Search This Blog

Thursday, February 19, 2009

“Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/36Large-5.jpg https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEiNlOd7ePccBnOCKNjysSjqZvKYt4S19s2MaXx3-S9JsiSQ-4bAHuauaS95g5bZSSGMV8d4NitKOjR4UqiRrYZTqaeHPpFF-wpbinO7RoznMCOqRL1N6Zu5I2EOA3pdPmKpGH8hyphenhyphenA/s400/DSC_0005.JPG


Денеска по редот на возење на Движењето Граѓани за Европска Македонија предводени од иницијаторите на ова граѓанско движење и авторите на Манифестот за европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Жарко Трајаноски, Владимир Милчин и Роберто Беличанец), требаше да се одржи трибина во Струга ... но како што јавија медиумите, група насилници не дозволиле да се одржи трибината во градот на поезијата ...

читај повеќе »

17.02.2009 (вторник), Битола, Младински културен центар 17,00
18.02.2009 (среда), Куманово, сала на Совет на Општина Куманово 17,00
19.02.2009 (четврток), Струга, Дом на културата 17,00
20.02.2009 (петок), Кичево, Дом на културата 17,00

Ова беше втора недела на нивното делување ... Во првата недела без поголеми проблеми беа одржани трибини во:

10 февруари (вторник) во 18 ч. – Скопје, Детски театарски центар
11 февруари (среда) во 18 ч. – Велес, голема сала на општина Велес
12 февруари (четврток) во 18 ч. – Штип
13 февруари (петок) во 18 ч. – Струмица, Дом на АРМ

На трибината во Штип на покана на организаторот бев гостин - за што пишав пост ...

Вакво грубо кршење на правото на говор воопшто не е добро, за нашето представување пред ЕУ како демократска земја ... секој има право да говори ... веројатно ова е истата група што пред неколку години го држеше Бучковски затвортен чинам во истите простории ... Ова уште повеќе ја засилува мојата потреба да ја подржам оваа иницијатива ... или не, тоа беше во седиштето на СДСМ во Струга ...

Едит ... Соопштение од организаторите:

Почитувани,

Вчера, во 17 часот, во Домот на културата во Струга, беше закажана трибина на нашата инцијатива Граѓани за европска Македонија. Дојдовме во Струга со добра волја и со искрена намера со стружани да поразговараме за европските перспективи на Македонија. Не пречекаа стотина граѓани од овој град, но и граѓани на Дебар и Охрид, кои дојдоа да учествуваат на трибината.
За жал, група од дваеесеттина присутни, дојдени со очигледна намера да го спречат нашиот дијалог со стружани и да предизвикаат инцидент, почнаа да се однесуваат насилно, брутално навредувајќи не и заканувајќи ни се дека од Струга жива глава нема да извлечеме. Да биде уште пострашно, инцидентот се закануваше да премине во вербална, а бездруго и физичка пресметка меѓу присутните. За атмосферата во која требаше да почне оваа трибина живо сведочат и видео-снимките што нашиот снимател успеа да ги сними, соочен со остри закани и притисоци.
Увидувајќи дека настанот може да прерасне во сериозен инцидент, каков што не му е потребен на градот каде што меѓуетничките тензии еруптираа во изминатите недели, решивме да ја откажеме трибината и да им се извиниме на добронамерните учесници. Во однесувањето на хулиганите лесно препознавме сценарио подготвено во партиско-полициски штабови нашата трибина да се престори во уште една кавга и крвав пир меѓу Стружани.
За инцидентот веднаш го известивме градоначалникот на Струга, господинот Размиз Мерко. Во разговорот со него, изразивме длабоко разочарување што вакво нешто воопшто може да се случи во Струга, градот кој со децении беше домаќин на поети и на добронамерни луѓе. Господинот Мерко не извести дека градските власти добро ги знаат луѓето кои смислено се обидуваат да внесат немир. Ако навистина е така, очекуваме локалната власт и централната власт заеднички да ги пронајдат налогодавците и организаторите на овој инцидент, кој ја срамоти Струга.
Исто така, сакаме да нагласиме дека со вакви монтировки и нецивилизрано однесување, организирани од недобронамерни луѓе и мотивирани од политикантски причини, не се создава демократски амбиент пред претстојните избори, кои за Македонија се клучен тест за демократијата и за нејзиниот напредок кон Европа.

Жарко Трајаноски
Никола Гелевски
Мерсел Биљали
Бранко Героски
Роберто Беличанец
Владимир Милчин

4 comments:

Serdar Von Makedon said...

На која трибина или предавање за злосторствата извршени од страна на Грчката држава (особено на монархо-фашистичкиот режим) за време на балканските и светските војни, како и граѓанската војна, врз Македонци и други кои одбиваа да се декларираат како Елини, ви го забранија правото на говор?

Колку такви трибини имате позади себе?

Како не ви е срам?

Anonymous said...

Najposle ovie "talentiranite" "sorosoidi" si go dobija sto zasluzija,preteraa so jadenje burek.......inaku Serdar Von Makedon mnogu ubavo napisal,da si mi ziv i zdrav batka,znaes kako vikaat .... od kal da si,egeec da si .....inaku demokratija ne znaci sekoj idiot da moze da treska sto saka i kade saka, vo ime na istata.

Anonymous said...

Агресивните ‘фаланги‘ кои ве пречекале и во Струга и во Кичево се продолжена рака и одличје на недемократски, деспотски и авторитарни режими. Само храбро и напред!

Photo Volan said...

зарем и во кичево слично било ... ? не сум во тек ??

Blog Archive

Site Meter