Во напор што подобро да се наполни државниот буѓет, државата зајде во барање на секојдневен начин како да го дополни буџетот ... од кого, ако не од своите граѓани ... смисли начин драконски да ги казнува за било што ... денеска ако излезеш од дома и појдеш до центар да речеме ... ако те начекаат ке бидеш полесен за 1000 евра ... ако отвориш фирма казни драконски фрчат за било каков прекршок ... систем е тоа ... ...
Секојднево се жалат многумина ... нагласуваат дека позади реформите кои се најавуваат како спас за стопанството ... стои всушност полнач на буџетот ... од кого, ако не од своите граѓани ...
- веќе напишав порано дека малото стопанство е на удар, бидејки тоа е бројно и државните службеници мислат дека на нив им тече мед и млеко и менувајки ги условите за работа - всушност го затвараат малото стопанство ... пропаѓаат иљадници мали приватни инвестиции ... односот е дваица вработени во реалниот сектор - наспроти еден аминистративец и еден пензионер ...
- занаетчиите се жалат дека со новиот закон треба да платат два пати повеќе од адвокатите ... се мисли на доприносите ...
- пријател полицаец ми покажа решение дека е казнет со 20 проценти од неговата плата бидејки во некој ден не казнил доволно граѓани ... имал НОРМА да казни 10 а тој успеал да казни само 8 ... за неизвршената норма следело 20 проценти казна на неговата плата ...
- патриотските каси беа еклатантен пример каде државата се омрси ... на сметка на граѓаните ...
- даанокот на вкупен приход, кој падна на Уставен исто беше обид да се наполни државната каса ...
- најново сега е масновното утужување на приватните фирми - особено оние човек фирми кои не платиле доприноси за здравство од 2003-та до 2008-ма ... сето е утужено преку приватни адвокати .. а подоцна по одлуката на судот ке следат приватни извршители ...истите оние кои со радост ги дочекаа дипломите/уверенијата или што ли документ беше со кое се овластуваат да вршат попис на имот за да утераат долг ... особено ако се работи за долг кон државата ...
Постот всшност е реакција на еден меил во кој еден мој читател ме моли да го објавам неговиот “случај“ - меил во кој тој всушност одговара на тужба на Фондот за здравствено осигурување ... еве подолу ке ја проследам ... ке ги избришам деталите за да се сокрие идентитетот на човекот и неговата фирма ... човекот е еден од оние таканаречени човек фирми ...
...................................
Те молам пушти го ова на твојот блог ... може има уште вакви несреќници како мене ... може некој ке даде некој предлог како да се спасиме од тужбиве ..
број (М.В. IV бр...../08)
ДО: РМ ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 2 СКОПЈЕ
ОДГОВОР НА ТУЖБА
Од 01.Ноември.1979-та/ до 31.Мај.1991-ва бев вработен во............. ... Во таа 1991-ва година се одвиваа процеси на почеток на пропаѓањето на големите општествени фирми ... следејки го тој процес осеќајки дека општествениот сектор пропаѓа во времето на тогашната Влада на Анте Марковиќ решив да ја опробам среќата во приватниот сектор, отвојајки ја мојата приватна фирма ....“..............“-Скопје ..
Бидејки не сакав да седам на две столици кога веќе имав своја фирма решив да излезам од ...“.....“-Скопје, која во зенитот броевше .......... работници ... Бев млад економист со стекнато 11 годишно искуство од голема општествена фирма ... веќе фамилијарно женет со две тогаш мали дечиња ... почнав да работам со елан во мојата фирма и работата тргна ... не течеше но капеше ... сосема редовно ги подмирував сите трошоци и према комитентите и према државата ..
Доминантна работа со која се бавев беше трговија на големо со .............. за ... купував роба од реномирани фирми во Југославија/Македонија и продавав роба во Македонија но и во Југославија ..
Првите проблеми настанаа кога се раздружуваше Југославија ... тогаш ми се скрати пазарот, неможев веќе слободно да работам на територијата на Југославија, трошоците пораснаа сега за царинење на робата од ЈУ ... брзо дојде и ембаргото кон Србија ... сето тоа за мене значеше затварање на пазарот и губење на комитент по комитент и како добавувач но и како купувач ..
Сериозни проблеми настанаа со избивањето на конфликтот во Македонија во таа 2001 година ... ми се скусија пазарите сега во цела западна Македонија ... имав двоен страв ... од една страна да дадам роба а да не ми платат а од друга страна сериозно беше нарушена безбедносната ситуација и имав страв да патувам во западна Македонија заради својата лична безбедност ... но сепак некако гурав до Јаноар 2002 година, редовно исплатував плата со сите доприноси ..
