Search This Blog

Tuesday, February 10, 2009

Аквадуктот го чуваат овците, пастирот и војската ... Барата е на старо место ...

Аквадуктот го чуваат овците, пастирот и војската ... Барата е на старо место ...

1.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt1Large.jpg?t=1234244543

И да врне и да вее и облачно нека е ... и нека дува А1 Ве чува ... и информира ... новинарката Силвана Јованова со камерманот на А1 во акција ...

читај повеќе »

На покана на новинарката ... од А1 вчера бев повторно на Аквадуктот во потрага по нова Фото сторија од Аквадуктот ... Моето дружење со Аквадуктот во Скопје, започна пред две години кога првпат одејки по Булеварот Словенија во изградба - го здогледав Аквадуктот ... се приближив и духовно се запознав со него ... ма привлече патината и ме опчини ... Си реков ете и јас по 53 години живот во Скопје доживеав ПРВПАТ да го видам со свои очи Аквадуктот ... Уште тогаш знаев дека моето дружење со Аквадуктот нема да биде последно ... во неколку наврати правев фото сесии, кои ги раскажав/прикажав на мојот блог ...

Искажував чудење и загриженост зошто Аквадуктот кој е симбол на првиот Водовод во Скопје (тоа е причината поради што е во логото на Скопскиот Водовод ... но и во Општината Бутел), не се имаат погрижено Аквадуктот да добие соодветна заштита/конзервација и презентација ... Општината Бутел веќе неколку години заедно со Градот Скопје и Конзерваторскиот Центар ... ветуваат дека ке направат нешто за Аквадуктот ... дека ке направат пристапен пат, ке го средат хортикултурно, археолошки длабински ке го истражат и конзервираат, ке го внесат во туристичка понуда ... можеби некој ресторант, продавница за сувенири ... Но, како што ке видите подолу сеуште сме на “ЌЕ,ЌЕ,ЌЕ ...“... судбоносно “ќе“ од нашиот транзиционен историјат ...

Овојпат бев најљубезно поканет од новинарката на А1, да бидам дел од нејзината приказна за Аквадуктот, која ке оди во некој нареден ден во утринската програма на А1 ... заради тоа беа трите последни поста за Аквадуктот, за да се присетам на моите подзаборавени фото стории кои останаа заробени во фото апаратот ... има барем уште две нераскажани/прикажани ...

2.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt2Large.jpg?t=1234246190

Го најдовме Аквадуктот на старо место, иако не ми беше јасно зошто моравме да одиме низ Касарната Илинден во придружба на војник, за на крај за да влеземе кај Аквадуктот - моравме да бараме дупка во оградата ... нејсе ...

3.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt4Large.jpg?t=1234246353

„Касета Азис“, беше почетокот на снимањето ... некој ја заборавил касетата во автомобилот ...

4.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt5Large.jpg?t=1234246482

По уште една авантура низ жицата, снимањето можеше да почне ...

5.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt39Large.jpg?t=1234248304

Археолог и Историчар на Уметност Госпоѓа Оливера Ѓекиќ ја даде својата изјава за историјата на Аквадуктот и неговото значение низ времето ... Интересна е нејзината лична приказна поврзана со Аквадуктот и Касарната Илинден ... таа е дете на инжињерец кој служел во Касарната Илинден од мајка београѓанка ... попат ни раскажа дека внатре во касарната се чувствува како дома, бидејки таа ја има посетувано касарната безброј пати од најраното детство до денеска ... Сега одвреме навреме преку Туристичкиот сојуз на град Скопје, каде е вработена носи туристички групи да го посетат Аквадуктот ... Има напишано и Монографија за Скопје, културно-туристички водич †Душата на Македонија ... Душата на Македонија ... ке морам да ја пронајдам да ја препрочитам ...

Јас ги напуштив за кратко за да направам некоја фотка ... болест за фотка ... Аквадуктот повторно беше пред мене од една страна и јас со мојот фото апарат од друга страна ...

6.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt3Large.jpg?t=1234249658

Денот не се погоди баш за сликање ... густите облаци се закануваа ... за добра фотка ке беше супер небото да е шарено ...

7.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt6Large.jpg?t=1234249810

8.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt7Large.jpg?t=1234249849

Аквадуктот е сеуште на старо место ...

9.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt42Large.jpg?t=1234251716

Барата е сеуште тука ...

10.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt8Large.jpg?t=1234250094

Видливите оштетувања на неколкуте столбови се сеуште тука ... страничното наклонување на сводовите е се` повидливо ...

11.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/8Bara11Large.jpg?t=1234252274

“Жабац“ - сведочи дека тука бара имало уште во 65-та година ...

11.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt9Large.jpg?t=1234250243

12.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt10Large.jpg?t=1234250314

Аквадуктот пркоси на забот на времето ... и мами со својата грациозност ...

13.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt41Large.jpg?t=1234251857

Мами да ја раскаже својата приказна ...

14.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt43Large.jpg?t=1234251933

На ова место јас почнав да ја раскажувам мојата граѓанска приказна ... дека навистина не е јасно зошто надлежните толку долго време го имаат запуштено овој маркантен архео-објект, на кој последен пат е интервенирало веднаш по земјотресот ... кога е сменето и течението на реката Серава, која пред тоа поминувала низ Топанско Поле, Чаир, Стара чаршија “Битпазар“ - за да во Вардар стигне кај сегашен Холидеј ИН:

Стара Серава кај Битпазар ... Вест

  • нејзините извори се наоѓаат на скопското подрачје, односно на југозападните падини на Скопска Црна Гора. Но, тоа не е еден извор, туку дури пет.
  • Најполноводна е Побушка река чии извори се и најдалеку во планината, а потоа минува крај селото Побожје.
  • На исток од неа е рекичката Турчевска,
  • а уште понаисток Љубанска рака, во која се влева Мала Река, во самото село Љубанци,
  • а некаде под селото се соединуваат сите наброени реки и така ја сочинуваат Радишка река, така наречена зашто подолу минува низ селото Радишани.
  • Овој букет од планински рекички ќе го надополни уште една мала река, а тоа е Љуботенска река, која минува низ истоименото село.
  • Не многу по напуштањето на селото Радишани и неговата клисура, Радишка река ќе навлезе во рамното и плодно бутелско поле, ќе го промени името во Серава и така, сечејќи го уште и Топанско поле и Скопје, се влевала во Вардар, кај Новиот мост, близу хотелот Скопје, сега Холидеј Ин.

Дека изворите на водата која се траспотирала преку Аквадуктот се смета дека се во Скопска Црна Гора:

  • според англискиот археолог Артур Џон Еванс, е изворот "Лавовац" кај селото Глуха (Глувово) на планината Карадаг (Скопска Црна Гора)
  • според Светозар Томиќ, е изворот наречен "Лаоац" или "Лавовец," во селото Глуово или Глуво во Скопска Црна Гора
  • според Данило КОЦЕВСКИ селата Глуво и Бразда (под селото Бањани и црквата Свети Никита). Местото од каде што извирала водата се нарекувало Лаовец, а во турскиот период постоела и мала зградичка (каптажа) која го заштитувала изворот. Ако и денес поминете низ селата Бразда и Глуво, ќе забележите интересна хидрографија, рекички од кои некои се спојуваат и продолжуваат долу, кон низината.
  • според Надежда Катаниќ и инж. Милан Гојковиќ се протега во должина од околу 7,5 км од Бразда до Касарната,
Дека аквадуктот е духовна инспирација за скопските уметници и музичари ... Леб и Сол направи тука спот/плакат/фото сесија ... Синтезис концерт ...

15.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt11Large.jpg?t=1234252929

Излагањето ми го прекинаа неочекуваните “посетителки“ на Аквадуктот, во придружба на пастирот “Асмир“ ... одпочеток срамежливо доручкувајки ни се приближуваа ...

16.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt13Large.jpg?t=1234253056

17.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt14Large.jpg?t=1234253091

Јас сепак продолжив со излагањето ... иако приметив дека “посетителките“ се стрчаа накај нас ... си велев во себе - мора да е многу интересна мојата приказна ... штом “посетителките“ се стрчаа да дојдат поблиску да ја чујат ...

