Имено, сите ние приметуваме дека има поголеми варијации во износот на нашите сметки за потрошена електрична енергија и дека разликите од месец во месец се разликуваат со некои 30% а некаде и повеќе. Пред приватизацијата на ЕСМ имаше случаеви кога инкасаторите од пуста мрза немаше да ги прочитаат сите струјомери и потрошувачката ја вадеа од ракав но со следното читање се доаѓаше до реалната состојба.
И сега највероватно се случува нешто слично но на малку покурнаски начин и со наредба од раководството. Кога се најави поскапување на струјата од 01.11.2008г. по наредба на предпоставените инкасаторите ја читаа состојбата на струјомерите околу 20.10.2008 и 28.11.2008 така да за потрошувачите Ноември траеше 38 дена и за 8 дена повеќе платиа 15% поскапа струја.
Сега вероватно на ЕВН и се потребни повеќе пари во моментов или пак можеби со најавуваната нова методологија на пресметка на цената на струјата можеби ќе дојде до нејзино намалување, или пак за покажување на помала заработка во фискалната година, за потрошената сметка за месец Јануар струјомерите се читани во периодот од 20.12.2008 и 08.02.2009 односно за потрошачите Јануари траеше 45 дена. Па кога ќе се земе фактот дека пола Јануар беше неработен и имаше пречести дефекти а сметките по фирмите се поголеми од тие во Декември, јас сум на мислење дека ЕВН не работи ко мали деца и го оправдувам евентуалниот притисок на инспекциите за вразумување на ЕВН.
.................................................................................
*** Ова го добив на меил од мој редовен читател со молба без да му го објавам името (зошто и од кого страв не ми е јасно МК граѓани се преплашени ...) да го пуштам како пост на мојот блог ... за проблемот посочуваат и медиумите кои веќе објавија дека граѓаните добиваат чудно високи сметки од ЕВН, особено оние кај кои е променето броилото и сега имаат броило поставено од ЕВН ... пред некој ден читав напис во еден од весниците дека новите броила кои ги поставува ЕВН не се контролирани/баждарени од ниедна државна лабараторија ... граѓаните тоа може да го сторат но на нивен трошок ...
- МАКЕДОНИЈА НЕМА НЕЗАВИСНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ БРОИЛА - ЕВН сам си ги контролира броилата ... Вест - Година: 9 Број:2599 Сабота 2/14/2009 ...
- Потрошувачите што имаат нови броила за струја, месецов добија и до двапати повисоки сметки за потрошената електрична енергија во јануари годинава. Иако сметките за јануари речиси секоја година се повисоки од вообичаено, меѓу граѓаните се појави сомнеж во однос на точноста на броилата.
- "ЕВН Македонија" лани замени околу 100 илјада механички со нови електронски или дигитални броила, со образложение дека се попрецизни и со нив потешко се краде струја.
- "По реакции од потрошувачи, направени се контроли на над 600 броила и утврдено е дека состојбата на броилата е еднаква на потрошувачката и нема непрецизно мерење. Овие контроли беа без надзор од Бирото, но отсега во постапката за атестирање на броилата ќе бидат вклучени и нивни преставници. Вообичаено сметките за струја за јануари се повисоки од оние за другите месеци поради празниците и пониските температури во јануари", велат од "ЕВН Македонија".
- Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со новите броила не треба да има големи разлики во сметките, доколку старото броило не било манипулирано или расипано. Граѓаните што сакаат да проверат дали броилото е баждарено, можат да се обратат кај Државниот инспекторат за техничка инспекција .
- Во Бирото за метрологија одговараат дека контрола на точноста на броилото може да побара само "ЕВН Македонија", а не и потрошувачот. Директорот на Бирото Димитар Парнаџиев објаснува дека лабораторијата на "ЕВН Македонија" е единствена во земјава.
- "Потрошувачот мора да се пожали кај 'ЕВН Македонија', а потоа ЕВН не информира дека има вонредна контрола на броило. Ние имаме информации дека ЕВН има постапки за контрола на многу броила, но ние досега немаме добиено ниту едно барање од компанијата да го надгледуваме процесот", вели директорот Парнаџиев.
Потрошувачот ги плаќа трошоците за атестирање ако се покаже дека броилото е исправно. - Граѓани што ги сменија броилата реагираат на сметките за струја - Утрински, Број 2644 понеделник, 24 март 2008 ...
- Поплаките најчесто се поради повисоки сметки, а кај дел од граѓаните сметките се без евтината и скапата тарифа ...
- Дел од граѓаните кои минатиот месец направија замена на старите струјомери со нови дигитални броила се збунети и реагираат по добиените последни сметки за потрошена електрична енергија. Некои од нив добиле речиси двојно повисоки сметки, некои, пак, имаат помала сума за струја, а на дел од нив сметките им се без евтината и скапата тарифа, ...
- Г.Т. од Скопје, кому во февруари му бил поставен нов струјомер, вели дека инкасаторот не можел да ги прочита потрошените киловати, бил збунет од бројките, па си заминал без да ја заврши работата. Инаку, Г.Т. вели дека новото броило постојано покажувало бројка 400. Кога граѓанинот се јавил во ЕВН - ЕСМ и побарал објаснување, му било одговорено дека многу граѓани го пријавиле истиот проблем и дека станува збор за броила кои биле фабрички неисправни.
