Дури денеска го открив бесплатниот сервис на Он.нет за гледање стриминг телевизија, http://www.zulu.mk/ наречен популарно Клик & Глеј - ... услугата е овозможена од пред нова година ...
ТВ Канали за да ги гледаш, не ти треба ништо друго осем релативно добра интернет врска ... дури не ни предобра ... рам над 500 мега ... и желба да го користиш бесплатниов сервис кој е во бета верзија ... е да ке заборавев потребно е да имаш инсталирано Adobe Flash Player :
Сепак е важно интернетот да ви е брз ... бидејки ако се уклучат два јузера на интернет кои користат стриминг или нешто друго што влече - тогаш стримингот почнува да сецка ...
- за пофалба е фактот што стримингот не е ограничен само на македонските интернет корисници - според моите информации, Zulu одлично функционира во Канада, Холандија, Ирак и САД (каде што беа забележани мали привремени прекини).
- Ваков сличен сервис кој нуди пренесување на видео програма на неколку македонски телевизии (Kанал 5, А1, Сител, К-15...) преку интернет протокол е My-Home-TV.com, кој функционира уште од 2007 година. Сервисот на почетокот исто така беше бесплатен, но подоцна беше воведен модел кој понуди претплата од околу 10 канадски долари месечно, или 55 канадски долари за 6 месеци, односно 110 CAD за 1 година.
- засега останува да уживате во бесплатните содржини кои имајте предвид дека не го "штедат" вашиот bandwidth. :-)
До кога Он.нет ке ни ја дава оваа услуга бесплатно ке видиме ... деновиве се објави дека Он.нет закупи лиценца за Ај-пи-ТВ ... се ми говори дека ова задоволство ке биде како и она бесплатното задоволство кое кратко го пушташе МТ на сетвисот My-Home-TV.com ... кој не е веќе бесплатен ...
На оваа страница ТВ зависниците ке најдат сепак една корисна бесплатна алатка ... која е денешната ТВ програма на неколку телевизиии, каде моменталната емисија трепка:
За крај, бесплатните работи ги има само во детските и социјалистичките/комунистичките приказни/фарси ...
No comments:
Post a Comment