Search This Blog

Sunday, February 15, 2009

Груевски - изјава за спомениците во центарот на Скопје ...

http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/A22835819CBD594D8793822501F821CA.jpg
Го слушав сношти Премиерот кој гостуваше дваесетина минути во вестите на Сител ...
Има најмалку три работи кои ми беа интересни - да дознам како размислува Премиерот и шефот на ВмроДпмне ... тука ке се задржам само на спомениците, бидејки Премиерот првпат јавно даде изјава за досега најголемата тајна чувана во Македонија ... за спомениците кои ги гради/ке ги постави Општина Центар:
  • На прашањето на новинарот во врска со адутите на Грција - дека ние во таканаречената “антиквизација“ на политичкото делување на владата на Никола Груевски ... како што се називите на ајродромите и патиштата со Александар и Филип Македонски ... копање по историјата за античките корења на Македонија ... Грците тоа го употребуваат како аргумент кога ги убедуваат своите ЕУ и НАТО партнери дека Македонија е лошиот преговарач во преговорите околу спорот за името ...
  • На ова Груевски одговори: ...
    - Што се однесува до археолошките истражувања - тоа го прави секоја држава и Грција и Макдонија и Србија ... секоја држава секоја година од буџетот одвојува еден дел за археологија ... нивните обвинувања со спомениците што ги подготвува Општина Центар, практично станаа повеќе обвинувања на нашата опозиција во Македонија ... отколку обвинувања на Грција ... пошто Грција многу многу и не реагирала на тоа ... но, нашата опозиција многу повеќе оди на тоа дека спомениците што ги подготвува општина Центар се “антиквизација“ на Македонија ... јас се распрашав во општина Центар да видам за што точно се работи (дотука имаме впечаток дека пред да се распраша Премиерот не знаел за што се работи ...) и ке Ви кажам практично дека општина центар подготвува изработка на 17 споменици, од кој што само еден е од периодот на античкото време:
  1. тоа е споменикот на Александар Македонски ... сите други немаат врска со античкото време ...
  2. се подготвува споменик за св. Кирил и Методи ... класично словенско време ...
  3. се подготвува споменик на св. Климент и
  4. св. Наум ... истотака словенско време ...
  5. се подготвува споменик на Цар Самоил ... нема врска со антиката ...
  6. се подготвува споменик на Ченто ... блиско минато ... што апсолутно нема врска со антиката ...
  7. се подготвува споменик на Гоце Делчев ...
  8. на Даме Груев ...
  9. на Никола Карев ...
  10. се подготвува споменик на президиумот на АСНОМ ... каде што се сите кои што седеле на главната маса на АСНОМ ...
  11. вклучувајки го Михајло Апостолски ...
  12. Киро Глигоров ... знаете во време на ВмроДпмне се подготвува споменик на Киро Глигоров ...
  13. се подготвува споменик на оснивачите на ВМРО ... историската ВМРО ...
  14. се подготвува споменик на Јустинијан ...
  15. се подготвува споменик на Гемитџиите ... и уште неколку други ...
  16. на бранителите од 2001-ва година ...
- Тоа се активностите на Општина Центар ... и за тие споменици таа добива од опозицијата критика дека ке ја антиквизира Македонија ... занчи од 17 еден е од тој период ...
  • На прашање на новинарот: ... ај да се држиме по некој редослед ... Кога е во прашање надворешно политичкото дипломатското делување на оваа Ваша Влада - дали е точно дека дипломатите амбадорите во Скопје предупредуваат ... одредени претседателски кандидати дека Македонија влегува во изолација ... дека нејзините актуелни политичари не се радо видени гости во Европа и во светот ... дека ова е погубно во однос на ЕУ и НАТО аспирации ... ваквото делување на владата ...
  • На ова Груевски одговори дека едно се зборува а друго се случува ... (но да не ги мешам темите ке го прескочам делот за одговорот за изолацијата а ке продолжам со дополнување на изјавата за спомениците во центарот на Скопје ...)...
  • - Реалноста е едно а обвинувањата на опозицијата се состои во нешто друго ... практично нивната теза она за што тие ке се борат против ВмроДпмне ке биде:

