На “соросоидите“ како што призна дека “со право?“ ве нарекуваат, веројатно не им е целта само да дебатираат и така да си ја “оправдаат дневницата“ кај Милчин ... ако е тоа вистина - примете го моето длабоко разочарување ...
Бидејки немам ништо против вредностите за кои се залагате спремен сум да Ви се приклучам на иницијативата, но од кога ке завршат изборите, се разбира ако нешто Ви значи мојата личност ... самиот приметив како прв коментар на твојот пост каде ја презентираше иницијативата, дека не ми се бендисува почетокот/темирањето на иницијативата во време на распишани избори ... изборниот процес започнува со денот на распишувањето на изборите ... дури и владата престана со нејзините кампањи од денот на распишувањето на изборите ...
Ова време треба да им се остави на партиите да се изборат за власта, тие имаат легитимитет во време на избори да ја побараат довербата од електоратот ... Мешањето на невладиниот и провладиниот “владино-невладин сектор“ - во време на избори чинам дека е грубо мешање во работата на партиите ... ке барам право на изум на тој израз (“владино-невладин сектор“) бидејки мислам дека прв јавно го употребив ... Експертски трибини на „владини невладини организации“ - четврток, август 07, 2008 ... гледам терминот се одомаќинил во толкава мера што дури и Претседателот го употребува ...
Македонија е моментално на најмалку два главни политички колосека/концепта ...
-- едниот е “Патриотскиот концепт“, кој се повеќе прераснува во националистички и расистички концепт, за кој се залага ВмроДпмне со своите сателити - користејки го (концептот) да се докопа до извршната, парламентарната и судската власт сосе полицијата/принудата ... овој концепт го подржуваат и таканаречените “владино невладини НВО-и“ кои се намножоја како печурки по дожд ... (не сум сретнал во светот невладини организации кои ја подржуваат работата на владата - тоа е изум на МК НВО-сектор, спонзориран од ВмроДпмне ...)... за овој концепт повеќе напишав во постот за - Фингирање/билдање на патриотизам до национализам ...
-- Ороводец на вториот концепт за “Европска Македонија“ е СДСМ ... Концептот беше представен на последните Парламентарни вонредни избори како главен концепт на “Коалицијата за Европска Македонија“ ... Концептот на изборите не го доби мнозинството, бидејки тој концепт го “продаваа“ веќе ислужени партијски кадри на СДСМ, каде поради самоувереноста на тогашниот лидер на СДСМ не беше пошироко верификуван од народот ...
Бидејки Милчин, нели “патриотите“ или како ти ги нарече “Македоноиди“ го поврзуваат со СДСМ (демек бил член на претседателството на СДСМ ...), се поставува оправдано прашањето дали целава иницијатива не е “масло/продолжена рака“ на СДСМ т.е. на Бранко Црвенковски ... Се додека не се ослободите од таа налепница од која тешко ке се ослободите бидејки Вие бевте главните интелектуалци на средбите/дијалозите кај претседателот, оваа иницијатива ке ја сметам како “Муабет на интелектуалци поврзани со СДСМ и Бранко Црвенковски ...“...
Се повеќе ми се чини дека во скоро време интелектуалците од двата колосека нема да седнат на иста заедничка маса на званична трибина или незнам што ... ке мора да се бараат “олеснувачи“ ... бидејки концепт на ВмроДпмне не е да полемизира и да “губи време“ со Вас и сличните на Вас тој не полемизира дури ни со СДСМ ... дури ни во време на избори ги избегнува дебатите и политичките соочувања ... ВмроДпмне комуницира со народот преку медиумите, го убедува дека неговиот концепт е вистинскиот ... дека тие вредно работат 24/7, ама ете резултатите ке каснат, бидејки му смета опозицијата, пртетседателот, уставниот суд и незнам кој се не ... во последно време им смеќаваше и Фуере и некои други авторитети на ЕУ ... некои дури се запрашуваат се поглесно а што бараме ние во таа “курва“ Европа ... итака нели ке се распадне ... па понатака а што ке ни го НАТО кога бараат таму да влеземе обесправени ... За среќа на ВмроДпмне тој концепт му успева ... народот гласаше за нив во огромен број на последните парламентарни избори ... се говори дека и овие избори ке ги добијат уверливо ...
За крај ке завршам со една мисла која веќе ја напишав во една друга прилика, дека Македонија припаѓа на граѓаните кои живеат во Македонија, таков е чинам и уставниот концепт на РМ ... Македонија не припаѓа ниту на “Македониоидите“, ниту на “Соросоидите“ или “Евроидите“ ... ова е апсолутна вистина ... и затоа мора да го одиме патот на ГРАЃАНСКА ДРЖАВА, со почитување и градење на правата на граѓанинот ... Концепт на национална држава во ваква “Рамковна Македонија“, сардисана со комшии со кои кај сите имаме по некој спор/отворена рана не е возможен ... тоа е само сон/идеал на некои луѓе кои вешто го користат за да дојдат до власта ... користејки го “истиот“ тој сон кој го сонувале генерациите пред нас ... забораваме како е декларирана Македонија во Крушевскиот Манифест ... Значи, концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствениот излез од политичката криза на Македонија ...
Политичката криза предизвикана од спротивставување/практикување на овие два концепта се повеќе е промотор и на економската криза, но тоа е друга тема ... или иста е ...
Во тој правец не гледам политички снаги во албанскиот камп кој би прифатиле ваков концепт ... или барем не гледам моќни политички снаги за таква идеја ... но, и МК кампус на политичките партии е тенок во тој правец ... тука е нашата мака и нашиот проблем ... без решавање на таков “историски договор на сите етникуми кои живееат во Македонија“ нема решение за МК јазол (горделив чвор ...)... на ова упатуваат сите ЕУ и САД авторитети ... но партијските челници се однесуваат кон тие примедби како кога ке му кажуваш на мало дете - во ено уво им влегува во друго им излегува ... тие си ја тераат својата агенда ...
Во Вашиот кампус на “Соросоиди“ гледам дека ви се приклучиле и интелектуалци од други националности ... што повеќе привлечете такви луѓе ке бидете поубедливи ...
No comments:
Post a Comment