МК дневни весници сеуште не се спремни за добро интернет издаваштво ... веројатно сеуште од таму немаат некоја материјална корист ... компаниите и бизнисите во Македонија сеуште не го препознаа интернетот како место каде треба да се рекламираат ...
Ретко кој МК весник во своето интернет издание става линкви, кои се повеќе од култура во интернет издаваштвото ... просто се вадам од кожа кога интернет адресите се пишуваат на кирилица ... како да е забрането со закон да се напише некој збор на латиница ... смешно испаѓа ... често сето ова знае да упропасти одличен напис ... и е проблем за луѓето да го прошират знаењето околу приказната која ја третира написот ...
Пример за ова што го говорам, каде на одличната приказна во Вест ... ГО ЖИВЕАТ АМЕРИКАНСКИОТ СОН - "Еми" за Благица од Македонија, триесетгодишна девојка која е втора генерација на иселеници од МК ... на нашата новинарска ведета Ана Зафирова - која е на студијски престој во САД и во последно време ни представува приказни за наши успешни Македонци/ки кои живеат во САД како прва, втора или трета генерација ... Сите интернет адреси во новинарскиот напис се представени на ваков начин:
- АРЦ Њорлдњиде
- њњњ.орбитз.цом
- Љ Интерацтиве
- Бсолутионс
- Цхицаго Интерацтиве Маркетинг Ассоциатион
- НБС5 Стреет теам
- Маркус Рајли
- Мајкл Ботиљеро
- Лооптопиа
Да пробам на подруг начин да ја представам Благица Стефановски - Ботиљеро ... Blagica Stefanovski Bottigliero ... добитник на “ЕМИ“ ...
- Mrs. Blagica Stefanovski Bottigliero ... Chicago, Illinois - United States ... Digital Media Strategist and Entrepreneur ...
- Blagica (blah-gee-tsa) Bottigliero is an Emmy award winning online marketing consultant, blogger and web entrepreneur ...
- blagica stefanovski ...
No comments:
Post a Comment