18.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt15Large.jpg?t=1234253231

Се разочарав кога сватив каде се стрчале “посетителките“ ... блиската бара беше нивната цел ... нели кога јадеш ти треба и вода ... Пастирот “Асмир“ љубезно не информира дека “посетителкиве“ ја обожаваат водата од барава ... тој дома во трлото им донел вода од градскиот водовод - но тие не ја љубеле ... оваа барската им била по кејф ...

Си реков во себе, се` што ке створи Господ е поради некоја причина ... причината за оваа бара не е пукната цевка од римскиот водовод (како што некој духовито примети во коментар ...), туку вистинската корисна причина од барата е место каде овие “посетителки“ во музикално друштво на жабите - ке се напијат водичка ... се разбира делејки ја со барските птици ...

19.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt16Large.jpg

Барем видов ред кај “посетителкиве“ ... вода пиеа на смени ... за кратко престанав да ја раскажувам приказната, за да можат на рат да се напијат вода ... така ме учеше дедоми - дека во неколку работи никој не треба да биде реметен (спање, ср*ње, је*ање, јадење и вода пиење ...

20.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt17Large.jpg

На враќање сепак Верка и Мирка подзастанаа да слушнат за што ломотам ... а и да покажат што „шмизли“ се ... Јаготка се правеше важна божем несакаше да слушне за што тука се муабети, па ја беше свртила главата веројатно да не ја препознам ...

21.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt18Large.jpg

Се придружија и Стојна, Руса и Милка ... бидејки имав публика ја почнав одново приказната ...

22.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt19Large.jpg

Дотрчаа Васка и Калеша да не останат покуси ...

23.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt20Large.jpg

Божана им беше командант и ги тераше да ме слушаат со внимание ... џабе не стоела пред огледало утринава сат време ... па маникир, па педикир, па фризер ондтулација и трајна со благо шатирање ...

24.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt21Large.jpg

На Мрка и се здосади од приказната и им шепна на другите - море да си бркаме ние работа, овој ептен зајдува ... го отече ... види што убава тревичка онде не чека, да каснема па после и млекце ке дадеме ... ако поседиме уште малку тука ке ни стане љубоморен пастирот, ке зафучи со тоа стапот и после ке мора глоба да плаќаме ... башка треба да побрзаме да ја претрчаме Словенечка, зошто ако не фати Перо полицаецот ... отиде денот јабана ... пак ке бара џабе млеко ...

25.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt22Large.jpg

Мрка ми ја растури публиката ... онака неприметно тие продолжија да си бркаат работа ...

26.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt23Large.jpg

Гордиот Пастир ... цело време ни се смееше под брк ... во главата си велеше - абе овие се луди, оставиле работа ... дуќанот оној го затворил за да дојде тој на нас да ни раскажува за Аквадуктот ... па тој е НАШ, ние сме тука “од роѓење“ ... во мислите стално повторуваше - мора да се овие ајвани безработни ...

27.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt24Large.jpg

28.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt25Large.jpg

Пастирот на крај ми рече, а да доѓеш ти за Ѓурѓовдан да ти продам едно јагње - па господ да го видиш ... абе ово је квалитет, прва класа ... какви ХАСАП какви касап ... ја ке ти го закољем (еј, много волим клање ...), башка ке ти одвојим џигерица и бубрези ... ти знам вино ке донесеш и ке правимо ѓезме ... за мене ке оставиш само кожа и вуна ... тебе и онака не ти треба ... кожата ке го продам на Перо оној на Битпазар што прави гајда ... вуната ке дам на жена да сплете чарапи ... и за тебе ке сплете једни господ у зима да те види ...

29.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt26Large.jpg

Се поздравивме со пастирот ... тој задоволен за пазарот ... јас подзамислен, еј стварно овие иако беа овци - во право беа ...

30.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt27.jpg

31.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt28Large.jpg

Малку зашеметени од бројната публика сепак на крај се вративме на барата и аквадуктот ... сега ми е јасно за што муабетел господинот од реставраторскиот центар, дека “..они ископале одводен канал ...“... ене го горе ... ама брат пастирот одма го запреќал - кај друшките негови ке пијат така убаво вода ...

