И овие избори повторно почнуваат да личат на борба меѓу:
- патриоти и предавници
- македоноиди и соросоиди
- минатото и иднина
- европеизација и антиквизација
- позицијата и опозиција
По малку ни здосади на сите да слушаме приказни дека не ни оди затоа што имаме издајници во нашите македонски редови, често организирани преку спонзорства од странски извори ... луѓе кои “не го сакаат“ нашето минато ... почнува да личи на премногу плачење дека ете сега ни смеќава опозицијата и тоа оваа најслабата опозиција во МК самостојно плурално општество ...
Власта конечно ке мора да се сврти кон себе и кон решавање на проблемите од кои се живее ...
- кон подигањето на стапката на вработеноста
- намалување на сиромаштијата
- зголемувањето на инвестиции
- изедначување на домашните со странските инвеститори
- штедење на буџетската потрошувачка која не носи развој ...
- Буџетот и изборите ... 28 Февруари, 2009
- Нова анкета ... Центар за истражување и креирање политики ... 27 Февруари, 2009
- Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ... 25 Февруари, 2009
- Иванов ја прифати тактиката на ВмроДпмне ... “Автобус демократија“ ... нема соочувања со противниците ... 24 Февруари, 2009
- Манипулација со изборна анкета на ИРИ ... Кој ја нарачува и плаќа анкетата кај ИРИ ... 19 Февруари, 2009
- Останати линкови поврзани со тематика од овие избори ...
5 comments:
Izvine batka ete povtorno jas,aj uste sega i ke dignam racna, da te olabavam malku,te udaviv.......za patrioti i predavnici ic da ne pravime muabet,SDSM dokazani bezkicmenjaci,nema mesto za muabet.....go procita nekni Geroski kaj tebe koga komentirase,demek daj bre Grujo tresni nekoe ime,ti teknuva,batkavo so kakva lesnotija i griza bi go smenil imeto.....dodeka ona deka vladata ke mora da se svrti kon sebe i kon resavanje na problemite,sosema e tocno.AMA,edno golemo ama, nitu vladava nitu sdsm nitu bilo koj ekspert da dojde,kako sto e sega svetskata ekonomija vo golema -recesija- nema da moze ni cekor napred da odi,pa kamoli da gi ispolni cetirite tvoi tocki,dodeka za pettata se slozuvam sosema,za stedenjeto......magicno stapce nemit, sto velet Ohrigjani.....taka da toa e toa....Pozdrav.
пријателче, не ги биравме за да ни кажуват приказни пред спиење (Борис мајсторов чинам го паметиш ...)... ги биравме да ги решаваат реалните проблеми ... трета година по ред се на власт а во последните 11, седма ...
нека ги решават проблемите инаку ке бидат “исшутирани“ ...
не гледам разлика меѓу моето и твоето мислење ... и јас и ти сме против промена на името ... ама сакаме леб за нас и нашите фамилии, пријатели, роднини, комшии сограѓани ...
Da,da sto i edna prikazna,vo 19 casot....si go zaboravil Nikola Avtovski......i zaboravigo ona vreme so onoj bugarinot Ljubco....ova e druga ekipa(barem jas taka mislam)...ti teknuva sto pisuvase deka danocite,novite taksi ke go unistat maloto stopanstvo...tuka se resavaat problemite,tuka imeto ne igra uloga,vo preureduvanjeto na stopanstvoto imeto ne igra uloga isto i vo agrarot,koga se privatizirase elektrostopanstvo,makedonski telekomunikacii na stranskite kupuvaci imeto ne im igrase uloga,grcite koi se najgolemite investitori -imeto ne im smeta-znaci koga se ima profit sve drugo e irelevantno.....taka da tezata na sdsm a koja gledam i ti ja turkas deka so promena na imeto ke dojdat i investiciite e na stakleni noze.......a baske e dali grcite ke go prifatat toa sto nie bi go prifatile.....pa covece bozji za niv nie ne postoime kako makedonci,plus sakaat i da ne postoime i za celiot svet,grcite vo severniot del gi napravija makedonci (2.5 mil),sto drugo da ti kazam batka ti moze si podobro upaten....ali nema veze, da ne te davam....bidi mi pozdraven.
никојпат не сум бил за промена на името ... само така ти изгледа ...
јас само барам тие кои се на власт да ги решаваат проблемите и да не плачат ...
гледам само плачење дека им смеќавал овој оној ... а проблемите остануваат ...
Штом го паметиш Никола Автовски и Борис Мајсторов - значи тука си генерација ...
поздрав.
Post a Comment