Груевски никојпат не рекол дека не е за компромис околу името ... дури ставовите со Црвенковски му се скоро исти ... се разликуваат во тактичкиот пристап ... да подсетам дека во Букурешт замина со компромисен предлог кој Грција не го прифати ...
Еве што Груевски изјавил на 11. Меѓународна балканска конференција „Македонија на патот кон НАТО и Европската унија“ кој вчера се одржуваше во Охрид:
- „Македонија е подготвена на компромис во решавањето на билатералниот спор за името со Грција кој нема да ги загрози нејзините национални интереси и националното достоинство“.
- Груевски побара единство кај партиите во Македоија за начинот на решавање на овој проблем - кој е приоритет и за самиот Груевски ... како и интегрирањето во ЕУ и НАТО ...
- Груевски заборави дека на седница на Собранието има заклучок за подготвување на заедничка Национална стратегија за решавање на овој ирационален спор ... дали Груевски со горната изјава најавува дека е за таква заедничка стратегија ...
- Кантонизација и федерализација на Македонија ... КАДЕ ОДИШ МАКЕДОНИЈО - втор дел ... 20 Февруари, 2009
- Обама праќа конгресмени во Грција ... во Македонија не ги гледам ... Која е пораката на администрацијата на Обама ... 18 Февруари, 2009
- Груевски - за проблемот околу името и спорот со Грција ... за надворешната позиција на Македонија во овој момент ... 16 Февруари, 2009
- Груевски - изјава за спомениците во центарот на Скопје ... 15 Февруари, 2009
- НАТО е „семеен бизнис“ ... Македонија не е поканета на самитот на НАТО во Стразбург ... 29 Јануари, 2009
- Словенските VS Aнтичките корени ... 28 Јануари, 2009
- Останати мои написи поврзани за спорот со името, идентитетот и ЕУ и НАТО интеграциите ...
8 comments:
Gruevski vo Bukurest zamina so predlog zatoa sto bese siguren deka grcistava nema da prifatat,verovatno bil informiran i kako sto se pokaza denovive deka juzniot sosed veke imal dogovoreno veto,tocno e deka prakticno stavovite na vladata i opozicijate malku se razlikuvaat,no vo sustina sepak ima ogromna razlika,kako vo retorikata,so toa sto VMRO-dpmne e za referendum,sto e sosema normalno dodeka ovie drugive batka ke potpisat kako sakaat grcive,barem kako takvi se prikazuvaat.Mora da se priznae deka priodot kon kompromisno resenie na imeto,od strana na VMRO e mnogu vnimatelen,zatoa sto da go promenis imeto pod pritisok i uceni,posebno od eden sosed koj ne te priznava kako makedonec,navistina bara da imas "madinja" - so toa sto bilo koj da e i kakvi li ne uspesi da postigne vo ekonomskiot razvitok na zemjava so samoto soglasuvanje na promena na imeto avtomatski e gubitnik,barem od moja gledna tocka.Inaku da potsetam edno nesto na koe mnogu ne mu se obrnuva vnimanie.....veke ednas go imame promeneto imeto,vo ustavot na imeto Makedonija e dodadena dodavkata -Republika-.......
Има резон твоето размислување ...
Еј, кај си бе, Волан?
Леле паника!!! Овој анонимусов не може да навтаса, шета по блогои и пише коментари за да го оправда црни Грујо.
Него, нели ти реков дека и Груевски ќе го носиме по трибини? Те ги откажа Македоноидите, те ќе прави компромис за името...
Се разбира, правилно забележуваш дека чоекот прв пат вака јасно зборува за компромис. Уф, колку тежок збор да се изговори.
Е сега, спинерите мора да го вадат. Читам наслови: компромис, ама не пом секоја цена! Хе-хе-хе...пази ваму, не по секоја цена. А по која цена? Има дискаунт, сезонски попуст?
Кој расправа за цена, веќе тргува.
А бре, нека биде муж, па нека фркне јасен и гласен предлог за компромис, гранитна позиција, па сите да го поддржиме, па да почнат со нас у Брисел муабет...па да се обединиме околу предлогот, море и козарачко коло да му заигхраме...хе-хе-хе...
Само, знаеш и самиот, не е Грујо тој формат. Кажа што кажа, сега цела недела ќе се оправдува.
Е, тоа ти е.
За Прилеп ли го планирате Груевски ... Туку како поминавте во Кичево ?? ... имаше индиции дека и таму ке го оберете бостанот :) ...
А за компромисот - ке видиме ... Груевски е меѓу чекан и наковална што самиот ги подготви ...
Volan,izvini ama ne mozam a da ne napisam,nema vregjanje.....ovoj "kolegata" tvoj, navistina ne vredi da se komentira,epten e "siromase" i "proziren",tapa e......da ve sporedi covek,vie ste dva razlicni sveta.
широко блогерско поле ... секој со својот ум ...
Волан, во Кичево пројдовме супер. Дојдоа едно триесет како овој анонимниов, се изназбореа, се изнавикаа, навредуваа...знаеш, толку им сече. Ние ги кутнавме со аргументи. Кога им секна пена во устите, станаа и си заминаа, организирано. После останаа пристојни кичевчани, со кои разговаравме уште некое време. На крајот добивме аплауз и покана пак да дојдеме во Кичево. Ета, така беше...штета што не беше таму.
Значи вистинската дебата се случи во Кичево ... касните со извешатаи ... :)
Post a Comment