32.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt30Large.jpg

33.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt31Large.jpg

Да незнаев дека тоа позади е барата кај аквадуктот, ке помилев ова мора да е покрај некое езеро ...

34.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt34Large.jpg

35.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt38Large.jpg

Само што се насекирав дека некој го кутнал гнездото на барската птица ... сепак го здогледав ... приметив дека орелот кога ке се врати ке мора првин да го поправи гнездото ... но тоа за него е колај работа ... важно е водата/барата да е тука ...

36.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt35Large.jpg

Прескокувајки од камен на камен, завртив поглед да видам од каде доаѓа водата ... летно време овој дел е сув ...

37.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt36Large.jpg

Поточево излегуваше од густ шавар, што сигурно е знак за извор на вода ...

38.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt37Large.jpg

39.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt29Large.jpg

Пред разделбата повторно фрлив поглед кон Аквадуктот ... штета што времето беше тмурно ... ке имаше уште поубава фотографија ...

40.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt41Large.jpg

41.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt32Large.jpg

Како бонус на фотосесијата се појавија девојчињава на Аквадуктот ...

42.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/5Akvadukt33Large.jpg

Фото апаратот се подружи малку и со девојчињата ... еден, два, три - ко се лепше намести .... но целата приказна со девојчињата во некој друг пост ...

АКВАДУКТ – СКОПЈЕ

** Според едни, граден е во VI век за време на владеењето на Јустинијан за снабдување со вода на новиот град Јустинијана Прима, а според други во XV век, за време на владеењето на Иса-бег и Мустафа-паша.

  • Во 1669 година патописецот д-р Браун запишал дека "аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит".
  • историчарите го цитирале и познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан Прокопиј, според кого водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година.
  • Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли - ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во XV век.
  • бројот на неговите лаци: според некои тврдења нивниот број бил 200, па 60, а бројот од 55 лака е забележан и во Енциклопедијата на ликовните уметности објавена во Загреб во 1960 година.
  • преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли -ан и Сија-беговата џамија.

** Според едни истражувачи тоа е римска а според други Византиска градба. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи и овозможувал да биде доведена вода од Скопска Црна Гора.

  • сега со голема сигурност може да се тврди дека тој бил изграден во период на ропството под османлиите во 16 век, кога во Скопје се започнува со интензивно градење на амами и џамии, за чија градба и функционирање се потребни големи количества чиста вода.
  • Водата била преку аквадуктот дотурана од каптирани извори во Скопска Црна Гора.

** Мустафа-паша, градителот на една од најубавите џамии во Скопје, изградена во 1492 година, изградил и водовод.

  • податоците за создавањето на водоводот ги наоѓаме во вакафнамето на задужбината на Мустафа-паша датирано со 26.11.1514 година.
  • еднокатни надземни водопроводи
  • 55 свода кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа
  • 42 отвори за олеснување на ѕидната маса
  • 386 метри вкупната должинаСо примената на градежниот материјал со различен тоналитет постигната е извонредна живописност на објектот ...

Досегашни мои стории поврзани со аквадуктот:

  1. Барата кај Аквaдуктот во Скопје ... (Моја проширена фото сторија 03.Април.2007) ... 9 Февруари, 2009
  2. Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje (Моја фото сторија 03.Април.2007) ... 8 Февруари, 2009
  3. Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje ... 8 Февруари, 2009
  4. Касарната Илинден - нов станбен комплекс ... повторно кавга Град - Влада ... 20 Септември, 2008
  5. Дигитализација на националното наследство ... декември 18, 2007
  6. Серава ... ке се исчисти ... ке добие пешачка патека ... 17 Декември, 2007
  7. СЛОВЕНЕЧКА ... конечно ... 11 Октомври, 2007
  8. ВОДОВОД СКОПЈЕ ... 6 Јули, 2007
  9. ИЗВОР - на питка вода во Скупи ... 5 Јули, 2007
  10. АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш ... мај 09, 2007
  11. АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)... 7 Мај, 2007
  12. Аквадукт & Синтезис ... 5 Мај, 2007
  13. СИНТЕЗИС - афирмативни концерти ... 3 Мај, 2007
  14. СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба ... 24 Април, 2007

No comments:

Blog Archive

Site Meter