМ ... ако тука расте бројката, тоа ке значи вистински успех на оваа Влада - ако не тоа значи само успех на Агенцијата во бришење од списоците на невработени - што не го решава проблемот на невработеноста, туку само ни дава фингирана слика дека невработеноста се намалува ...
No comments:
Post a Comment