Пред десетина дена читав неколку написи во хрватските медиуми - во кои се велеше дека Владата на Хрватска го укинува вториот пензиски фонд ... се` заради втерување на што повеќе пари во буџетот ... Си реков нема многу време да помине и во Македонија истиот лек ке биде побаран и од нашата Влада ...
Додека јас да се одлучам да го пишам написот, Министерот за Финасии на РМ веќе најави дека ке се преиспитува потребата од вториот и третиот пензиски фонд - во правец на нивно укинување ... Причината е едноставна, парите кои одат во вториот и третиот пензиски фонд досега и во наредните 15 години одат само во еден правец - во правец кон пензиските фондови ... првите исплати на пензиите треба да се случат за 15 години ...
Во услови на финасиска и економска криза, намалување на приливите во буџетот сосоема е нормално да се собере и тој одлив на финасиски средства ... Тоа ке значи удар на една реформа на која бевме приморани под притисок на меѓународните финасиски институции ... Менувањето пак на веќе договорени услови - ке значи негативен сигнал за странските инвеститори ... особено за банкарските странски инвестиции ...
No comments:
Post a Comment