    1. дека сме во изолација ... и тука јас немам намера да се бранам, бидејки реалноста го покажува спротивното ...
    2. и втората теза ке биде дека ние не сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО и дека ако тие бидат ке влеземе ... а ако ние останеме нема да влеземе во ЕУ и НАТО ...
    3. тоа се базира повторнона проблемот на името ...
    4. па тука го вадат проблемот со антиквизација ... па заради еден од вкупно 17 споменици кажуваат дека сакаат да ја антиквизираме Македонија ... јас на против тука не гледам разединувачки концепт ... јас таму гледам обединувачки ... затоа што на овие простори живееле во различни периоди различни личности кои што оставиле свој белег ...
    - во времето на антиката тој човек оставил белег ...
    - во времето на Самоиловото Царство друг човек оставил белег ...
    - во времето на Кирил и Методи - тие оставиле свој белег ... и така натаму и така натаму ...
    - така што концептот е обединувачки ... сите се застапени ... сите позначајни личности се застапени ... можеби некој е пропуштен но сите позначајни личности се застапени ... незнам зошто некој луѓето сака да ги дели на Словени и некој што сметаат дека потекнуваат од античкиот период ...
    - ние живееме на простор на кој што поминале многу генерации ... многу луѓе оставиле белег ... ние не можеме да викаме дали сме ние потомци на дедони или на прадедони ... на прадедому на прадедото ... ние сме потомци на сите што оставиле некаков белег на овие простори ... што живееле работеле дејствувале се бореле ... и од таа гледна точка гледам дека Општина Центар има прилично обединувачки концепт ... не ги дели на пример само да прави споменици од античкото време или само од словенското време ... или само од втора светска војна ... или само од времето на ВМРО и Илинденската епопеја и така натаму ... напротив од сите генерации, вклучувајки го и еден жив ...
    - тоа ке бидат нивните два адута не само на овие избори - веројатно и подоцна ... дека ние сме изолирани ... тука не сме многу изолирани - бидејки реалноста го покажува спротивното ... второто дека ние не сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО ... и напротив се трудиме да ја антиквизираме Македонија или незнам што да направиме ... па прикаски споменик на Тоше или Споменик на Александар Македонски ... тоа се според мене смешни работи ... мислам, неможе или/или ... туку и/и ... ние градиме и на Тоше споменик во Крушево и тоа спомен куќа, цел комплекс ... Општина Центар работи на Александар Македонски и на св. Кирил и Методи и на сите други ... така што треба да се гледаат работите обединувачки а не разединувачки ...
... .............................................................................
*** Се прашувам кој е 17-наестиот споменик кој го пропушти Премиерот во излагањето бидејки еден споменик фали во неговата изјава ... настрана од тоа што Премиерот и самиот рече дека можеби некој е пропуштен ... Подолу правам шпекулативен список која е можаната историска личност која живеела и работела во овие краишта, за кој споменикот е во изградба а ете Груевски заборави/пропушти да ни го каже ... ми доаѓаат неколку историски личности, кои живееле/владееле и работеле во овој дел на географска Македонија ... кои се прославиле со своето име во светската историја ... а ете во овој турнус нема нивен споменик во центарот на Скопје:
  • можеби Адам од Говрлево ...
  • можеби Славе од Македонија ...
  • можеби некој од бугарските владетели кои владееле со Македонија ... нели толку луѓе побараа БГ пасоши ... редно е и на нив нешто да им изградиме ...
  • можеби Мара Бунева ... таа чинам еднаш имаше споменик во центарот на Скопје ...
  • можеби Крале Марко ...
  • можеби Мустафа Паша - кој изгради прекрасна џамија во Скопје, го обнови римскиот водовод и ја преуреди старата чаршија каде и ден денеска егзистираат прекрасни градби од негово време ...
  • веројатно и некој друг градител од турско ... можеби оној кој се спомува дека го изградил Камениот Мост во Скопје ... не ми текнува на името ... ке го едитирам покасно ...
  • или пак Цар Стефан Душан (Силни) - кој е крунисан, живеел и од Скопје како негово седиште направил големо царство ... не колку на Александар Македонски ама бајаги големо ... во Скопје е пишан светски познатиот Душанов Законик ...
  • можеби на Цар Стефан Урош II Милутин ... оној кој изградил многу прекрасни средновековни цркви во Македонија - кои влегуваат во светско културно наследство ...
  • или пак на Цар Петар I Карађорђевић - оној кој по кумановската битка со турците влегува во цела денешна Македонија како ослободител од турското ропство ... и тој имаше споменик кај влезот на Камени Мост ... споменикот го срушија Бугарите - по ослободителното навлегувањето во текот на втората светска војна ...
Веројатно и јас пропуштив да наведам многу од историските личности кои живееле и граделе во Македонија ... но сите од горните личности заслужуваат барем една улица во Скопје да биде крстена по нивното име ... а зошто не и споменик ... сигурно не треба сите споменици да се стават во центарот на Скопје ... и со овие кои ке се изградат/постават во центарот - ке треба можеби странечки да одиме бидејки ке биде густо во центарот на Скопје ... Скопје е голем и широк град - за сите значајни историски личности има место ... и за сите треба да има и споменик ... така и ке дојдеме до историското помирување на сите кои порано живееле/владееле и оставиле историски белег на овој дел од Македонија ...

7 comments:

Anonymous said...

17itot e Tito ;)

Photo Volan said...

има веќе еден таков пред школото ...

Anonymous said...

Spekulacijava ti e malku sarkasticna ali nema veze......a za 17 spomenik.....pa pitaj Gruevskog covece .....inace bas me interesira kako ke reagira onoj Zarko,slovenot de,od zad karpatite, na izjavata na Gruevskog.........inace ako ne go najdes onoj 17-ot,jas go predlagam najgolemiot Vizantiski car od Makedonija,od selo Taor ili (Taoresium).......kako li se vikase.....a da, Justinian-prvi.

Photo Volan said...

Јустинијан е веќе во списокот ... значи не е тој ... кој ли е ...

би го прашал Премиерот ама немам меил од човекот ...

владата нема меил ...

Anonymous said...

Epa jebi ga.....

Anonymous said...

Probaj so opstina Centar,oni imaat sigurno,neli?

Photo Volan said...

Од нив (Општина Центар) новинарите досега не извлекоа ни збор ... а не јас ...

Дури мораше премиерот да оди кај нив за да се информира за што се работи ... и ете преку интервју да ни каже ...

Кај “Доларова“ се знае со што и како се влегува и излегува ... има ред жената ...

Blog Archive

Site Meter