Отогаш навака трае мојата голгота на мала приватна фирма која не се снајде во новите транзициони движења ... навистина не должев на никого – осем на самиот себе немав плата, а бидејки немав плата немав платено ни доприноси од плата (здравство, пензиско и другите доприноси од плата ...)..
Веројатно во тоа време од сегашна гледна перспектива требаше да ја затворам фирмата и да се пријавам во заводот за вработување, ако ништо друго ке имав здравствено осигурување а можеби и некои други права ..
Од јаноар 2002-ра до денеска мојот живот се состои како и на многу други во таканаречено снаоѓање, крпи ден помини ... Фирмата ја ставив во активно мирување ....“............“-Скопје ... делумно 2002-ра, цела 2003-та, 2004-та, 2005-та, 2006-та, и поголем дел од 2007-ма, фирмата беше во активно мирување ... значеше редовно ги известував надлежните органи дека во тие години немав никаков промет на жиро сметка – ниту било каква деловна активност ..
На крајот на 2007-ма година се полажав дека можеби пак има клима да почнам да работам ... позајмив пари и отворив нов мал бизнис ... тоа беше мој четврт обид со различен мал бизнис ... веќе беше дојдено време и синот да се вработи ... бидејки немаше работа, се обидовме повторно да ја опробаме среќата со сега мал фамилијарен бизнис ..
Но пусто се виде уште на стартот дека не оди, народот оди со наведнати глави и празни џебови ... објектот кој беше под кирија само ми правеше трошкови ... а моите позајмени пари се множеа ... отаму и во овој период повторно крадев од самиот себе и неможев да исплатам плата и доприноси од плата ..
Точно во време кога решив да го затворам и овој мал бизнис дојде тужба од: Фондот за здравствено осигурување на Македонија – заверена како предмет во Основниот Суд Скопје 2, под деловоден број (М.В. IV бр...../08) ..
Во тужбата Фондот за здравствено осигурување на Македонија, преку овластен адвокат ме тужат за основен долг од 88.955,00 денари + дневна камата ... за неплатени придонеси за здравство за период од Јаноари 2003-та – до Феброари 2008-ма ..
Како што видовте од мојата кратка транзициона историја во тоа време фирмата беше во мирување, без никакви финасиски активности ... спремен сум ако треба истото да го докажам со соодветни докази ... од Централниот регистар и Управата за приходи ..
Немам сила нити стручност да ги гледам законските основи за тужба ... но логиката моја е следна ... ако не сум бил деловно активен ... не сум работел, не сум исплаќал плата – како е возможно некој за толку години уназад да ме тужи за обврска која е месечна ... на фондот му стоела веројатно можност многу порано да си ги побара парите кои сега ми ги бара ..
Понатака не ми е јасно како може фондот да ме тужи за услуга која не ми ја испорачувал ... имено за да можам да се лечам во нашиот здравствен систем, осем здравствена книшка треба да имаш и зелени картони ... јас бидејки не сум исплаќал плата, не сум исплаќал на придонес за здравство ... сум немал ни картони за лекување ... сето ова подсеќа на еден виц во кој се бара да се наплати услуга затоа што нешто ти стоело на располагање ... не си го користел ама ти стоело на располагање и мора да платиш .
Нема испорачана услуга - нема плаќање, така е нормално да биде ... но во нашите закони се е можно, па дури е можно и Фондот да е “во право“ по некој закон/пропис .
Досега само еден господ ме чувал ... Здравствената книшка, која по потреба можам да Ви ја доставам на увид, не е користена од моментот кога започнав со приватната работа ... од 1991-ва се до ден денешен нема ниту обичен преглед направено ... книшката е празна .
Ете тоа е мојата лична кратка транзициона историја ... поврзана со вашата предметна тужба ... Оставам на вашата професинонална совет да одлучите како што ви налагаат законските прописи ... не ми се познати овие правни работи ... има ли застареност ... има ли воопшто основа да ме тужи фондот ... Како и да е сигурно не сум еден единствен со ваква тужба, верувам дека сме иљадници ... Вие како суд ке се затрпате со иљадници предмети за одлучување а ние како поединци ке ги затвориме нашите фирми – бидејки не сме успешни приватни стопанственици ... ни пропаднала идејата и ете на крај ке ја затвориме фирмата, не заради тоа што сме должни на некое приватно лице или фирма ... туку сме должни на државата, која има реална моќ да донесе вакви закони/прописи кои се веројатно и противуставни ... со оглед дека неможе некој да ми наплатува тоа што не ми испорачал .
Напоменувам дека предметот е примен на домашна адреса на 12.Феброари.2009 – та ... го примила сопругата и се потпишала со ставање на датум кога е примена тужбата ... ова заради тоа што во поканата стои како да ми е доставен предметот на 12.01.2009 год. ... а има рок за одговор на тужба 30 дена .
“........ ....“-Скопје ДООЕЛ
No comments:
Post a Comment