Search This Blog

Tuesday, February 03, 2009

100 публикации за културното и природното наследство ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/16Large-2.jpg?t=1230511067

100 публикации за културното и природното наследство ... голема и округла бројка која се најавува од Министерството за Култура, проект кој треба да се реализира до крајот на годината ...

читај повеќе »

  • Културното и природното наследство во земјава годинава треба да се најде собрано на едно место, во планираните 100 публикации што како обемен проект со средства од владата, до крајот на годинава треба да го реализира Министерството за култура.
  • Веќе е оформен и потребниот мешан одбор составен од различни профили стручни лица, чиј претседател е директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.
  • Богато илустрирани, научно - популарните публикации наменети за културно - туристичка презентација на земјава, ќе бидат отпечатени на македонски, албански и на уште пет јазици и ќе бројат од 16 до 20 страници.
  • „Ова е најголемиот издавачки проект годинава од областа на културното наследство“, посочува Кузман информирајќи дека истиот треба да ги опфати веќе потврдените сознанија за највредните археолошки локалитети, сакралните споменици (христијански и муслимански) како и за природните богатства во земјава.

Повторно голем проект на издаваштво, овојпат за промоција на МК културно наследство ... проект за поздравување - но веднаш и за критика ... Зошто овој проект не го прати Он.Лајн Издаваштво ... имено вакви трудови авторите ги кријат по своите фиоки за да измољакаат пари за нивно издавање ...

Неоспорно е дека за трудот треба да добијат пари - но зошто прва проверка дали вреди трудот не се направи на Он.Лајн пројект ... на Македонски и на Англиски и уште на некој странски јазик ... па од кога ке се проверат научните дострели да се публикува ... вака од откритието до публикувањето на научниот труд/сознанието често поминуваат и по десетина години, а некои откритија остануваат само по фиоките да ги јаде прашината ...

Мои написи поврзани со темата:

  1. “ЈАЛОВА АРХЕОЛОГИЈА “... Нов современ пристап во ареолошките истражувања ... ...
    - Како доказ за непостоење на јавност во истражувањата ке посочам на последниот двегодишен Собир/20-ти Симпозиум на археолозите во Кичево ... каде на нас како јавност само ни се сопштува програмата на симпозиумот а никаде нема ниедна презентација од тридневната стручна расправа на археолозите ... сето тоа остана сохрането меѓу нивните меѓусебни стручни расправи ...
    - Оваков застарен пристап во археологијата мора да доживее реформа која ке се движи во правец на зголемена јавност на археолошките истражувања - која ке се постигне со промтни објавувања на археолошките истражувања користејки ги интернет технологиите ...
    - Самите археолози ке “добијат на лепота“, како што вели народот кога почесто ке бидат медиумски експонирани ... секако дека не е битна нивната убавина, иако се вели дека меѓу МК археолози има најзгодни археолози/шкињи во планетарни размери ... туку е битно што преку јавноста на нивната работа ке се створи оправдување за се` поголемото трошење на јани пари ... а оној кој ги дава тие пари заслужува да ги добие веднаш и резултатите од трошењето на тие пари ... така ке се наградуваат луѓето кои работат а ке се изолираат оние кои никојпат не објавуваат за своите ископувања ... јас тоа го нарекувам “ЈАЛОВА АРХЕОЛОГИЈА“ ...
    - како неархеолог кој за археологија се инфирмира пред се од интернет ... сметам дека надлежните институци премалку го користат интернетот како аудиовизуелно средство за да ги запознаат граѓаните (и широката стручна јавност ...) со што тоа Македонија располага во археолошка смисла ... да покажат дека на просториве на МК континуирано живеат луѓе/цивилизации од неколку милениума пред Христа и по него се разбира ... тоа е културен идентитет кој никој не може да ни го земе, а со тоа тоа е дел и од националниот идентитет ... од взаемното компонирање и рекомпонирање на оделните културни периоди, дефинитивно е створен нашиот денешен Национален и Културен Идентитет ...
    - ке упатам повторна критика што МК археолози не ги представуваат пред светот поагресивно наодите од МК архео-локалитети ... погледни за пример која големина се сликите од МК сајтот за Вардарски Рид а која големина се сликите од Американскиот тексашки институт ...
    - има чести примери дека во музеите се забранува сликање на артефактите ... ЗОШТО ... или до скоро се забрануваше убицирање и јавно објавување на архео локалитетите ... ЗОШТО ...
    - дали тоа науката т.е. археолозите (дел од нив работат ЈАЛОВО ...) си ги присвојуваат локалитетите за свој научен престиж - ги кријат резултатите од ископувањата (сето покриено со закон за демек научно истражување ...)... ја мољакаат државата за книга или каталог ... тоа е ЈАЛОВ пристап во археолошката наука ...
    - во денешно време кога за многу малку пари може промтно да се покажуваат резултатите и по стручните форуми може брзо да се дојде до размена на сознанија ... бидејки архео локалитетите се светско културно наследство ... НЕОПРОСТИВО е што не се публикуваат промтно резултатите
    ...
  2. Музејот на Македонија - годишна археолошка изложба 2008-ма ... фото сторија ... 29 Декември, 2008 - 01:10
  3. АРХЕО-ЦРКОВЕН туризам - МАКЕДОНИЈА ... 25 Мај, 2007 - 13:12
  4. Како да заработиме од културното наследство ... 8 Јуни, 2006 - 14:21
  5. ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти ... 18 Октомври, 2006 - 12:44
  6. АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО ... 26 Октомври, 2006 - 05:06
  7. ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет ... 14 Октомври, 2006 - 14:04
  8. Архео-локалитети во МК ... стории ... 25 Октомври, 2008 - 15:55

2 comments:

Anonymous said...

[color=#3d81ee]Музыкальная группа [url=http://dejavu-group.ru/index.php]Dejavu-group[/url] - это коллектив дипломированных вокалистов и музыкантов.
[url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Deja Vu[/url]- законодатель в области музыкального оформления корпоративных вечеринок, свадеб, торжеств, шоу программ, музыкальных ыечеров.
В копилке Музыкантов Дежа вю более 3000 произведений.
Только живое исполнение. Ретро, хиты 70-80-90-х, джаз, диско, поп, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон.
Музыканты Deja Vu располагает мощной качественной аппаратурой, которая позволяет заполнить приятным уху звуком как небольшое помещение (фуршет), так и огромное пространство (корпоратив до тысячи человек).

Игорь +7 916 623 4047 [/color]

Anonymous said...

[color=#3d81ee]Музыкальная группа [url=http://dejavu-group.ru/about_us.php]Дежа вю[/url] - это коллектив виртуозных вокалистов и музыкантов на праздник.
[url=http://dejavu-group.ru/index.php]Dejavu-group[/url]- лидер в области проведения и организации концертов, свадеб, копоративов, дней рождения, музыкальных шой программ, дней рождения, музыкальных шоу.
В репертуаре Музыкантов Deja Vu около 3 тыс. песен.
Живой звук. Ретро, хиты 70-80-90-х, джаз, диско, поп, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон.
Музыкальный ансамбль Дежа вю обладает мощной качественной музыкальной аппаратурой, позволяющей наполнить плотным и приятным уху звуком как компактное помещение (фуршет), так и огромное пространство (корпоратив до 1 тыс. человек).

Андрей +7 910 483 8294, Игорь +7 916 623 4047 [/color]

Blog Archive

Site Meter