Вчера во дуќанот ми влегоа дваица луѓе од оние што работат во паркови и зеленило ... гледам и дваицата шетаа со гребло во раката ... не верувам дека нешто на овој студ/снег со греблата ке собираат но ете така излегле од нивната блиска просторија каде се собираат, се договараат што ке работат тој ден ... ме прашуваа нешто за некои цени ...
читај повеќе »
Бидејки ги познавам луѓето поради честите сликања низ паркот во мојата населба ... Ги запрашав да ми кажат:
- Има ли кај нив луѓе што доаѓаат да ја “одслужат/одработат“ комуналната казна ... да велат има ...
- Можете ли да ми кажете колку луѓе до сега од почетокот биле кај вас да ја одработат казната ... има околу дваесетина, од стартот на казнувањето, значи од летото навака ...
- Што структура на луѓе се и за што биле казнувани ... претежно беа оние женичките што тука диво продаваа производи, произведени во нивните бавчи, цвеќе најчесто ...
- Добро велам, зарем немаше некој што е вработен - некаде ... не, сите што беа тука сите беа невработени и со многу беден социјален и имотен статус ...
Ме разочараа ... се запрашав, каде ли ги одработуваат казните оние кои што работат ... и како го оправдуваат своето одсаство од работа ... прашањето остана неодговорено ...
Бидејки гледав дека уште им се муабетеше, надвор беше се постудено/мирисаше на снег - ги запрашав:
- Како се задоволни со нивните плати ... мизерија вели - 12.000 денари ми е платата ... како тераш пријателе ...
- Кај живееш имаш лли деца, жена, работи ли уште некој од фамилијата ... ми кажа дека има три деца, жена и дека не работи никој друг во фамилијата ...
- Ми појасни дека живее во куќа во околината на Скопје во една од дивите населби ...
Несакав понатака ништо да го прашувам, си помислив како ли човекот го тера месецот ... за што попрво да ги потроши тие 12.000 денари ... толкава е одприлика месечната потрошувачка кошница ... камо за струја, вода, греење ... облека и ред други секојдневни потреби ... си помислив во себе - овој човек иако е вработен, всашност е социјален случај ...
Се поздравија и си отидоа ... во мене остана само горчината од вкусот на нивната судбина ... зажалив што воопшто ги прашав нешто и им дадов можност да се изјадосаат ... Мои министри и моја Владо ... шетајте меѓу народот и видите како живејат ... но не шетајте како министри ... шетајте како обични луѓе ... чујте го писокот на Вашиот народ ...
2 comments:
Da se nadovrzam druze,istite ovie zbotovi treba da vazat i za opozicijata,koja na zalost ja nema,ne postoi,odnosno ja ima ama kako da ja nema......tuka e celata tragedija batka,ne mozat da se nadminat samite sebe.
се сложувам дека важат и за нив ... они до вчера беа влада и министри ...
Post a Comment