Слика 1 водно како изгледало некогаш - голо брдо ... така му е и најстарото име ...
Слика 2. Место локацијата од Гоогле ерт - каде се предвидува да се прави селото ... на maps.google локацијатаможете да ја најдете ако кликнете тука ...
Секое чепкање и изградба на нови објекти на Водно е чепкање по белите дробови на Скопје ... Ние како скопјани треба остро да го дигаме гласот против таквите дејанија ...
На средно водно во близината на Св. Пантелејмон - владата иницираше проект за таканаречено Македонско село:
- на последната седница на Општината Карпош, советниците дадоа позитивно мислење и дозвола за истоимениот проект, а со тоа се согласија да дадат поддршка за отпочнување на активности за негово што поскоро градежно имплементирање.
- со овој плански проект се предвидува изградба на повеќе од јавен интерес како традиционални селски куќи, амами со преноќиште, бакалници, работилници за стари занаети, винарии и слично, изградени во комплекс уреден со паркови за прошетка, мал плоштад, дуќани за сувенири и атрактивна воденица со рибник која ќе го зазема централното место.
- против планот за изградба на Македонско село во Нерези беа еколошките друштва од Скопје. Ним не им се допаѓа идејата за уништување на природата на Водно и за изградба на комерцијални објекти.
- земјиштето на кое ќе се гради Македонското село припаѓа на Македонската Православна Црква, но таа веќе го има отстапено на Владата за негова преадаптација, која пак во наредните денови треба да распише тендер за избор на фирма која ќе го гради овој проект. ...
- Конкретната локација на комплексот е карши манастирот "Св. Пантелејмон", а ќе почнува со тамошните паркинзи и дел од падините на Водно, распослано на земјиште со вкупна величина од околу два хектари. ...
Ако на владата и владините службеници им треба блиско место каде ке ги носат своите швалерки, нека го реставрираат хотелот на средно водно ... нека ни ги остават плуќата здрави ...
Ако сакаме да покажеме какво е вистинското МК село имаме премногу прекрасни локации ширум Македонија ... Од Галичник до Река има толку многу убави МК села - кои се и така празни ... а сигурно има уште десетици такви локации ... воопшто не ја разбирам владата - зошто толку лесно сака да прави “село“ на водно, едновремено уништувајки неколку хектари шума ...
Слика 3 уште еден доказ за скопкото голо брдо - т.е. сегашно водно ...
Слика 4. каде сегашните политичари ако сакаат да ги носат нивните швалерки на водно, можат да реконструираат стари згради ... кликнете тука за да ја отворете maps.google локацијата ...
2 comments:
Devastira....? Valjda sakase da napises unistuva.....so vakov odnos kon makedonskiot jazik mislis pobrzo ke vlezeme vo nato i eu.......inaku Vodno e tapa,siluvano koj kako i koga saka.....steta
Inaku potpolno si vo pravo batka......
Post a Comment