- „Со новите броила граѓаните во никој случај не се оштетени“, велат во ЕВН - ЕСМ.
- ЕВН - ЕСМ веќе најави дека во текот на годинава на стотици илјади граѓани ќе им бидат заменети старите броила со дигитални по европски стандард. Замената е бесплатна, а целиот трошок е на ЕВН - ЕСМ. Од 700 илјади регистрирани броила во земјава, околу 600.000 се во домаќинствата, а акцијата започна прво за 100 илјади најдотраени броила, чија замена е оценета како приоритетна. - ТАРИФИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА - Неисправните струјомери ги пумпаат сметките ... Дневник, сабота, 09 февруари 2008 ... ...
- Неисправните бројачи за потрошена електрична енергија во домаќинствата ги пумпаат сметките за струја. Поради неисправноста на бројачите, ЕСМ-ЕВН не може на граѓаните да им ја пресметува струјата по скапа и евтина тарифа, туку по просечна цена.
- Последната сметка за струја што ја добив беше забележително повисока од таа за претходниот месец. На местото каде што вообичаено ја пишува цената на скапата и на евтината тарифа сега имаше единечна цена. Забележав дека на електричната табла воопшто не свети знакот за евтина струја ...
- ЕСМ-ЕВН објаснуваат дека кога ќе се расипе бројачот за потрошената електрична енергија, цената на струјата се пресметува по средна вредност. ... - ЕВН - ЕСМ наскоро ќе заменува 700 илјади броила со дигитални - Утрински, Број 2596 понеделник, 28 јануари 2008
- ЕСМ - ЕВН започна со замена на старите струјомери со нови - Утрински, Број 2498 сабота, 29 септември 2007
- ЕВН ќе ги легализира дивоприклучените корисници ... (31.10.2008)
- Претепани четворица вработени во ЕВН-ЕСМ ... Утрински, Број 2912 сабота, 14 февруари 2009
- Арачиновци нови дигитални броила ... Вечер, 12.02.2009 :: Бр. 14025 ... ... Согласно Законот за енергетика, ЕВН-Македонија мора да ги замени сите стари броила со дигитални струјомери, а тоа го прави бесплатно ...
- НЕЗАВИСНАТА РЕВИЗИЈА ГИ ПРОЧЕШЛА КНИГИТЕ НА АВСТРИЈЦИТЕ - Инвестициите на ЕВН пред Владата ... Вест Година: 9 Број:2595 Вторник 2/10/2009
Подолу ке Ви представам линкови од мои постари написи на тема струја ...
- Зависност од увоз на струја ... 12 Април, 2006 - 13:07
- Купувајте свеќи и кандила ке поскапат ... 12 Април, 2006 - 13:17
- Зошто повторно се задолжуваме со кредит за Електростопанство - нели го продадовме ... 20 Април, 2006 - 14:02
- Купи поскапо продај поефтино ?! ... 25 Април, 2006 - 16:06
- Струјата поскапува ... 12 Јули, 2006 - 10:08
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции ... 7 Август, 2006 - 23:54
- РОБИН ХУД - ВО СКОПЈЕ ... 2 Ноември, 2006 - 00:18
- СО БЛОКАДА ДО СТРУЈА ... 23 Ноември, 2006 - 11:31
- СНЕМА СТРУЈА ... 9 Март, 2007 - 13:07
- ОСЛОМЕЈ ... игри ... 20 Март, 2007 - 15:09
- ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА ... 31 Март, 2007 - 20:08
- ПЛАЌАМЕ незнаење и јавашлук ... 4 Април, 2007 - 13:24
- МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ... 30 Април, 2007 - 21:47
- ЈАГЛЕН - ТИМЈАНИЧКА ЦУЦКА - НЕГОТИНО ... 31 Мај, 2007 - 18:54
- ГЕОТЕРМАЛНИ ВОДИ ... 27 Јули, 2007 - 21:27
- Штетни договори и уште поштетно нивно непочитување ... 15 Август, 2007 - 09:51
- Мали Хидроцентрали (втор дел) ... 20 Август, 2007 - 09:18
- Смрди нешто со продажбата на ТЕЦ „Неготино“ ... 10 Октомври, 2007 - 19:06
- И на владата и засмрде во ТЕЦ „Неготино“ ... 26 Октомври, 2007 - 10:48
- Игри околу Воена болница ... повторно (околу струјата ...)... 30 Декември, 2007 - 12:57
- Струја & Влада ... 5 Јануари, 2008 - 11:56
- Јаглен за струја ... (увоз-извоз) ... 25 Јануари, 2008 - 18:03
- Струјата ... по изборите ... 27 Мај, 2008 - 13:17
- Има ли МК потреба и капацитет на нуклеарна електрана ... 7 Јуни, 2008 - 12:38
- Ке се грееме ли повторно на дрва и јаглен ... 18 Јули, 2008 - 15:08
- Џемпер наместо греење! ... 20 Јули, 2008 - 19:03
- Ценовен удар ... 29 Јули, 2008 - 11:28
- Струјата ... 30 Јули, 2008 - 10:42
- Струјата т.е. поскапувањето ке не дотолчи ... 6 Септември, 2008 - 15:30
- Ке преживее ли МК економија со 80 проценти увоз на скапа струја ... 10 Ноември, 2008 - 15:17
- Струја ... Со струјата работат аматери ... 1 Февруари, 2009 - 15:23
No comments:
Post a Comment