Search This Blog

Friday, February 06, 2009

Сведмилк се продаде ... вкупниот долг на свидмилк 37 милиони евра ...


Свидмилк затвори една страница од одисејата штрајкови на фармерите ... Фабриката за преработка на млеко најде нов сопственик - во името на американско-израелскиот фонд „Феникс-енерџи“... на фармерите им е ветено скорешна исплата и продолжување на опткупот ...

читај повеќе »

Во сите западни земји добрите компании кога пропаѓаат заради некоја причина, веднаш ги презема новиот сопственик ... уфрлува свеж капитал и тера ... тука при купопродажбата испливаа неколку вистини: дека вкупниот долг на Свидмилк е 37 милиони евра ... према 2.455 фармери должи над 3,5 милиони евра ... имотот се проценува на 14,5 милиони евра ... побарува само неколку милиони евра ...

Ако знаеме дека новиот сопственик побара репрограмирање на долгот на Свидмилк кон нашите банки кој е поголема сума, тогаш вреди да се запрашаме како настана толкав долг на Свидмилк, зарем тука во сето ова нема арамилак и работа за специјалната полиција која се бави со финасиски криминал ...

Се ми се чини дека досјето со проблемите на Свидмилк не е завршено ... како колатерална и главна штета се фармерите кои сега веројатно ке добијат многу помали откупни цени ... а ние граѓаните ке добиеме поскап производ од млекарницата Свидмилк ... некој сето ова мора да го плати ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter