Search This Blog

Friday, February 13, 2009

Како да се утера некој денар повеќе во буџетската каса ... “Господ кога делел брада, најпрвин си створил за себе ...“...

Веќе неколку пати пишувам/повторувам дека позади секоја “идеја“ на владата се крие начин како да се утера некој денар повеќе во буџетската каса ... има неколку контиња во Министерството за Финасии кои се задолжени за овие мали финти - како да се доиспразни џебот на граѓанинот ...

читај повеќе »

Која од мерките да ја спомнам:

  • патриотските сметки/каси ... падна на Уставен, но граѓаните платија 5 милиона евра, ке платат уште толку за да го вратат системот по старо ... ќарот за државата е најмалку 18-те проценти ДДВ ... ќарот за изумителот на идејата е можна провизија ... но највеќе ќарија производителите на хартијата за фискални сметки ... најмалку 4 сантиметри е подлга секоја фискална сметка ...
  • данокот на вкупен приход за малите фирми ... и тој падна на Уставен ... ама се направи трошок за дупли пресметки ... па нови формулари ... сето тоа кошта а во сето тоа има ДДВ 18 проценти ...
  • секое ланско поскапување на нафтата носеше огромен екстра приход во буџетот од 18 проценти ДДВ ... државата не се откажа од екстраприходот, ниту го сочува за црни денови ... овие сегашните кога парите станаа скапи ...
  • реформирањето на начинот на примање на пензија, во голема мерка се сведе - пензионерите или банките да го сносат теретот на трансферот на парите и банкарската провизија, каде секако има и ДДВ ...
  • Бруто плата, цела плата е реформа не е заради граѓаните, туку заради државата ... се се врати на стариот систем од порано каде сега УЈП ја игра улогата на СОК или ЗПП ... основната идеја е да се приберат средства од компаниите и да се наполнат фондовските смети т.е. буџетот ...
  • пазарџиите едвај куртулија од фискализација ... ги спаси масовноста и јаките протести ... се разбира беа добро организирани ...
  • сите теткици кои продаваа цвеќе и нешто што ке им се роди во бавча - сега веќе ги нема ... кој им е крив кога не плаќаат ДДВ ...
  • секое ненавремено плаќање на обврските кон државата значи будење на лихварот во државата ... негативната камата ја имаат израчунато на дневна основа ...

Да се вратам на најновото сознание од денеска ... Влегува еден граѓанин во дуќанот и додека му бркам работа ме прашува: “Знаеш ли сошто државата ги забрани најлон кесите ...“... малку се подзамилив да не ме зеза нешто човекот, но сепак му реков: “Се разбира заради еколошки причини ...“... се секира државата за загрозената екологија ...

Кисело смешкајки се ми вели во заблуда си брат ... заради ДДВ-то на кесите е ... е големо ДДВ велам на два денари 18 % е мизерно мала сума - 0,36 дени ... Колку си наивен вели, колку кеси во еден ден арчи твојата фамилија кога пазарува ... се пресметав во себе велам отприлика 3 ... ај вика удри една пресметка на дигитронот ... Македонија има отприлика 500.000 фамилии мавни пута три кеси и пута 0,36 дени/за кеса ... што ти излезе на тоа дигитронот ми вели ... мавам јас и велам малку подзачудено 540.000,00 денари ... подели со 61.5 ... колку ке ти излезе прашува ... велам 8.780 евра велам ... мавни пута 360 - колку се вели ... 3.161.000 евра велам ... ете брат вика така се прави држава ... така се полни буџет ...

Државата ти е како евреин вели, заработува на ситно, ама долго и многупати реплицирано ... зема тоа што пазари му ја дадов фискалната сосе кесата и останав замислен ... Кај ли ги трошат сите овие пари кога нови работни места нема ... а толку сиромаштија ... се сетив дека вчера одејки низ град на десет возила видов два јаки џипа и ми светна ...

“Господ кога делел брада, најпрвин си створил за себе ...“...

2 comments:

Anonymous said...

A da bese malku popameten i da mu dadese predlog na "gragjaninot" tvoj da ne kupuvate poveke kesinja plasticni,ete na primer da upotrebuvate platneni,pa taka ke ja skratevte dobivkata na drzavata,voedno ke bevte i javen primer a sto e najbitno ke bevte akteri vo zacuvuvanjeto na zivotnata sredina,neli?

Photo Volan said...

Да бев ама не сум ... ако те интересира мојата транзициона историја ... прочитај го мојот денешен последен пост ...

поздрав и благодарам на коментарот ...

Е да, често давам предлози - но незнам колку допираат до оние кои реално ја имаат моќта ...

Blog Archive

Site Meter